На пензионерите, како награда за денешното пазарење по маркети, да им го укинат јавниот превоз. Па нека се влечат после по маркети пешки, кога еден ден не ги држи место…
Пензионерите се канцерот на нашето општество. Не ме изненадува. Инаку не планирам да стапнам во маркет деновиве
Не знам зошто заради изолирани случаи постојано ги ставате сите во ист кош. Вчера вести сите пензионери кажаа дека ќе бојкотираат. Тие што се пензионери истото и на социјалните мрежи го пишуваат. Исто како што има предавници од сите возрасти, така и овие.
Моја блиска личност работи во Рептил,вели дека утринава за 40% им е намален прометот од претходните денови....
Ништо, ај на Голи оток да ги пратиме пошто денес им пуштиле пензија Пад од 40% одсабајле е пад од 40%. И во Хрватска беше така. Никого не стрелаа ако отишол да испазари, битно е мнозинството. Вчера, ден пред САМО вториот протест, еден од големите ланци најави трајно намалување на цените на 250 производи. Си знаат они кога претерале и и си знаат како да си балансираат. Без кока кола се живее, без леб и сол не се живее.
Во Ист Гејт слаба раздвиженост низ цел мол има, Тинекс работи со една каса по 2-3ца само, Веро исто послабо, Рамстор и Дајмонд слабо, ГТЦ исто. Едино повеќе низ Кам и Стокомак само.
Не им доаѓа памет на луѓево. Како за инат да одат да пазаруваат денес. Но на кој му прават инат, освен на самите себе.