Кај нас сме сите со кафеави, само татко ми е со сини па синко има зелени...јас сите ги убедував дека ќе се му сменат ама не бев во право, му останаа зелени
Бебе се роди со црни очи не ѝ се познаваше зеницата. Сега има 6 и пол месеци и стануваат посветли, ама се некоја неодредена боја, некогаш изгледаат кафеави, а некогаш темно зелени. Јас имам зелени очи, татко ѝ темно кафеави. Сигурна сум 99% дека кафеави ќе ѝ бидат ама сепак 1% се надевам дека ќе ѝ се зелени. Мислам дека темни очи не можат да осветлат.
Мајки бебе е 3 месеци.Очите и се како сивкасти,некоја неодредена боја.Сега гледам на светло зеленкасти,има ли шанси да осветлат или тешко.Маж ми има кафеави, а јас зелени светли.
Тешко златна И јас на истово се надевав, сега црни очи има. Ни кафеави, ни зелени. Црна маслинка, од кај ѝ се, појма неам
Имаше светло сиви докај 3-4 месеци, леле прекрасни и беа. Ама мајка ми ме утепа тогаш, вика на кој бе сиви, недефинирани се уште. И бам на 5ти месец црни
По доминантен ген е темниот  За првото се надевав светли ама ништо,сега и второто темни.Какви и да се,нека се живи и здрави
Јас уште се надевам темно плавово дека ќе сврти на светло плаво на татко му ама на моменти вртат на кафеавкасто, јас имам светло кафени... Ај бар косава плава нека не му смени на кафено темно
И моиве исто почнувале со плавки па накај светло зелено сивкасто за после 6 месец веќе да станат кафени. Малово најмногу шанси имаше да и останат светли ама ништо еве ја 8м и веќе затемнеа, не се скроз кафени ама па не се ни светли. Мм има светло плави очи му викам е 3то дете мора да фати твој ген, ама тоа е кафениве се дефинитивно со појаки гени. Нека ни се живи и здрви само.
Првото со сивкасти се роди па има темно кафеави. Јас светло кафеави, мм темно плави. Второво со светли се роди и сега му се како плаво-зелени, ама изгледа зелени ќе му бидат уште малку 7 месеци.
Па дури и после 1г е конечна боја. Имаме кумашинче кое се роди со сини светли, накај 3м дојдоа зеленко, накај 9м некоја светла кафена и сега има скроз кафени очиња
После 1година,ќерка ми се роди со плави,па кај 6 месеци и станаа зелени(како на мм) и на 1година кафени како моите