Дома на еспресо машина - квалитетно еспресо ми е 11 денари, а поефтиното и до кај 5 денари така да, нека си го чуваат хах
Работата со кафичите е што се луксуз, а не потреба. Ако сакаат и во облаци нека одат со цените, мене пример не ми е гајле. Ако ми се скапи, нема да седнам никогаш и тоа е тоа. Маркетите се потреба, храната е потреба за живот - за тоа не можеме да речеме ете не морам ако ми е скапо (како за кафичите), оти за жал мораме. Затоа во преден план сега да ни е храната и хигиенските продукти... мора некако да се издејствува. И не е само лебот, саламата, нели. За здравје е потребна разновидна храна, ни треба леб, ама ни треба и мешунки, ориз, зеленчук, овошје, млечни, месни производи. Не може само да замачкуваат очи со бел леб од 300 грама ако го направат 30 денари и ние да треба да скокаме од среќа. Јас од сега на таму, секој бојкот ќе го поддржувам... само да има успех.
Луѓево сакаат да бидат видени, да се сликнат за на стори дека седат во некој јак кафич, макар кафето е 200 денари. Па и ако можат сите ресторани да ги свртат, па и таму да сликнат што јадат, макар пица да е и 700 ден. Убаво рече некоја членка погоре. Ние од ,,курчење" си патиме.
Никогаш тоа не ми е било јасно ! Да го/ја видат? Кој да ѓи види? Кој мисле во нив? Кому му е гајле?" Не можам да заспијам вечер "ако некој бил или не бил во некој си таму кафич ццц
Да го видат девојчиња дека седи во кафич и пие кафе со мачмалоу. А од кога ќе излезе од кафич, нема пари ни за карта за автобус за да си оди дома.
Те разбирам и во право си но плачат за бојкот и фаст фудовите и кафаните плус местата за искачања со морални резервации на коњопои од 6000. Сите претераа, мора да се прошири листата за следен пат.
Така е. Како може во кладилница кафе макијато и еспресо да се по 30 и 40 ден. Или сок Пепси, Миринда... 0.5 40 денара? Така треба цените и во кафичите да се!
Јас немам ништо против оние кои одат во кафичи или кафани. За мене одењето на такви места не е неопходно. Ретко одам. И одам во поевтини кафичи. Кафето кое ќе го платам 4 евра не е ништо поразлично од кафето кое е 6 евра. Во Мк не давав повеќе од 120 денари за кафе.
Да,али огромни се цените во кафичите стварно луксуз станаа, еве пр. у кладилница можеш да седиш колку сакаш без да уплаќаш, а у кафич не можеш без да порачаш да седиш колку сакаш,не можеш ич уствари.
Јас мислам дека во екот на бојкотот сега, треба да разграничиме шо е неопходно за живот, а шо е луксуз. И како можиме да дејствуваме кон неопходното, зошто нели, сите го користиме. Секое едно семејство мора да си земи храна и производи за хигиена. Одење во кафич е желба. Не мораш. Не го прајш посекако. Имаш избор. И сите ние прајме избор кога одиме во кафич на пример. Ако не ми одговара цената, ќе одам на друго место. Ако многу пари на то ми бегат во месецот, нема да одам ич. И то е „тивок“ бојкот. Скроз ми нема поента тргање на фокусот од нешто толку важно и неопходно за квалитетот на нашиот живот со каприц. Туку ко беше прв пат Хрватска бојкотот имаше одредени статистики шо за излезеност, шо за загуба итн. Има нешто такво кај нас денес?
Тинекс со соопштение, ќе ги враќале цените на ниво од пред 01.01.2025, без имени во прв квартал на 2025, а од следниот единствено во согласност со стапката на инфлација
Не знам срцки кај вас како е, кај нас пензионерите денес на најјако беа пуштени, сите со ќесиња од маркетите се шеткаат...
Младината денес по скапи кафиња и журки е излезена низ кафичи, а старите низ маркети пазарат и за младината, пак така сите среќни и весели "бојкотираат"
Кафето колку сака нека е скапо. Кафето не е потреба, ако не сакаш да даваш толку пари за него - нема да пиеш. Исто и за цигарите, насекаде по Европа се скапи па не гледам некој да се жали - затоа шо не се потреба. Ама јадење мора да се купи оти неможеш без јадење да живееш.
Срцки, ај напрајте ми проста економија. Ако живееш со пензија од 12.000 како ги распределуваш парите и што јадеш уствари?