Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот против високите цени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maaraa96, 21 јануари 2025.

  1. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    3.855
    Пол:
    Машки
    Ама сега хаха не ме разбирај погрешно, може ама треба промена на општественото уредување, а промена на општествено уредување се прави на место кое сакаш да го задржиш или да оствариш прогрес, тоа не е случај со балканските држави. Прогресивно даночење би било супер кај нас, меѓутоа тоа никогаш нема да се случи, како шо нема да се случи и намалување на цените, е сеа зошто? Па многу е едноставно во македонија пазарниот капацитет го држат 6-7 маркети, сите овие седнуваат пијат едно кафе и се договараат до каде најдолу може да одат на цени. Па така најмногу профит за ланската година на прво место се банките а потоа се газди на 4 маркети со зголемен профит од 40 проценти за 2024 година.
    Е сеа кој се газдите... па се знае некој од тие у влада, има ли он интерес сам да се даночи ?
    Луѓето на балканот до прва ќе сваќаат дека фармерот или како шо ние обожаваме да навредуваме сељакот има најзначајна улога за човештвото, затоа и толку се ценат на пример по германија и останатите еу држави.
    Сметам дека џабе е протестов и нема да вроди никаков плод а мислам дека позади него има некоја друга идеја (ама сепак тоа е мое мислење јас секогаш критички сум настроен кој се).
     
    На azelea, Amelia и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.697
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бојкотирам во петок.

    Имајте малку доверба во младите.
    Мислам дека ќе бидат подисциплинирани од нас.

    Еве вчера ми кажува синот (учи во средно) дека сите се договориле на школо да си носат храна од дома во петок.
    И тие се револтирани што тие малку пекари и сендвичари околу нив ги дерат со цени. Начекале дека немаат време за голем одмор да одат подалеку и тие најблиску до школите се најскапи пекари и угостители. Денес и самата се уверив крај едно средно во Скопје. Дома се вратив да јадам, не ми се даваа 80 денари за суво лиснато. Смачено им е и на децава, верувајте. Последниве две години со сто денари не можат да купат ништо во тие места. Син ми или купува од поефтини места пред да оди во школо или носи од дома. Не е само цената, крадат и на грамажата, па гладен останува. Вика сто денари ни наплаќаат за минијатурен кроасан, на тинејџер му е тоа еден залак. Да се најаде кај нив му требаат 200-300 денари дневно...

    Ќе ги бојкотираат и таквите пекари, сендвичари и слични дуќани, не само маркетите.

    Имаат поддршка и од наставниците, разговарале со нив деновиве. Им рекле доста ве стрижат како овци, ставете им до знаење.
     
    На oblace1, Трагедијаупмм, Miss666 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.761
    Бојкот.

    Има иницијатива за Веро да се бојкотира цела недела, осет немаат со цените.

    На фб избришале се за да нема споредби дека нема да намалат доволно. Ненаситни.

    Миа и Тијана слободно можат сега кога нема никој да снимаат реклами, или и они ќе бојкотираат? Или се пребогати за овие цени?
     
    На oblace1, Трагедијаупмм, christinnn и 10 други им се допаѓа ова.
  4. CekajDaSeIsl

    CekajDaSeIsl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бојкотирам, и така веќе откако пораснаа цениве од пред 2год пазарувам еднаш во неделата или еднаш на две недели :D
    Навистина, да почнеме да бојкотираме еднаш, па после да зголемиме на неколку дена па да видите како трговците ќе намалат цени, само за тоа треба да сме сплотени сите и да стоиме на тоа..
     
    На Трагедијаупмм и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, крвот балкански или инает може да проработи, не сме скандинавци.:D
    Плус децава се попаметни од нас.
     
    На Трагедијаупмм, CameliaMiller, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Машки
    Ќе се приклучам на бојкотот, и ќе поддржам сѐ што е против некој да злоупотребува кризи за да се богати на сметка на мнозинството. Ако за нив важи солидарноста на маржите не гледам зошто ние не би можеле да им се спротивставиме, солидарно, па колку и да е краткотрајно. Да видат дека има маса наспроти нив. Во крајна линија, и каква и позадина да има, во нечија корист, од другата страна, од нас зависи нивниот профит. Не може секогаш во бесконечност да се размислува дека има некаква „позадина“ за да не бидеме ниеднаш солидарни за нештата што вредат и се во наша корист како потрошувачи. Солидарноста и се учи. Еве шанса. Не попуштајте во однос на нивните лажни попусти во последни моменти.
     
    На Трагедијаупмм, CameliaMiller, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.146
    А во бојкотов спаѓаат баш маркети?
    Пекари, кујни за готови јадења, кафичи се вклучени или не?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.761
    Се треба да е. И фризерници со 3000 денари шишање. И депилација на дунди за 1200 денари. И бурек од 90 денари.

    Само што мислам дека ретко која ќе пропушти термин за фризер. Јадење.... Нот со инпортант
     
    На KiT, Трагедијаупмм, Miss666 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.312
    Допаѓања:
    170.616
    Пол:
    Женски
    Ние "најфрик" ќе сме.
    Нема Ни да пушиме тој ден .
    Маж дури рече дека ако Не го носам синко на градинка тој ден ќе одел пешки на работа :) ( до сега ни еднаш не е отишол пешки , а на 800м му е работата :))
    Ни узо нема да се пие . Само домашна ракија :D
    Јадење , зимници цел ден :D
     
    На Трагедијаупмм, CameliaMiller, Цунами и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.761
    Реално, сите имаме дома јадење за неколку дена. Не треба продавници од бес.
    Сакале тестенини со пилешко. Не бе, јади со мелено. Или со сирење. Меси леб. Пиј вода, не мораш фанта. Можеме од инат и вреќа сол да изедеме. Нека осетат како е без нас.
     
    На Трагедијаупмм, CameliaMiller, Цунами и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.146
    Ја би и аптеки, освен нешто итно де.
    Ама пробиотици, суплементи, витамини исто се ненормално отидени со цени. А се и те како потребни.
     
    На Трагедијаупмм, Lotus Girl, Цунами и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Se soglasuvam. Probiotik za dete recisi 500 denari. Ne se normalni.
     
    На KiT, SummerGirl, La-loca и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Бојкотот треба да е на големите маркети со највисоки цени од типот на веро рамстор... И општо да не се пазари толку да се бара алтернатива на пазарите, пекари и слично
    И секако купувајте македонски производи така помагаме на нашата економија
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    15.906
    Пол:
    Машки
    Од се ова мислам дека нема да има никаков резултат.
     
    На Снегулк@23 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    4.032
    Пол:
    Женски
    Шо е муабетов со ваквите коментари? Нонстоп го читам, никако да сфатам шо сака да кажи писатело
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    16.432
    Пол:
    Женски
    Нема логика да не се пазари само еден ден, демек следниот ден нема дупло да се направи гужва по маркети. Да се бојкотира одреден ланец маркети една недела, следната недела друг така можеби ќе осетат нешто, ама вака врска нема.
     
  17. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    3.855
    Пол:
    Машки
    Треба главен бојкот пред влада, да си намалат администрација за да не земаат кредити за да исплаќаат нивни плати, да си најдат кај се парите од пензискиот фонд за да не се земаат кредити за да се исплаќа пензии е тогаш ќе можат да направат намалување на акциза на нафта и бензин која изнесува над 20 денари на литар, исто ќе можат и да намалат данок на прехрана, како и акцизи на алкохолни пијалоци и цигари.
    А вака ништо не прајме, ама за поздрав е шо ете во 30 години првпат на македончето му текнува дека треба да се запали нешто за да добие нешто
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    3.108
    Не знам како си го доживеала. Зборуваш конкретно за ова или за сѐ што имам пишувано на форумов? Не те сфаќам. Со ова што си го цитирала, јас прашав каде има локални/маалски продавнички во земјите од ЕУ. Дали, можеби, во Бугарија? Знам за држави кај што сум бил дека немаат маалски продавннички веќе.

    Тоа сакав да кажам, иако не сум писател.
    Ако сѐ уште не ти е јасно-прашај ме, ќе ти одговорам со задоволство.
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.381
    Допаѓања:
    12.716
    Пол:
    Машки
    Crash bar, со “бојкотски цени” во петок и сабота. Сите артикли на нивнито мени на 30% попуст.

    Во коментарите, масовна поддршка. За оние неистомисленици, хејт и срамотење. Хмм… :?:

    Кога КАМ објави голема распродажба за викендов, сите збеснаа и масовно ги осудија. А сега тука, сосема различна приказна… :^)

    Шо после бојкотот? Назад по старо, пост-пандемиски цени. :smirk:
    Важно, да се прослави бојкотот, во crash bar.

    Мене, ситуацијата ми е идентична. Кафичите, ноќните клубови, кафаните итн., исто така, солидно претераа со цените. Дури, дамбетер се мислам. Убаво би било да се увиди колкави маржи ставаат и тие, на нивните артикли.
     
    На Трагедијаупмм и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  20. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Е стварно за ова, се јавив во центар за шишање пред некој ден, значи само малце да ми ја подскрати косата ми вика 2.000 шишање???? Па поправка на заб е поевтино, срамота.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.