А што се случува во помалите градоци? Дали таму исто бојкотираат вака како во Скопје или по(не)масовно?
Нее далеку било нека си пазарат слободно каков Голи Оток, во меѓувреме додека се во маркетите по список можат да испазарат на пример и за снаата, синот, ќерката... да не бидат и тие видени дека не бојкотираат де, бидејќи без сол и леб не се живее. А ефектот и процентите од се ова допрва ќе ги видиме, полека малку не брзај.
Сличен одговор добивме и од вработена во синџир маркети во населбата Тафталиџе. Иако на влезот од маркетот затекнавме исполнет паркинг, сепак, внатре имаше едвај педесетина купувачи. „Речиси и да нема разлика со претходните денови. Ако вчера можеби во овој период имаше 50 муштерии, денеска има 30-40“, беше одговорот на вработената. Ова е од интернет портал. Значи кај што се богаташите, нема штрајк, имаат они за трошење и не им е скапо.
Сега ке гледам вестите на Алфа да видам што ќе кажат за бојкотот. П. С минејки сабајле покрај Кит Го една жена од околу 60 години, излезе во тој момент со добар пазар богами
Поминав пред неколку маркети во Скопје, касите и внатре празно. Од нив (Веро, Стокомак и Кам) видов само како излагаат 2,3 бабички. Ми идеше да им речам ама премолчев. Нема никогаш да ја подржат младината, тоа е таква генерација без кичма.
Ја не знам во кој филм живеете. Прво- ете знаев, после-допрва ќе видиме. Ќе видиме де Само полесно е бабата што добила пензија од 12.000 денес, да ја распнеме, отколку да го лоцираме проблемот. Хинт-Не е бабата проблемот.
За Фокус, еден пензионер кој беше затекнат во Стокомак, вели: “Кашкавалов сте го направиле 600 денари за килограм. Ќе одам во Тинекс да купам, денеска имаат голема акција.” “Знам дека е скапо, ама не бојкотирам. Ќе си одам во маркет кога сакам.” Каде им е дисциплината на пензионерите? Нели во војска биле некогаш? Еден ден не можат да се воздржат од пазарње, па ние цела недела ќе сме бојкотирале.
Уште од првиот ден кога го организиравме бојкотот реков некој да обрне внимание на пензионерите, пошо секогаш они се тие што се непослушни. Бумерска работа.
Кај нас богами се бојкотира. Сега баш поминав од маркетот. Нема наши коли. Мада кај нас у петоци идат Грци , тие ќе дигнат промет
Ништо посебно не кажаа на вестите на Алфа, рекоа дека народот во поголемиот дел го поддржува бојкотот, али не е тоа нешто екстремно. Анкетираните поделени, една жена вика вчера направивме пазар и за денес и денес не пазарувам
Povekje penzioneri vidov, edno pet-shest lugje pred Kam i Kit go. Epa da ne se zalat deka ne mozat da svrzat kraj so kraj.
Не е ако. Таа генерација не уназадува нас младите што пробуваме да направиме некаква позитивна промена, буквално секогаш. А и они се најкриви за дереџето на кое е државава, тие Тито бумери конкретно. И пак, ден денес, цело време една иста генерација прави проблеми. Неверојатни се.
Има бизнисмени и политичари таму. Секако не им е гајле кога си имаат превисоки плати. Нас кој нè врти...
Одам пешки низ градот и разминав 4 маркети. Слободно можам да кажам дека нема да има ефект бојкотот. Луѓе си искачаат со неколку ќеси од маркет. Претежно повозрасни лица.