јас имам потемно сини очи некоја чудна боја и сите ме прашуваат дали носам леќи никој не ми верува дека се моите сопствени очи,си ги сакам моите и никаква друга боја а во фамилијата повеке се кафенооки
Моите се така, зелено-сини На сонце или кога носам сина или розова маица, изгледаат дека се сини, а на потемно на зелено одат.
Ми се менува бојата, кафеаво- зелени а на светло , преку ден ептен зелени и кога плачам многу зелени станат Како стаклени ми се
Како мала имав кафени очи, но толку многу сакав да имам зелени што сите ги убедував дека ми е зелени, а не кафени. Па кога започнав да влегувам во пубертет најверојатно поради некоја игра на хормоните, или поради зголеменото присуство на лаги , почнаа да ми позеленуваат. Сега речиси целосно ми се зелени.