Даа во право си за свежата храна, јас ја спомнав. Вреќичка спакувани намирници е поефтина него рефус на кило, ама во секоја има по некое скапано парче. Ги мешаат за да ги шитнат. А јас пак обратно пазарам - одамна не купувам од пазар, туку само од локалната пиљара што знае да има и храна од нивната бавча и од маркет. Зошто некои пазари се изгор скапи во Скопје. Јас морам да одам до пазар со кола (далеку ми е да мкнам тежина и плус не смеам да носам тешко) , значи мора да платам паркинг и бензин. А она што најмногу ми смета е што скоро сите продавачи на тезга не ти даваат да си одбереш сам. Дома кога ќе се истовариш ќе ја приметиш истата финта со подметнување бајато зошто сами ти ставаат и мерат (ова ми го потврди и еден пријател пазарџија, дека редат н атезгата прво она што треба да се продаде и за поблиските имаат на страна или подолу малку посвежо и поубаво). И кога ќе собереш се што си платил за да земеш од пазар и ќе споредиш со тоа што си донел на маса дома, ќе излезе дека поевтината храна е уствари поскапа од онаа во пиљара или маркет каде јас бирам што ќе ставам во торба и за која не палам кола. Разликата во цените на маркетите и пиљарите и не ми се гледа така голема кога знам дека од пазар четвртина продукти ќе ги фрлам зошто се скапани и подметнати. Не рекле за џабе сиромавиот плаќа дупло. Башка на пазар даваат и три за сто и слични финти, што мене не ми одговара зошто не јадам три туку едно. Ако две фрлам зошто не сме ги изеле, не сум заштедила ништо.. Во принцип мразам да фрлам храна и купувам помалку и почесто. Така имам свежо и разновидно јадење.
Леле стварно, кога исти производи купуваат поскапи демек биле поубави ми се темни Омекнувач во Кам 100 ден поефтин од другите маркети а истиот , може погуст е Плазма од Стокомак не биле убави, во Тинекс поубави биле Јас во Тинекс влегувам кога е крајно на пример за празниците никаде немаше вода од големите и морав таму. Барем кај нас Тинекс секогаш е празен и се чудам како уште опстанува со толку малку муштерии.
Ние бојкотираме со години маркет што ни е во зграда и пазариме од Кам или Стокомак кои се доста подалеку. Од маркетов строго леб, други намирници испазарени еднаш на недела/две, сѐ што ни е потребно.
Се откажав од скопските пазари. Изгор цени, не даваат да пипнеш, да си избереш сам, нема цени, се да прашуваш, крадат на вагите. А овошјето и зеленчукот го прекупуваат од кванташки, или од којзнае каде. Баш правев математика дома есента, сливи имав купено од пазарче, сигурно 5-6 смачкани фрлив. Последно време си земам од рамстор, скоро иста роба е, или од некоја пиљара локална кај што сама си бирам.
Јас самостојно почнав со бојкот на маркетите во петок. Лека полека мислам дека треба сите да почнеме. Да бидеме сплотени барем во ова. Издржете барен еден ден во неделата да не пазарувате во ниту еден маркет. Па стварно претераа со цените. Не се залажувајте на мерките од владата или ова што пуштаат акции од маркетите. Е*ење на народ во здрав мозок. Дојде време да има кажеме: ДОСТА Е!
Веројатно има разлики во прометот од еден до друг маркет и бројот на купувачи. Тинекс маркетите кои се во склоп на молови се преполни во неделите бидејќи другите не работат, па ако нешто итно ти треба дента, ќе влезеш. За празниците не можам да ви опишам колкава гужва беше во Скопје, колони чекаа да купат кај сувомеснатото и сирењата. Беа намалени цените на тие производи тогаш ама пак беа тука негде со другите маркети. Зборот ми е не гледаа на цената луѓето. Мене ми се во близина и Тинекс и Веро често влегувам и ги следам со цените. Дефинитивно се најскапи маркети од сите, НО има исклучоци за одредени продукти. Сум приметила дека некои млечни производи од некои производители се меѓу најефтините кај нив, на пр. јогурти некои и павлаки. За викенд имаат често акции кај пиљарата па некогаш и од таму купувам зеленчук и овошје. Ама пак затоа средствата за хигиена се изгор кај нив.. Многу се пренемагаат луѓето, тоа е точно. Други пак и не се информирани доволно, мислат дека брендот (демек странски) е гаранција за квалитет и безбедност, ама не слушнале за истражувањата, што покажуваат контролите кои им ги прават, не знаат од кај им потекнуваат суровините и дека се произведени во земји од трет ред во сомнителни услови и сл. Ако е странско не значи дека е подобро, ама нашиот македонски менталитет си е посебен за тоа и си патиме по брендови. Ама пак од друга страна има и вистина во некои такви забелешки на луѓето. Точно е тоа дека има разлики помеѓу производи што носат ист бренд, а се купени од различни маркети, и тоа не само во цени туку и во квалитет. Произведени се во различни земји, увезени се од различни места или направени се за различен пазар. Поефтините прашаци за алишта, на пример иако се Ариел или Персил може да не се со исти квалитет, зошто потеклото не им е исто, квалитетот или класата не им се исти или се наменети за различен пазар. Има некои турски персил на пример, поефтин е црни ги прави белите алишта и ги оштетува (веројатно има повеќе сода или послаб квалитет на состојките). Тој можеш да го најдеш само во поефтините маркети, во поскапите го нема. Сите што работеле во производство тоа го потврдуваат, сум разговарала со различни луѓе и ми објасниле. Еве пр. детергенти во хемиска индустрија или технологија и електронски уреди, ќе ти кажат дека една фабрика произведува на исто место различна класа (квалитет) производи и секако тоа носи различна цена. Зависно за кој пазар се наменети, соодветно ќе им бидат испратени едните или другите. Електронските уреди може да се различни светски марки ама деловите да им се од иста фабрика направени. Пониската класа делови се за едната марка, таа поефтината, а повисоката класа за поскапите марки. Исто и за детргентите - има класи на квалитет и состав и цената им е различна, иако се произведени под ист бренд. Кај нив може да важи тоа колку пари, толку музика. Треба да се чита, кога се купува.
Производите во Веро со злато се прскани Во последниот маркет кај што работев тие производи што беа поскапи слабо ги купуваа. Враќавме скоро цел пакет од секој од тие производи. Муштериите почнаа да купуваат најевтино млеко, најевтин јогурт, најевтино сирење, најевтини макарони, и др. Само оние муштерии кои се ситуирани купуваа од поскапите производи.
@Cosmic Girl сите маркети имаат огромна маржа на производите. Значи тука не зборам за 5% или 20%, тулу за маржа од 100%, 300% и тн. Како така Кам, па и останатите маркети одма по нив, имаат пари да ги плаќаат касиерите по 40.000 денари плата. Значи дека многу заработуваат. Маркет на Кам, Стокомак и Кипер има на секој чекор и само отвараат маркети низ градовите. Друга работа, пример, ако купиш од истиот јогурт или сирење во Кам и Веро, ќе видиш дека баш и не се исти. Тие се со различна цена, но и со разлилен квалитет. Тоа е така бидејќи за Веро одат производите од А класа, за Тинркс Б класа, за Кам В класа. Тоа не е само кај нас, тоа го има во Србија, а и во останати држави.
Види, не се со злато прскани, но се најквалитетни. Не за џабе се и поскапи. Тоа е така зошто Веро зема поголема количина на роба, а друфите маркети помалку роба. И нормално е да им дадат поквалитетна роба на тие што зимаат повеќе количина. Од секогаш било вака за Веро.
За да се намалат цените на производите прво сите треба да купуваат овошје и зеленчук од пазар, и леб од пекара, да видите тогаш како ќе опадне профитот на маркетите и ќе мораат да ги смалат маржите.. Не може зелка да ја откупува од земјоделец по 20 денари за кг, а тебе да ти ја продава за 90 денари кг..
Не сме таков народ за да функционира така како што кажуваш. Иначе добро викаш така да им се направи, за да им дојде паметот на место.
Ама детергентите за перење се исти. И се останато од хемија. А во Веро, Тинекс и Рамстор се поскапи. Во Веро не сум влегла околу 20 години. Во Тинекс и Рамстор одев еднаш - два пати годишно. Секаде се качени цените. Не само во овие маркети.
Веруј ми, и детергентите им се подобри во Веро. Од прва рака ти кажувам, зошто имам во блиска фамилија човек што работи со производи во маркетите. Заборавив моментално како се нарекуваше професијата. Веро во Македонија е маркет бр. 1. Кај е и најскапо, па и највеќе од Веро купуваат. Многу луѓе ги знаат овие информации, дека Веро добива поквалитетни производи, па затоа пазари од таму. И јас сум ист, да ми дадеш две сирења, и понеквалитетното да ми го дадеш на пола цена, пак ќе го купам поскапото. Просто луѓето си бараат квалитетна храна и намирници. Иначе Веро кога има попусти на производите, во Кам и Стокомак без попусти пак се поефтини од попустот на Веро.
Да, токму на тоа мислев и тоа го објаснував. Така да не е само празен муабет тоа што го зборат луѓето или дека прават чалам некаков кога пазарат од поскапото и пребираат, зошто има реална разлика и најверојатно претходно се изгореле некогаш. Затоа сега бираат да купат од поскап маркет. Во последно време приметив дека и во КАМ дури не е како што бил со цените. Баш минатиот викенд правев споредба меѓу нив и Стокомак. За потполно исти производи, тие во Стокомак беа поефтини. Мислам дека Стокомак е најефтин во моментов. Се осеќа по вкупната сума од фискалната на крајот на каса.
Јас сум од мал град, затоа кажав за Тинекс, инаку точно е во Веро кога и да поминам во Ск секогаш има народ. Кај нас Стокомак секогаш е гужва па и Кам ама не сум луда да давам повеќе пари за нешто кога е поефтино. Тинекс ми е на 5 мин, останатите ми се далеку ама Тинекс вешто го рипам само нешто кога е ептен да морам.
Мислиш на мерчендајзер? Не секој има пари да купува скапи производи. Во Мк пазарував во Кам и во Стокомак. Дома секогаш правев пресметка колку би ме чинело тоа во горенаведените маркети. Па и во Рептил, на пример. Разликата е голема.
Мислам дека повеќето луѓе преферираат квалитет, наспроти квантитет. Е сега има и многу луѓе што пазарат во Кам и Стокомак, ама не затоа што не сакаат и тие поквалитетно, туку бидејќи сиромаштијата го изеде народот и секој гледа поефтино да помине. Порано ако со 1.000 денари сме полнеле 3 ќеси, сега за 1.000 денари полниш само една ќеса. Тоа значи дека инфлацијата не здроби. Па затоа и хрватите се дигнаа. Тие имаат најголема инфлација во Европа (а по нив и Романија и Унгарија). Јас сум ЗА бојкот. Но едно кокиче не ја прави пролетта. Џабе е ако бидам само јас, кога другите пак си пазаруваат.
Да. Мислам дека е така на англиски. Како што народот е поделен на висока и ниска класа (средна веќе нема), така и си пазаруваат. Ниската класа во Кам и Стокомак, а високата во Веро. Сега веќе секој си го купува само неопходното. Тоа што му треба за дома, а не секакви глупости. Јас наизменично купувам, но повеќето пати во Кам. Стокомак не ми е успат, па затоа таму поретко, иако е најефтин маркет. Рептил, Рамстор и Тинркс па воопшто. Тинркс веќе не е тоа што беше откако татко им ом ги подели дисконтите, а ќерките од функционални дисконти, направија нефункционални и лоши маркети. Опаднаа и со квалитет премногу. Каша попара е во Тинекс. Верувам дека вака слично е и кај тебе во странство таму кај што живееш. Ова веќе не е само македонски проблем, туку прераснува во глобален. Баш за ова имаше кажувано Саша Боројевиќ и за тоа каква мафија се маркетите, не само во Србија, туку скоро насекаде.
Тука има 2 маркети кои се со поскапи цени. Освен производите од нивната марка, друго се е поскапо. Во едниот маркет пазарувам хрватски производи. И ако во моментот ми треба нешто плус. Има и турски и руски продавници. И таму е скапо. Другите маркети се со нормални цени. Им се троши робата. И тоа што е при крај со рок го даваат на пола цена. Да купиш Персил тука ќе видиш која разлика е со тој во Мк. Имам познати кои имаат пари и пак купуваат во Кам и Стокомак. Факт е дека во Веро има голем избор на производи. Уште откако отворија е така, а и цените од старт им се високи. Кам не е тоа што беше.
Уште на времето, еден пријател ми кажуваше дека на Балканот, за разлика од другиот дел на Европа, носат полоша роба. Ова важи за скоро се, од милка чоколади до гаѓи. Не знам како е таму во Хрватска ако споредиш на пример со Германија, но овде во Мк разликата е небо и земја со западните земји. Ама ние сме земја од третиот свет. Иначе да, во право си. Кам не е тоа што беше. Видоа добро им оди и ај цените во во плафон. Не дека и другите не го напрабија тоа, ама Кам беше синоним за ефтино кај нас во Кам, а сега се посраа на тоа. Некаде дури им стојат сеуште оние плакатите пред самиот маркет ,,најефтино и најквалитетно". Така да можат тоа да го тргнат. Да не лажат народ. Не сме сите слепи.