Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот против високите цени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maaraa96, 21 јануари 2025.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.064
    Допаѓања:
    12.800
    На секој работник треба платата да му скокне за 100 евра, за да се дише полесно. Најчесто пазарам во Стокомак, се научив на производите, кое каде стои, а одам и во Дим поради едни сирења што таму ги има. Е сега, во Дим секогаш сметката е повисока. Дел од храната ја произведуваме и имаме. Јака им душа на тие со минималец во зграда, каде нема ни двор за да засади нешто. Мене дури и ми е чудно некогаш како опстанува овој народ.
     
    На troublemaker94 и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    605
    Пол:
    Женски
    Македончето од пуста радозналост ќе отиде во петок во маркет за да види дали има луѓе низ маркетите..
    И успат ке си купи нешто.
     
    На butterfly6223, Rock\m/girl, Manako2 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    12.707
    Пол:
    Машки
    Да е од “чиста радозналност” арно, него имам чувство дека многумина за инает ќе одат. Колку да докажат дека ситуацијата е безвеза.
     
    На la.malparida, Manako2, troublemaker94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од ваквиот предлог, јас ЛИЧНО решив да бојкотирам повеќе денови. можеби има и други како мене :) Ова кај за поддршка на акцијата, таму и за поја подобра финансиска организираност. Имено, гледам да пазарам за цела недела, обично тоа го правам за викенд, ама во понеделник, вторник, среда...се ми текнува дека нешто итно ми спотребало и одам до продавница, ама оттаму наместо со тој еден производ, се враќам со потрошена 1000-ка. Така да, јас почнувам од денес, до сабота. И за мое добро, и за поддршка. (y)
     
    На la.malparida, butterfly6223, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.746
    Допаѓања:
    11.158
    Пол:
    Женски
    100 евра не е ништо за да се покачи на оваа криза. Многу е скапо веќе, посебно храна, и сметки. На просјачки стап ќе не доведат. Ова е лудило невидено, не сотреа.
    Јас кажав и сеуште стојам на тоа дека кај нас ќе нема многу ефект.
    Ние не сме како другите земји.
    Србија ја следам за незгодата што се случи, какви протести креваат, реки од народ. А кај нас се ни е пуно и рамно, каде немаме па уште и се правиме на трииполка.

    Кај нас досега требаше за многу работи протести да има, за здравство, убиства последно со Вања, воздух, има кај нас за многу нешта да се зборува и бунтува ама ние сме народ само глава што ведне и слуша и дреме по штабови :puke:
     
    На christinnn, la.malparida, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Машки
    Џабе ни е се кога сме народ „ќути има и полошо“. Полошо од ова не знам да има било каде, сите од соседите ни се општествено многу поактивни. Србиве ако треба и за најмала ситница ќе излезат, ние и покрај толкави причини си седиме дома и чекаме само нешто да се смени. Иницијативата воопшто ми нема логика, наместо во петок сите ќе појдат во четврток и како што ни е народот паничар, тродупло ќе купи од тоа што му треба и пак газдите се во плус, ама ќе ја почитувам и јас затоа што ме радува тоа што народот конечно почна да се буди.
     
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.485
    Пол:
    Женски
    А што мислите, во Србија и Хрватска немаше тикви што одеа во маркети да покажат дека се прејаки и дека акцијата ќе пропадне?

    Ми искачаа одговори на такви видеа на тик ток, партал ги направија тие што тераа инает и баш тогаш пазареа. Па уште и хехенца, демек еве одма на каса се стига.

    И во Србија има поттрчковци на Вучич, контра протести и се што има кај нас, сепак е Грујова школа типот.

    Доволно е вие во Петок да бидете на правилната страна на историјата, за другите не се замарајте.
     
    На Keiner, christinnn, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Машки
    Ајде, па и кај нас да си дочекаме вака

    Screenshot_20250129_103458_Chrome.jpg
     
    На maaraa96 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.239
    Пол:
    Женски
    Надвор ги слушам пензионериве и некои млади. Немаат намера да бојкотираат. А, бе, со стап по глава за вакви. |(
    Без слога никад нема да нè биде.
     
    На eliesaab, Amelia, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Машки
    Никаков корист нема да има, како за короната, ден пред бојкотот за брашно и за газ папир ќе се тепаат.
     
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.308
    Допаѓања:
    170.591
    Пол:
    Женски
    Не само со стап по глава , туку и живи да ги запалиме на плоштад.

    Боже господи какви идеи имаш:|
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    5.020
    Пол:
    Машки
    Барем да се проба ако не, па ќе видиме како ќе тера.
     
    На nextredstyle и DS10 им се допаѓа ова.
  14. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    4.275
    Пол:
    Женски
    Јас гарантирам дека ние сме таков народ што во четврток сите ќе се акнат на купување како да е последен ден , така да за петок прометот ќе биде направен во четврток :)
     
    На SummerGirl, kikin, fashion-addict и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.239
    Пол:
    Женски
    Твој проблем е како го сфаќаш пишаното.
    А, на тие што нема да бојкотираат треба да им биде срам.
    Додека нема слога меѓу народот, и бизнисите и властите ќе си прават што сакаат.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.664
    Пол:
    Машки
    Не е до тоа.
    Просто не може сите да мислат еднакво, доволно е да има критична маса.
    Има луѓе со високи плати кои не се замараат со бојкот. И луѓе со разни обврски кои ете баш во петок имаат слободно време да испазарат.
    Вистински бојкот се прави со некупување на конкретните скапи производи, а не со 1 ден некупување и утредента надокнадување.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.239
    Пол:
    Женски
    А, бе, почеток е.
    Па, понатаму да се зголемува со повеќедневен бојкот. Па и со протести на улиците.
    Секој може да се снајде да купи нешто во ден кога не се бојкотира. Секој има маркет во близина на домот ако нема време да оди подалеку.
    А и тие со високи плати треба да се замараат. Имаат блиски со помали плати и треба ради нив да бидат дел од бојкотот.
    Треба да се престане со себичноста.
     
    На Amelia и Mrs. right им се допаѓа ова.
  18. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.664
    Пол:
    Машки
    Нема да се замараат. Ти ако земаш пр. 2000-3000 евра месечно (а има такви), ќе се замараш дека таму некој бојкотира нешто? Нема.
    Инаку се разбираме, нека се почне, па да видиме како ќе оди. Реално високи цени има и по кафани, дрогерии, услужни дејности...
     
    На Anyshka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.239
    Пол:
    Женски
    Јас би се замарала. До човекот е.
    Само кога ќе сфатиме...
     
    На eliesaab и FreeToGo им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав дека богатите не се замараат. Не им менува ништо покачувањето на цените.

    (facepalm)

    IMG_20250129_151318.jpg
     
    На EvAngelos, Cosmic Girl, FreeToGo и 1 друга личност им се допаѓа ова.