Епа ова ако смени на кафено ќе биде феномен хахаха Плави преубави и се @hristini6te95 преголеми шанси се да останат, на моето од раѓање беа темно мастилно плави, знаев дека нема да осветли
Светли ќе бидат верувам, на син ми вака 6 месеци плави беа, малку потемни од вашите, ама зелени му станаа во период од неколку години.
Многу убава боја... Јас па колку се разочарав, се роди со плави, смени на кафеави. Татко и цела негова фамилија со плави очи. Кај мене од таткова страна цела фамилија со плави очи, јас со зелени... Бебе кафеави... Тоа е да е здрава и жива
Не се разочарувајте за кафени очи, па и тие имаат посебна убавина. Маж ми има зелени јас кафени. Единствена замисла за бебе ми беше да има зелени како него, зашто зелените се најретка боја на очи. И нормално она е копија негова само очите и се кафени на мене. Ама ко вервериче ми е
Замениле ѝ го детето во болница Се зезам. Можно е ако некој од баба или дедо да има кафеави и бебето од нив да добие ген за кафени очи
Заборавив да кажам дека мајка ми има кафеави, најтемно кафеави на свет. Да јас сум со зелени hazel, пола моја фамилија се со плави очи и цела фамилија од таткова страна се со плави. Бабата е крива Барем ко моите да имаше...
Не е можно тоа. Можно е обратно, ако двајцата родители имаат кафеави очи бебето да има зелени или плави.
Исто.. ако нешто имав желба, тоа беа очињата. И поголемото детенце нема плави, еве сега полека се разочарувам и со второто
Ќе останат. Моето се роди со темно сини, по 2м скроз му осветлеа и му се избистрија. Еве една годинка, уште се така Спојлер: Око мое
Лелее, кога збориме за очи, и мене најголема желба ми е да и останат плави како на мм. Цел живот тоа му зборам, дека од него само тоа да има, ама изгледа и карактерот ќе е цела на него Спојлер