За жал не верувам дека протестов ќе има некој ефект кај нас.Од инат ќе одат по маркети во петок.До зградата моја има маркет, тука се собираат пензионери и пијат пиво секој ден тешко дека петок нема да одат.Се надевам дека грешам и ќе смениме нешто ама искрено не верувам.
Јас и моето семејство бојкотираме до понеделник. Денес само купивме леб и толку ќе биде до понеделник. Ние сме за да не се влегува и цела недела искрено ја претераа со цените. Освен тоа што вчера си купивме овошје и зеленчук за салата за јадење имаме се па и цел месец да не одиме на пазарење
Знам дека и 100 евра се малку, ама па сметај дека работодавачите пред средбата во Влада за минималецот негодуваа за покачување од 1.800 денари, за 30 евра. Нема да дадат 100 евра во никој случај.
Ние дома слабо јадеме леб искрено имаме повеќе од пола од вчера и денес купивме уште еден. Нас ни е доволно еден леб за три дена. Купуваме црн леб од жито лукс со 6 семиња има рок и не се суши. Сега некој јадат од 3 до 5 леба на ден, секој си планира колку му е доволно
Awwww Кај другите не проверив. Сега се враќам од Стокомак (купив само 2 работи, затоа што ги бојкотирам) и се на се, имаше 3-ца во цел маркет. Мајка ми исто била пред малку во Кам, 7 души со се касиерките. Едит: Сега гледам дека и Тинекс и Веро ги избришале сите постови до јануари 2023. Што е работава?
До 2023? Па не постоеле цени пред тоа де, за да можеш да споредиш ваљда И тоа што памтиш дека било поефтино, уствари ти се сонило Е сега, кој да знае-финансиски биланс е јавно достапен, а профит е профит. Значи профит- си набавил производи, си платил вработени, давачки- е тоа што ти останало, се вика профит. Не чини системов глобално другари
Го подржувам протестов. Нека реагира народов за нешто. Цените во маркетите особено Веро,Тинекс, Рамстор се високи поради поголеми маржи од другите. Кам,Кипер и Стокомак одат со 10% маржа и на поголем обрт. Но на погоре споменатите маржата е поголема. По мене треба да се бојкотира прво еден голем маркет пр. Веро, цела недела. Другите ќе имаат време да ги приберат маржите, а ефектот ќе биде поголем.
И акцијата само во петок важи? Разлика во маржа, од 12% да 37% е разлика од 2 пати дупло. https://mk.voanews.com/a/crn-petok-...vaat-boјkot-poradi-visokite-ceni/7955557.html А кога се излегува со вакви прецизни бројки, ваљда може и да се посочи кој бричи на суво.
Од моите информации од луѓе директно запизнати со марживе Бричат Веро и Тинекс најмногу. А Еве сега кажаа на вести најавувале листа со намалени цени од понеделник. Уште бојкот незапочнат, спремаат цени. Сега исто на вести кажаа бојкотот во Хрватска испаднал неочекувано успешен.
Мене само не ми е јасно зошто со закон не се ограничува маржата на сите производи. Зошто ова да биде мерка која се воведува само по потреба а не закон?
Абе за маржите јасно е, споредуваш обрт и профит. Ама пошто се треба да биде изџвакано... За Хрватска ќе видиме, се изгубија малку во таргетот кого да бојкотираат...ама ако има ефект, супер. Ќе видиме...
не смее законски да ограничи приватен колку да му биде маржата ние не сме социал- кимунисти ние сме капиталисти и ако не ти одговара на едно ќе треба да си набавиш од друго место. Проблемот е суштински и долго време се работи на ова, ефектот од негрижата на државата се гледа сега. Се работеше на уништување на земјоделието и производителите на храна и прехранбени производи, станавме 100 процентно зависни од увоз и сега зависиме од увозниците и од трговците. Да имавме производство ќе си купувавме дирекно локално и ќе имаше некој ефект, вака не сметам дека има влијание ради тоа шо трговецот профитот шо треба да го направи на 31 ќе го направи на 30 ти. Едино излез би било колективно договарање за купување само во еден маркет сите од кам овој месец и би имало некој ефект иначе другото се е џабе.
Абе...не смее, ама може. Можеше да измислат платно паркирање кое претходно беше бесплатно, па да полнат буџет? Тебе дирекно од џеб -може, некому да се ограничи профит-не може? Може на пример екстра данок на богатство? Може многу работи ама многуте се небитни, малкуте се битни. Од каде инаку робови?