Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство. Ахахаххаха до вчера не разбираат дека е скапи, кога им се стресе газот се разбираат. Море цел месец штрајк на Веро и Тинекс.
Маркетите се пуштија со акциите најјако ама тој што има цврст став нема акција што може да го поколеба. Со сите познаници што имам зборувано утре бојкотираат. Јас додуша и денеска бојкотирам и ќе бојкотирам до понеделник. Ако секој тргне од себе ќе има ефект. Треба да покажеме сплотеност и солидарност. Биди промената што сакаш да ја видиш во светот
Веро Издвојувам: Пази ги попустиве и пази ги производиве. КЛОШАРИ. Имам Веро картичка и понекогаш пазарам оти најблиску ми е Веро, сега одат на траен бан. КЛО ША РИ.
И пензионерите ке бојкотираат Свекрва си купила леб денес и за утре да имаат Вика не им влевам утре Така да не муталави ни пензионерите
Леле која разлила во цени !!!! 1 годишно влегував во Веро, сега нема ни еднаш, претерано е ова. Паста за заби на Колгејт, во Рамстор беше за 60 денари поскапа отколку во ДМ. 60 денари !!!! Итоа од еден производ!!!
Петок ако се бојкотира денес сигурно е лудило по маркетите и полнат колички, ке пројде бојкотот пак по старо ке биде во недела не се влага во маркет од толку гужва и хаос, цените 200% ги качуваат на грамажа на се се намалува, да се споредат со набавната цена на производите тоа е страшно.
Модераторите на фб страните од маркетиве во акција. Постојано се бришат коментари поврзани со бојкотот. Заедно со викенд акциите, сѐ излезе на виделина.
Леле ќе пишев и јас за костените за Бадник. Три години немам купено за празникот прескапи се. Преклани пишав на форумов дека без костени ќе помине бадниковата вечера, една членка ми понуди од форумов да се најдеме да ми даде. Срцка таа рече имала многу од нивно дрво мислам. И реков дека не треба, дека тоа не е зошто немаме да купиме за јадење, ама не купувам од принцип зошто се безобразни. Сум пробала и да ги купам поефтино порано па ги смрзнувам за да имам за денот, ама не се убави. Бојкотираме ние одамна само поединечно и селективно, тоа го реков веќе еднаш. Ич не ми е проблем и организирано да биде. И не само за цените, јас би бојкотирала и за квалитетот на храната. Зошто морам да купувам храна со отров во неа? Зошто некому му е поефтино да стави отров наместо вистинска храна? Избегнувам процесирана храна во принцип ама некои продукти ми се на црна листа одамна.
Лани живеев карпош три, единствена опција ми беше рамстор во ситимол, значи незнам како да ти кажам, подобро од дома да носев роба во маркетот да им ја оставам, да им дадам 1000 че и да си одам Па внатре имаа специјал, да јаде човек наутро 100 денари баничка со кашкавал и саламче, ја се смеев има наградна игра најди ја саламката и кашкавалот гратис баничка ќе ти дадат.
Зошто чаша ракија е 50 денари а чаша сок од портокали 300? Зошто психологот е 1000че за 45 минути а грам марихуана 500 че ? Многу е извртено општеството
Не знам за ракивчето и марихуанчето, пошто не пијам и не пушам (ни тутун ни мара). Ама мислам дека ракивчето на маж ми е над 50 денари веќе, а за психолог сум сигурна дека е повеќе од 1000че. Дека е прескапо за наш џеб, се слагам. Луксуз се услугите здраствени. Се споредуваат со странските земји каде што 45 минути беа 50 евра уште во 2005 година. Ама нашата плата ни сега не е колку таа во странските земји пред 20 години.
Треба бојкот и на пекарите и бурекџилниците. Бурек 90/100 денари. Ај што е толку, во Скопје пола од бурекџилнициве не сечат осмини.