Зелено-кафени ми се. Можеби не се уникатни или ретки,ама што е мое,мое е. Природата не’ создала како што мислела дека сме најубави. Секоја боја на очи е убава на свој начин. Не е важно каква боја на очи имаш,важно е да гледаш.
Ги сакам сините очи и сини кои се прелеваат во смарагдно зелени. Кафеавите изгледаат убаво ако постои контраст - светла коса, изразито светла кожа...
Еднаш кажав и пак ќе кажам. Секоја боја на очи е убава на свој начин. Не е важно какви очи имаш, важно е да гледаш. Инаку имам кафено-зелени, зелено-кафени, маслинести или како и да се викаат. Не се ретки, ама сепак си ги сакам. Можеби некому нема му се допаднат што е нормално,ама не можеш на сите да им угодиш. Сепак природата не’ создала како што мислела дека сме најубави.
Имам зелени очи А кај машко ме привлекуваат темни очи На поглед 'паѓам'. Не џабе рекле - очите се огледало на душата! А строго одбивни ми биле плавооки машки :/ Додека сите девојќи полудуваа по такви јас . Не знам зошто. А најмалото синче ми е плавооко, средниот зеленоок.
Јас имам чудна боја на очи, и многу ми се менува според светлината. Помеѓу кафеаво и зелено ми се, понекогаш и златно/жолти нијанси. Никогаш не можам точно да ги доловам на слика.
Многу темно кафени.. Во зимски период накај црни дури.. Син ми така вели кутриот.. Мамо твпјте се блек очи, мојте браун, од тато блу