Лани беа до максимум 59 денари. Сега се од 79 до 99 денари. Инаку не се повеќе 100 грама, туку се 85 грама. Пет реда внатре и толку.
Да, точно е. Цената на какаото ќе расте. И јас наслушнав така. Така да, спремете се да плаќате поскапо кафе и чоколадо. Влегов во Кам само да земам сиренце...маркетот преполн, пола од производите ги немаше. Нема води, леб, а се гледа на рафтовите дека фали и од другите производи. Тоа значо дека денес народот удрил јако и срга за сега: Маркети vs Бојкотирачи - 1:0
Малку е 46,59 % пад. Треба да им се деси поголем пад. Петок не вреди. Во други денови треба да се прави бојкот.
Во Веро - Тафталиџе вчера, а особено денес невидена гужва. Нема врска, на крај испаднаа криви тие шо посматрале дали некој испазарил или не.
Убаво ова со бојкотот ама знаете што уште треба? Да стоиме рамо до рамо со земјоделците кога бараат повисока цена за доматите, пиперките, оризот, јаболките, млекото, кога им ги колат свињите оти наводно имало свинска чума, а уствари немало. Ова со свињите од близок извор можам да ви потврдам дека ги колеле и без да има потврден случај во близина. Да, имаше свинска чума ама не толку колку што испоколија свињи за џабе. Тие што работат на +40 и -5, што даваат огромна сума пари на механизација да си олеснат со надеж дека ќе им се исплати, за на крај родот да заврши на улици или да скапува по ниви, а вие да јадете увезени патлиџани за 150 денари.
Кафето може и уште да поскапе. Маркетите имале стари залихи уште. Епа да го откажеме, не е здраво. Еве јас си пијам по 2 на ден, онака ако ми е здодевно, ај кафе и едно наутро.
Точно така, плус тоа треба да имаат гарантирани цени за откуп, обезбеден пласман и ред други работи за да може да ги пласираат своите производи, а не ги залажуваат со бедни субвенции а приватници им ги откупуваат за багателни цени производите и работат со загуби, пак после скапо продавале по пазарите. Инаку за ова со наводната чума за свињите и јас имам слушано муабети дека е така.
Значи болеста во државава, да, ја имаше. Муабетот е дека ја немаше сегде, а идеа по фарми иако немало потврден случај во радиус од 5км (мислам толку беше), немало друга фарма во близина и даваа наредба да се заколат свињите.
Да да за истото велам дека се уништувале домашни животни наводно поради болеста а немало потврда дека ја има чисто колку да се направи бизнис.
На крај пак ние ќе го јадеме стапот со поминати рокови, вчерашни лебови, ниски цени а сепак производството во соседно Косово или Бугарија со водењасти шампони, или прашаци. Кој знае од што месо купуваме, а да не зборам кој знае што друго е увезувано. Се додека државата ни е ваква без закони џабе тие 5-10 гљздуринки што ги бојкотираме. Се додека од корен не се сменат нештата џабе е! Кого бојкотирам Кит-го, Тера или фреш? Кога тоа е еден газда??? Не знам Кам и Стокомак како работат ама префрлањето роба од еден од друг маркет. МАФИЈА, срање држава!