Мислам и повеќе од солиден е одзивот. Живеам до Кам кој има милион купувачи на ден, од сабајлево е празен, само неколку баби им отидоа. Да не се пензионериве без карактер, во акцијава ќе беше намален прометот и за 90%. Ама пустите така се научени уште од Ју ќути, трпи, може да биде и полошо.
Не очекувај нешто од неписмен народ, пола од нив се со 4то одделение. Следен петок пак, нека не мислат макркетиве дека е еден ден. А ако качат пак, по цели недеи бојкот. Можеме на пазар и маалски дуќани една недела. немој некој да не умре за хоплата што ја има само у Тинекс. Или месото од ајкула, или октоподот у Веро. Збеснат народ.
Јас поминав покрај Жито маркет и имаше само една постара жена на каса. Обично е врвулица и по 6 души минимум чекаат на каса.
И малските дуќани се изгор. Тие денес што пазаруваат се црните овци во општеството, треба да ги запамтиме кои се… Доказ дека кој стигна не војува како сака се овие луѓе зато не не бива како држава
Не мислам дека треба сите пензионери да се судат одма. Пример сабајле видов една стара што носеше само леб и јогурт, се гледаше дека едвај оди и самата. Не дека баш сите стари шетаат секој ден за инает, ако нема кој да ти купи и те како ќе излезеш.
Едно кокиче не ја прави пролетта. Ќе видиме како ќе тече работава. Од тоа што го видов во помалите маркети, не ми изгледаше ветувачки. Се надевам дека грешам и мнозинството граѓани нема да излезат да пазаруваат. Во Веро мислев дека ќе биде исто, ама се изненадив што видов дека нема луѓе. На масите имаше луѓе што седеа и јадеа.
Очигледно во различни филмови живееме. Тоа знаев беше за едно а ќе видиме за друго, не мешај баби и жаби. Ако земеме така за секого можеме да најдеме оправдување, но не е во ред ако веќе е бојкот треба сите да се држат до него, ќе преживеат без сол и леб за еден ден немаат гајле.
На никој ништо нема да му биди еден ден во неделата ако не испазари буквално, само ум со инка не се тура
Се знае дека секогаш ќе има исклучоци, особено се очекуваше од пензионери, некајте ги. Да си ја продожиме ние агендата, мислам ќе се постигне успех.
Па нека не плачат на телевизија дека со пензијата не можат ништо да си купат! На секоја анкета само пензионери гледам, абе срам да им е
Баш тоа, секој ден ги слушам како плачат за цените, а сега добар дел од нив се летнале по маркети. Епа малку им е изгледа. Срамота.
Не знам за маркетите и пензионерите, ама по пекари тепачка денес, во кафичи игла не можеш да брцнеш. Не е поскапувањето само по маркетите, пекарите и те како дигнаа цени до плафон. Се дур не се освестиме колективно, нема да не биде и тек допрва лошо ќе биде. Се квичи по маркети дека е скап лебот и јогуртот, ама кафето во кафич од 100 и кусур денари и бурекот од 100че не е многу.
Живеам во помал град и баш излегов да видам што се случува. Во тие маркети што се тука, низ центарот, немаше луѓе. Не се гледаше дали некој има на каса, можда мрдаше една жена, не знам )) Во локалните киосци прашав дали има бојкот, викаат „Не, како и секој ден ем исто.“ Ама по кафичите и слично-врие народ, имаат и маси изнесено надвор, зашто има сонце и одма се будиме фраерите ))))
Следно бојкот на ЕВН . Претеруваат со " надоместокот за пренос на електрична енергија " . Ми наплатуваат 3200 денари од сметка , за кабел кој ЈАС ЛИЧНО го купив , и кој не е подолг од две метра . Ова не е нормално веќе . Ок , разбирам дека одржувањето на електричната мрежа има трошоци , да не се разбереме погрешно , ама , побогу барем да гледам кај ми одат 50€ месечно , да работат нешто . Вака , гледам каблите со висок напон ми удираат во прозор малтене , плус оние заштитни гумирани делови висат надолу . Имаме во маало една бандера , толку е искривена што кај да е ќе блокира пат бидејќи е пред паѓање . Им се јавуваме за некој одреден проблем , да дојдат да го решат , со години чекаме и сеуште не дошле . Еднаш имаат дојдено за замена на далекувод , ама баба ми им се јави 5000 пати во еден месец три години им се јавуваше секој ден , на крај за да ја откачат дојдоа и го заменија . Значи бојкот не еден ден , туку и цела недела ако треба . Ќе преживееме со храна од зелен пазар . Не ми треба хопла , живеев и без неа како дете . И без бадемовото млеко можам .
Другар..... Денес мора да се пие кафе. Не чини кафето дома. Тоа во кафичите со злато е прскано Јас добив коментар дека сум била будала што не одам по кафичи.