Изразито светлите не потемнуваат. Ама ако немаат одредена боја на почеток, ако се тегет, големи се шансите да станат кафени. Генерално ирисот нема пигмент при раѓањето, некаде околу 6 месец го добива. За детето да има сини очи, генот мора да го има од двете страни, бидејќи сината боја рецесивно се наследува, т.е мора да го има рецесивниот ген од двајцата родители. Ако е само од едниот, детето ќе има боја на очи каква што има доминантниот ген. Ако се роди со темни очи, тегет, тогаш скоро невозможни се шансите дека ќе има светлосини очи. Мм има небесно сини очи, децава ниедно не наследија, иако имам ген за сини очи од моја страна, големиот има зелено кафеави, т.н, лешник боја со пеги, а малово темнокафени скоро црни како моите.
Јас имам другарка со црни, а нејзините се со светли очи... тоа е уште поретко, брат и е со светли.. она си фатила некој ген. А доста родители знам кои се со кафени, а децата им се со сини очи. Детенце роднина имаме, он е сега 10г.. и има ептен уникатни тегет очи, значи онаа темно сина боја каква што имаат бебињата кога ке се родат..
Јас до 3 години сум имала сини очи, мислеле така ќе ми останат... На 3 години ми се промениле во зелени. Сите се чудело од каде плави, после дури сфатиле дека баба ми има плави. Сега го испарашав дечко ми дали има плавооки во неговата фамилија, вика немало... Останува да се надевам, руски гени, можда ќе се појави некое плавооко од некаде
Јас и брат ми имавме преубави светло зелени очи како мали, сега моите се светло кафени, на сонце како мед боја светли ми се, а брат ми темно зелени со кафени мешани. Тато има зелени, мама темно кафени. И моите се чуделе како после 3-4г почнале да ни се менуваат ама изгледа се случува.
око убаво ќе и останат сини на мое бебе беа и потемни и сега и осветлија. Дури и косата. Плавуша ми станува
Tuuuuu celo vreme imase nekoja nijansa na modro so svetlo zeleno, denes setame i ja opece onaka ubavo sonce i gledam kafeavi za dzabe se ponadevav mislev ke fati nekoj gen od dedo i za sini oci ali jas i maz mi so kafeavi sme … nisto
На мојот иссто така му беа али сега на светло му се мешани зелено му е од страните внатре кафено али светло кафено. Обично луѓето со светло кафени очи им прелеваат на зелено
Пу пу какви и се најубави. Јас кога сум се родила и кога ме однеле кај мајка ми, само што дум отворила очиња ми биле кристално плави. Негде кај 3-4 години ми се менуваат во зелени и еве ги уште се такви Од на мама фамилијата 99% се со светли очи, од кај тато де мешани (баба беше со едно сино око а другото во две бои) Мм е црн со темни очи, свекрвица плаво око милина, којзнае какви би имале децата наши. Само да им се здрави пред се.
За 2 дена правиме 4 месеци, можи вака порано да и се сменат очињата? Дека велат после 6 месеци... Последниве денови зелени и се темно, а плави имаше досега
I na moeto bebe ocinjata mu se sivi, veke tri meseci pominaa ne mu se smenija, i neka ne mu se menjaat brat mi ima sivi oci mnogu ubavi i neobicni
Прикачувам слика од очиња на беба 3 месеци. Вие што имате светлооки деца, што мислите како ќе се движи оваа боја на очиња
Брат ми има баш вакви. Јас сум со зелени, со малку кафенки цртки, татко ми зелено-сиви, свекор е со зелено - плави, девер ми со плави. Какви ќе има синко баш ќе видиме. Гледаш му сменат во кафено како на маж ми. Кај вас како е?