Дел од овие што поддржуваат бојкот велат демек купувајте домашни производи наместо увезени Нека симнат бимилк цената и главата од облаци и ќе купиме. Стварно не може да си толку глуп, ем сфаќаш зашто е бојкотот, ем народот крив оти не зимал домашно што е често дупло поскапо.
Милијардери станаа поединци благодарение на потрошувачите... Јас утре не купувам ништо, да бидеме сплотени и обединети, да бидеме солидарни, БОЈКОТ и СТОП за покачување на цени без економска логика!
Од 90тите (мислам 94та), цените беа 450 за пломба и 600 за пломба и подлога кај матичен стоматолог. И тоа беше непроменето до пред неколку месеца. Јас не знам ништо друго што е иста цена во 94та и 2024та година. Затоа викам не е многу во денешново време. Јас во средно плаќав 40ден за кафе, сега има кафичи кај што е и 120ден. Проблемот станува кога цените се качиле х3 за 30 години, а платите не.
Разговаравме денес на работа, чест став беше: Денес ќе изнапазарам, утре ќе бојкотирам. И која е тука загубата за маркетите? Повеќе промет во четврток и сабота, помалку во петок. Ќе видат дека има незадоволство кај народот ама дека некоја голема загуба ќе имаат, нема. Многумина нема ниту да бојкотираат. Ќе видиме баш. Ми треба уште нешто да докупам ама ајде ќе се воздржам некој ден.
Јас сум Тафталиџе, баш Веро ми е најблиску маркет. Ама која дрога е ова. Единствено Битолско млеко имаат поефтино вака, иначе се УЖАС скапи. На приватно е 110 денари
Ќе имаат загуба кога сите и богати и сиромашни би купувале најнеопходни намирници подолг временски период... Како и да е, јас планирам така да правам, прв чекор намалување и откажување на кафето Одредени работи исфрлив од купување, а тек ќе следат и други
За Веро треба траен бојкот се додека не ги направат овие "вртоглави акциски" цени стандарни т.е. неакциски. А - у разлика! Важи и за другиве маркети.
Јас 800 денари плаќам за пломба веќе 10 години. Знам пред 10 години толку беше во Ск. А толку е и сега во градот во кој живеам и не е променето. Кафе тука во Охрид е 170 денари (Нес пијам во кафич). Да седнеш во ресторан на некои места мала капричиоза е 340 денари. Вода мала 130. Кока кола 180. Ова се цени за преку цела година. Маркетите ги знаеме сите што цени се. Така да дами и господа за забари барем не се жалете,туку да се молиме да не се кренат и таму цените.
Скопје мене 1000 ка ми зеде. 800 пломба и 200 анестезија... и то септември ова сега пак можи качено е...
Еден тост го купував за 35 денари во средно. Хамбургер беше 60 денари. А сега еден хамбургер е 180 денари Порачав порција помфрит и вработената ми вика 100 денари
Кога сме кај пломбите јас плаќав 1200 денари кај матичен стоматолог. Кога му кажав на мм он ми вика ти не си нормална зашто не им кажа дека сакаш поевтина. Затоа што не ме ни прашаа каква сакам, ми пломбираше два заби и 2400 платив.. Иначе за бојкотот го поддржуваме сите домашни, денеска воопшто не бевме ни по маркети, не гледам причина зошто да се оди кога за еден ден сите можеме да поминеме со некоја манџичка дома (утре е петок гравче ќе се јаде ) И се надевам дека нема да останеме само на утрешниот бојкот, туку ќе продолжиме се додека не се намалат цените. Претеризам е ова не знам дали може полошо од ова! Би сок од портокал лани 70тина денари го купував сега е над 110денари. Месото исто премногу е поскапено. Буквално се! Затоа БОЈКОТ!!
Сега нема хамбургер у Скопје кај да јадеш, и тоа шо го има се дели на пупка салата плескавица и помфрит се посебно си плаќаш па и на крај ќечап и мајонез се плаќа, забега скроз американската шема, уште платата да беше американска,а пак по моловите бургер кинг 450 денари хамбургер со ќофтинка Златен чичко стоилко за 60 денари
Од 12.000, сега ќе имав 36.000, па то цут. Прва пишав дека не може бојкотот да има ефект, ама гледајќи како реагираат трговците, сепак ќе да има. А во меѓувреме, пискотници почнаа од Тафталиџе до Дебар маало Значи многу ме нервираат. Многу. Ова е да земеш и да тепаш по раце со стап. -Гром биле изненадени и увредени, дека премиерот се нафрлил на маркетите - Трајче вика бојкотот немало да има ефект и платите не требало да растат, оти ја хранеле инфлацијата . Тие што си покачуваат плати по 700 евра на секои 3 месеци нема везе. https://24.mk/details/slaveski-vo-o...-e-samo-folklor-koj-nema-da-ima-nikakov-efekt -Геро плаче дека кутрите трговци ги шиканирале, па објаснува за рабати, маржи и приказни разни, пошто профит од милиони евра не значел профит, и ете, си нашле луѓето место под сонцето . Уште за реинвестирана добивка што не почна да расправа, ама толку го научиле де https://plusinfo.mk/ovaa-borba-so-cenite-e-borba-so-veternici/ Мрш. Да ги бојкотирате сите што си го бараат, и вие сте луѓе под сонцето. А овие од погоре, да ги плукнете во лице.
Јас за 10 ден. јадев топла пирошка на времето во основно сирење, пица пирошка. Толкав беше изборот, ама затоа филот течеше. Пс. смоката на стоби флипс моментално им е ко да ќе се скрши. Не се нормални.
Не сме иста генерација, ама јас тостот го купував 30 денара во основно . Хамбургерот беше 50, а хамбургер со помфрит 60
Мислам ќе биде нешто како добар исходот, денес во маркетите имаше помалку народ од вообичаено, очекувајќи дека ќе има гужва пред бојкот како да е последен ден. Влегов во два маркета во едниот да извадам пари, бидејќи има банкомат, во другиот да купам само благо за гости друго ништо дополнителнио и таму немаше воопшто народ, а баш беше пик време за пазарање околу 18 часот. Немам ништо купувано денес за утрее, си имам кифли и гевреци домашни во замрзнувач, утре петок е грав за салата од претходните денови имам купено од пазар. Според мене би можело да вроди плод, бидејќи уште не е почнал протестот маркетите почнаа со акции големи, може и повеќе дена да држиме вака, ќе речете е како мора да се купи од некаде, епа вака леб од некоја пекара, некогаш ќе се замеси има многу рецепти на нет за здрав леб, зеленчук од пазар, јајца од луѓе што одгледуваат кокошки, сирење од луѓе што го прават, исто така и мед од луѓе што имат пчели. Сето ова е возможно, бидејќи мед и јајца купувам директно од производители не купувам од маркет, сирење некогаш директно од производител некогаш од маркет.