Сега на вести имаше, производителите на ориз кажуваа дека оризот им се откупувал по 22-27 денари од кг. Истиот тој што ни се продава за минимум 90ден/900гр. Трагедија, страшно!!!
Кочански ориз, со бубачки го продаваат друго не коментирам. Утре можам и да ви сликнам. Џабе ќе правиме муабет за цена.
Најљепше жеље чоколадо стигнало 93 денари до пред некоја недела беше 70 денари, а да не зборам кога беше и 40 денари.
Јас ги бојкотирам, а за другите не знам. Вчера го разминав Тинекс и од кола колку што можев да видам, немаше многу луѓе. После ќе поминам покрај Веро во Кисела Вода, па ако можам и ќе влезам да видам дали има луѓе.
Искрено Тинекс не, одлуката е селективна и не е логична. Како е одлучено, зошто конкретниот маркет не ми е јасно па го гледам ова како некој рандом поединец на интернет така да му текнало (прочитав на твитер дека така случајно бил изборот). Реално Веро и Рамстор се со наголеми маржи па би било логично така да се почне. А што е со Кит го и таму е поскапо од Тинекс. Ако сакаме да ги менуваме работите треба плански да се направи бојкотот како претходниот петок кога не влеговме во ниеден маркет. Кам и Кипер имаат шит роба таму и не влагам а во Стокомак ретко. Од другите маркети што нудат добар квалитет Тинекс е со најпристапни цени и сојмал профит според сите податоци од Ујп, ете тоа е моето објаснување. Ако има акција за целосен бојкот во петок пишете.
Тотално логична е иницијативата. Не го измислил некој кај нас, туку ова се применува и во останатите држави на Балканот. Понатака во план е исто вака да се бојкотираат и Стокомак и Кам, Дим и Кипер, Рамстор и Кит-Го. Се е добро осмислено. Ги бојкотираат двата од трите најскапи маркети во Македонија (требаше и Рамстор заедно со нив) со цел да ги намалат цените, па конкуренцијата да почне и таа да ги намалува. Треба сите да бојкотираме и да сме сплотени за вакви работи, а не да се разјадуваме помеѓу себе како хиени. Ги сфаќам и тие што не сакаат да бојкотираат, а сигурно имаат и причини. Една од тие е дека му се лутат на македонскиот народ за некои си други работи што не излегол/направил. Но народот е скоро ,,утепан". Нема некој да го води и е препуштен сам на себе. Главниот виновник за тоа, а и општо за се, е државата и политичарите. Реков погоре еднаш, а ќе речам пак: Рибата смрди од главата, а не од нозете!
Во најава поскапување на млечните производи! Во меѓувреме, поскапеа чоколадото, путерот, месото, бисквитите и некои сувомеснати производи, пренесува Слободен Печат. Со ваква сложност, аирлија нека е.
Веро е малце разретчено, ама Тинекс полн, машала... Нема ефект. Бојкотот мора да биде подобро организиран.
Превземено: ,,Македонскиот бојкот во петокот процентуално беше подобар од хрватскиот. И со зголемувањето на прометот во сабота за 11% повторно беше подобар. Тоа што маркетите од понеделникот биле полни се должи на исплатата на пензиите. Македонскиот бојкот од петокот иако подобар не даде никакви резултати во однос на намалување на цените, за жал. Додека во Хрватска маркетите замрзнаа цени до јуни на одредени производи, нашиве немаат таков план. Разликата меѓу двата бојкота е што во Хрватска има организација на потрошувачи со јасни барања и агенда за работа. Кај нас беше стихијно, самоорганизирано и секој со свои гледишта. Затоа петок повторно бојкот!"
Треба и Жито, Рептил.. да се бојкотираат они као демек поевтини уствари поевтина атмосфера имаат а цените исти се
Стокомак објави флаер и почнува од утре и тоа премиерно со книги, читав по книжевните групи поголемиот дел пишале ќе бојкотираат. Јас секако од минатиот бојкот продолжувам и сега од четврток до понеделник. Се надевам луѓето ќе бидат посложни за да има ефект
Таму па кога и да влезам камен ладно е и по другиве е ама таму некако посебно ги жалам вработените офтопик ама морав. Инаку бојкотирав и петокот и утре ќе. А за тинекс не знаев всушност и преретко одам секако ама денес купив јогурт и сеа ми е криво.. и да имаше пред мене 4 ца..
И јас бојкотирам и утре и во Сабота! И секој нареден ден. Купувам најнеопходно. Зеленчук и овошје од пазар. МОЖЕМЕ ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ