Тоа се думам и јас бе срцка, па нели ниски пензии имаат, немаат пари и тн. И еден ден не можеа без да пазаруваат, ем да заштедат? Мммм не, тоа или намерно се прави, или некои да се неинформирани (реткост).
Мхм, значи овие што не купиле денес и бојкотираат ќе умрат за јадење. Најдобро ова да прашаш некој пензионер оти кога не им дошло да поддржат бојкот против скапотијата најверојатно им стигаат тие пари, а како само тие си знаат
Не ме разбра, викам дека добро е шо бојкотираат за да се намали цената на прехранбените производи и добро е шо не влегуваат луѓе во маркети. А во кафичите ако им се седи, нека седат, ако им се дава пари нека даваат, а и без кафе се може. Ама без храна не се може. Затоа не ги оправдувам пензионерите шо тркнаа одма да пазаруваат.
Добро бе, нели левичари бевте? Стварно не разбирате за да ви нацртам? Значи, ако јадеш леб и сол, леб купуваш секој ден. Добро, можеле да купат леб и кисело млеко вчера, ама крај на месец е. Ваљда немаат буџет за кисело млеко. Го спомна некој тој момент, дека денес добиваат пензии. Пс. Луѓе што живеат со броени пари, последните денови од месецот ги поминуваат со празен фрижидер. Нема информации @theowndemon, велат пад од 40% , трговците не коментирале, ујп спие. Во Хрватска нивната Ујп информираше, пошто они секако следат во реално време.
За бесмисленоста на бојкотот: Оваа борба со цените е борба со ветерници ЦУМ (Централен УниверСален Магазин)
Имам во маало една пекара која работи само ноќе ,т.е после 19:00ч. Бев прееска да земам ѓеврече за синко, и оп...Нови цени од денес! Бурекот од 80 на 70 ден. Ѓевречето од 25 на 20. Благата вафла од 50 на 40. Земав од све колку да видам дали на грамажа намалиле. Не е . Исти се. Мош ќе има некој резултат бојкотов
Јас видов повеќе стари луѓе, пензионери, само малку млади. Она што ми остави впечаток е тоа што видов како некои купуваат само едно пециво или кифла, па потоа видов како седнати во бурекџилници јадат бурек. Дури и пензионери што одвај се движат беа излезени да купат денес макар и една кисела вода. Дури видов млади до ќеси од ДМ, книжарници, цвеќарници. Сепак, фрекфенцијата беше значително помала. Не може да се генерализира, бидејќи некои од х причини купуваат. Хрват една пензионерка вели добив денес внук и морав да излезам да испазарам. Она што ми остави впечаток е дека некои навистина излегуваат иако очигледно немаа потреба. Ова само покажува колку ние како народ може да се договориме помеѓу нас, да се почитува тоа и да се избориме. Не дај боже да дојде нешто да треба да покажеме единство 100%. А политичарите се потепаа кој попрво да го поддржи бојкот, како да не дојде и заради нив оваа ситуација. Така и во Хрватска. Прво министерот за економија , па последните политичари се наредија демек да дадат поддршка на народот.
Абе луѓе, мора да се почни од негде! Можеби не е најдобра идеа бојкотов, ама сигурно подобра не е пазарење од најскапи маркети. Ова нека биди прв чекор, следно да се оди со нешто поефикасно и помасовно, ама не, и тогаш ќе се најди 1001 мана и причина плус зошто баш да се пазари. Пензионерите морале леб и сол да купат денес… Не! Тоа е патолошока потреба од пазарање и влечење колички по автобуси, макар и за 2-3 компири во најголемите скопски жештини.
Леле луѓе, најдовте нешто интересно да правите во животот. Одите по маркети да видите кој отишол да купува и што купил. Абе сејте мирни, бојкотирајте ако бојкотирате и аман заман, пензионерите денес леб купувале. Некоја постара жена богами добар пазар направила. Шо не прочитав веќе.
И јас да имав барем 4000 евра приход во мк, така ќе глаголев. Добро де, и да бев оперирана од срам. Па не баш , ево види погоре. И ГРОМ и ТМРО се ужаснати од бојкотот. Они уште постојат како партии и се ранат од буџет ?
TMРО? Уште постое таа партија? Дали беше таа на Тито Петковски или грешка сум? Тој Тито пред некоа ден на ТВ го имаше, тој уште од времето на библијата е.. и уште се меша во политиката..