Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот против високите цени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maaraa96, 21 јануари 2025.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
    Бојкотот во Петок единствен што ќе го обожаваат ќе бидат вработените во маркетите.
    Јас подржувам, но дека ќе смени нешто не.
    Бојкот ќе се направи автоматски поради високите цени а ниските плати за некој период. ќе опадне побарувачката на некои производи, ќе се купува само основното.
    Но бидејќи сме држава во вид на кутон како што е најавено ќе се качи минималецот и пак ќе удри овој народ на луксуз иако повторно ќе биде во категоријата на мизерија и раб на егизстенција, бидејќи тоа повлекува многу други работи .
    Кафани полни, кафичи полни а викаме високи цени. Не одат вие две под рака.
    Еве Трамп најави укинување на можноста за работа од дома за да доведе до намалување на цената на нафтата и со тоа пад на цените.( што по мене е тешко изводливо поради други Х фактори).
    И да биде ова кај нас не паѓаат никако цените. Само се качуваат платите на господата.
    Додека не научиме дека треба да сме скромни а не со паролата еднаш се живее ќе ни качуваат цени без око да им трепне.
    Јас би бојкот пример да одиме во Србија да си пазариме :D
    Само тука не.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.488
    Пол:
    Женски
    Каде би нашле таква алтернатива, притоа да е лесно достапна?

    ---
    Инаку за кафичи, ресторани, фризери итн... тие се луксуз. Ионака кој не можи да си дозволи не ни оди т.е. "бојкотира". Дури и масивно да се организираме да не одиме еден ден, буквално само рака луѓе посекако ќе оделе тој ден, а другите не. Додуша ова поќе е точно за фризерки, ноктарки итн. Ај за кафичи и ресторани вервам поќе ќе се сети ако решиме колективно да не одиме некој период.

    Купување производи за јадење е поблиску поврзано со преживување и е неопходно и сите го прајме. Зато и е важно да сме обединети во ова и да бараме алтернатива за купвање од друго место долгорочно т.е. од пазарче, дирек од бавчанџии, локално итн. Точно дека ден бојкот не прај кузнај колкава промена ама ако е секој Петок и почнуваме "подолг" бојкот каде одиме почесто на пазар него во маркет, а во маркет само за некои основни работи шо не се наоѓаат на друго место? Епа ќе има промени. Колку и временски секогаш да не ми се годи, бар јас планирам подолго време само некои основни работи да земам од маркет, а се друго од алтернативно место.

    Ова ти е исто како ко ќе бегаме од часој и остани едно дете од цел клас и него му пишат неоправдани оти не било солидарно. Не бидете то дете шо останва назад да ги кодоши другите.
     
    На sweet-cherry, ArtemisSs, LeNora и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    12.718
    Пол:
    Машки
    Пазарите, речиси во сите градови низ МК, се воглавно составени од препродавачи. Значи продавачите на големо, скоро секое утро, ја диригираат цената на производите шо се продаваат на пазарот тој ден.

    Како шо кажав, бавчанџиите ги има се помалку и релативно потешко се наоѓаат во пазарот.

    Исто така и голем дел од месарниците се препродавачи со огромни маржи на производите. Така да, горе-долу исто се фаќа дали ќе купиш месо од маркет или од месарница.

    За пекари, е позезнато, иако тие имаат тенденција откако ќе им тргни бизнисот, да ги дуплираат цените, а да ги намалат грамажата и квалитетот на производите. Воопшто не се води сметка за односот цена-квалитет.
     
    На Cosmic Girl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    15.640
    И јас подржувам бојкот,и онака не ни пазарам секој ден товарена,околу зграда имам во круг од сите маркети и почнавме со мм да купуваме тоа што е на акција,во еден маркет сирење и нешто друго,во другиот останато бидејќи ние со нашите плати да речам солидни не можеме да се покриеме за се едвај, а не пак оние со минималец,па нобелова треба за преживување да им се даде на тие.Исто и пазарите полни со прекупци па или земам од некои што знам дека се нивно производство или во локална пиљара со убав избор.
    Доста е веќе го претераа,секој ден си вадат од ракав цени!
    Е сега за празнициве бевме во Австрија кај најблиско семејство на гости скоро десетина дена,луѓе па тоа таму по маркетите цени поевтини од кај нас или некои исти како тука,избор огромен,се убаво квалитетно,а кои плати ги имаат они ,а кои ние,искрено фрапирана бев,дури се награбав од таму овесни и билни млека,дупло поевтини од кај нас.И приметив имаше маалска продавница,мислам беше турска,ама имаше производи и од кај нас.
    Јас стварно не знам што е ова кај нас,па ние бре богаташи сме биле на Балканов ! И најскапо во секој поглед на маркетиве искрено мислам дека е во Србија од сите земји во регионов,таму оган,влегов во маркет нешто да купам :x кафето 250 денари по наше,дури една србинка што ја следам на инста едно време постираше цени од маркет во Хрватска кај што оделе да пазарат било поевтино близу граница кај што живее.
     
    На Anyshka, Ahoy, Mazegin и 8 други им се допаѓа ова.
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Како не сме? Порано пред маркетите како бевме таков народ, сега не сме биле... Сме, само некои не сакаат да си го расипат комфорот.

    Навистина ќе ти биде толку голем проблем еден ден да прескокнеш пазарување? Зарем секој ден пазаруваш?
    Ако ти можеш да најдеш нешто, секој не може да си го дозволи тој луксуз (бидејќи за некој е луксуз). Не секој има достапни различни продавници и маркети. Солидарност е многу важна работа. Ако не за себе, за оние кои не можат да најдат поевтино или немаат избор.

    Организатор е народот. Се бојкотираат маркети, бензински и сѐ останато што мислите дека треба, а на прашањето што ќе се постигне: ќе се испрати порака и ќе се покаже дека и ние за нешто се обединивме.
    Луѓе спонтано бојкотираат поединечно, ова е еден ден и обединето, сите.
     
    На st-el, Mazegin, LeNora и 5 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.488
    Пол:
    Женски
    Океј. Пак ќе прашам. Која е тогаш алтернатива која е лесно достапна? Секој да си копа во бавча - не е лесно достапно. Секој да вози до село да купи од бавчанџија - не е лесно достапно. Пошто, за да е нешто одржливо на подолг рок мора да е релативно лесно достапно. Или да продолжиме во маркет пошто "сегде е исто на крај на ден"? Еве и зло да е пазарот, во случајов, помало зло е.

    Дури и да е од препродавач, во мое искуство, пазар е поефтина опција посекако. Пак не е ефтино. Ама е поефтино од маркет во секој случај. Само шо место да одам на 5 минути од мене и се да најдам во тие 5 минути, одам на 15 и поќе па губам време и веројатно на поќе места треба да свртам за се да најдам.

    Лично, бев наклонета кон маркет само за време да штедам. Ама не е то шанса шо сакам да продолжам да ја давам.
     
    На st-el, CameliaMiller, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Бојкот пред влада а не седење дома
    Нека намалат ддв за основните производи, нека намалат давачки за сомашно производство
    Ајде странски продукти да се поскапи, ама кај нас е обратно нашите се поскапи од српските и приморани сме нивни да купуваме
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Дедо ми на пр. Пазари на 10 различни места. На 80 години. И стално му велам аман бе Дедо за 3 денари разлика, ама така е научен. Нашите генерации не се и нема да бидеме.
     
    На Снегулк@23, kikin, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.488
    Пол:
    Женски
    Абе глеј, вистина живееме побрз живот. Вистина немаме време. И како луѓе сме склони да ја одбериме најлесната опција, шо во случајов е маркет и се да биди на едно место. Зато и уствари алтернативата за пазарење шо се нуди е нешто шо со години веќе постои и скроз малку труд ни треба за ова да е успешно. Постарите најчесто уште така пазарат.
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30 и Чанта им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    12.718
    Пол:
    Машки
    Не ми беше поентата да го дискредитирам тоа шо го кажваш, туку само посочив дека и на другите места не е таква ситуацијата, како шо иницијално изгледа.

    Пазарот во Битола, можи е поевтин од маркет, ама во Скопје пример Буњаковец и пазар Тафталиџе се прескапи. Лично, на пазар одам поради поголема разновидност на производи, неретко и барајќи подобар квалитет, пониски цени наоѓам пред се на Зелен пазар.
     
    На CameliaMiller, Cosmic Girl, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Машки
    Џабе ќе се бојкотира утре. Поминав низ Веро за да извадам пари од банкомат и да видам дсли има гужва, кога тоа полни количките уште од сабајле. И тоа не пензионери, туку млади луѓе. :@

    Ги наполниле корпите фул, ко да нема утре.
     
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    4.032
    Пол:
    Женски
    Ама нема да го обожаваат четвртоко и саботата:lol:
     
  13. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    На LiquidLuna и Cka им се допаѓа ова.
  14. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Женски
    Во нареден пост кажав во петок нема да одам на продавница. Чист пример: вчера бев во Стокомак и купив топено сирење по цена од сто и пет денари а, имаше и од педесет. Во КАМ на акција беше шеесет и девет денари. Сакав да кажам кога ми се допаѓа нешто не гледам цена за кога немам немам, што ретко ми се случува. Не се замарам со темава а, штрајкот ќе го подобрам. Каде сите турци таму и гол Асан. Мене не ме интересира тоа.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Еве вака, за тие што утре ќе се прават на Тошо. Баш сите треба да поддржиме, без разлика на тоа кој зема солидна плата или не.
     
    На anggell, NoirSerpentine, kikin и 5 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.488
    Пол:
    Женски
    Јас и ова го разбирам. Зато и реков ако пазар е зло, тогаш е помалото.

    Мене цела поента ми е, прво дека еден ден се издржва бојкот искрени да сме. Второ, за подолг бојкот мора да има алтернативни решенија.

    Е сега ако ги исклучиме и алтернативните решенија од почеток - долгорочно нема бојкотот да можи да е издржлив и голем број луѓе ќе се освртнат кон то шо е најлесно, а то е маркет. Дали има проблем и во пазар, има. Како шо реков и јас, не е најефтина опција, си имаат и други проблеми и голем дел ги спомна и ти. То е реалноста. Ама меѓу маркет VS пазар, пак ќе речам во мое искуство, пазар е подобрата опција или „помалото зло“. И сам кажа дека на Зелен Пазар наоѓаш поефтини цени. И то е цела поента на ова шо имам да кажам. Не е совршено, ама према моменталната ситуација и во име на бојкотот, дефинитивно покрај сите свои маани - пазар е подобра опција/ алтернатива.

    Пошто ако седниме и збораме за сите овие алтернативи како се и тие проблем потенцијално оддалечваме луѓе од бојкот утре. Зошто? Па се добива идеја дека нема решение. Се е џабе. И ако седниме да збораме зошто пазарот е проблем тогаш мора и да имаме некое решение или алтернатива, барем за утре. Реалноста е дека алтернатива за маркет е пазар. И строго вервам ко ќе и алтернативата е flawed, евентуално треба да има фокус на неа за да се реши и тој проблем. Ама не сега. Зошто ако сега се фокусираме на алтернативата место на главниот проблем иди ситуацијата: „ако не можиме да удриме по магарето, удираме по самарот“.

    Имат пари, им се можи. :D

    Многу сум поделена за ова вест. Од една страна мило ми е дека се стресија и дека бар еден месец, особено на зима кога нели и немаме многу свежа храна, поќе семејства ќе имат поквалитетна храна и поќе храна. Од друга страна се шо прочитав е „попуст“ и то само во Февруари. Не е ко цените од Март да не се пак високи. „Попуст“ не е трајно. Ова е усвари „фрлена победа“. Ама ни блиску до некое трајно решение. Ама шо е најважно, ова е доказ дека ете бојкотот, ако сме вистина солидарни - ќе има ефект. Пошто никој не би праел „принуден попуст“. Свесни се дека ова има голем потенцијал за покрупна загуба.

    На почеток бев скептична дека ќе има поголем ефект. Ама мило ми е уште непочнати дека е гласно и ете се „стресват“ маркетите.
     
    На LiquidLuna, see.emily.play, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.697
    Пол:
    Женски
    Да, ја видов и јас објавата, па ми текна на онаа старата - кој си ја има мувата на капата, си ја ишка.

    Кафичите имаат огромна заработка- едно кафе ги чини 10 денари ама го продаваат 100-130 денари.
    Ама ние македонците во кафич одиме и кога немаме пари. Задолжени во кредити ама секој ден во кафич кафе се пие. Имаме веќе субкултура направено да седиме во кафич. Ретко кој дома се сретнува.

    Толку ретко одам во кафич, ептен ако некој инсистира во кафич да се сретнеме или е некоја прослава, нешто. Навистина ги бојкотирам веќе поодамна заради тоа што претеруваат со цените, станати се прави профитери. Ама мислам дека народот никогаш нема да направи бојкот на кафичи и кафани.

    Ако заради бојкотот на маркетите се сетат и тие да намалат цени, значи дека се уплашиле да не им се намали прометот. Супер! Сите нека се подзамислат.
     
    На LiquidLuna, AneSk, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.497
    Пол:
    Женски
    И во Словенија се организираат за бојкот, кај нив малку поразлично од кај нас:

    https://kajgana.com/i-vo-slovenija-bojkot-na-supermarketite-poradi-visokite-ceni

    Прво неколку дена ќе ги блокираат Меркатор, Туш и Шпар, а после по една недела Хофер, Еуроспин и Лидл.

    Ќе видиме што ќе излезе од се ова, очаен е народот, особено кај нас, мислам дека ќе вроди со плод, затоа што не мора да се собира никаде, туку само да не отиде. Дај боже утре да е успешно, па да се организираме и ние како Словенциве.
     
    На anggell, Keiner, Ahoy и 6 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    И во кафичите немаат квалитет. Не ми текнува во кој кафич бев, ама во чашата имаше повеќе пена отколку кафе. И соковите им се покачени. 90 денари еден сок. А за колачите и да не пишувам (facepalm)

    Јас мислам дека угостителските објекти нема да ги бојкотираат.
     
    На eliesaab и azelea им се допаѓа ова.
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.312
    Допаѓања:
    170.619
    Пол:
    Женски
    Ние , барем со тие што се дружиме овде , ќе ги бојкотираме и угостителските објекти.
    На нашето скромно друштво од неколку пара "ритуал" ни беше секој петок да седнеме на ручек , евентуално мезе и некоја ракиичка :)
    Седнуваме и през викенд или други работни денови ,ама петоците ни беа малтене задолжителни.
    Е веќе нема ! :)
    Бојкотираме и таму:party:
     
    На Ingvild, eliesaab, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.