Слабо се информирани луѓето за денес, бев на банкомат во Тинекс и имаше луѓе, не е како прошлиот петок кога немаше никој. Битна е и кампањата, треба убава информираност, некои стварно не знаеа.
Денес поминувам покрај Тинекс не знаеш дали е маркет или пензионерски дом. Реално овие пензионерите и не се за жалење, секоја чест на исклучоци. Абре два дена не можат да издржат без пазарење
Маркетиве како да се инаетат на бојкотот не ги мрднале цените, туку уште повисоки. Море само казни за овие ѓубриња
Мене навистина не ми е јасно зашто не можат да се воздржат од еден ден купување. Секој ден ли одат у маркет да купуваат па да не можат еден петок да скокнат ? Еве пример јас на 3/4 дена одам у маркет или еднаш неделно. Пазарам за неколку дена, зи јадам тоа што имам у фрижидер. Секој ден у Ск да чекам редици за еден леб и 300 грама сувомеснато нема шанси.
И мене тоа не ми е јасно. Сите имаме храна дома да издржиме три дена без продавници иако реално еве за себе ќе зборам можеме ние дома и да не пазариме недела две, освен леб на неколку дена. Ама не бре овој народ е учен само да се жали и да оди дури и два три пати на ден во маркет за шо едно нешто. Овој бојкот докажува дека не сме сложни во ништо
Јас овојпат намерно не бојкотирав. Не сакам што одма доби политичка нота кај нас. Не сакам премиерот да ме поддржи во бојкот, си има други механизмј што мора да ги примени. Никаде никој политичар од власта не се вмеша само нашиов одма се вмеша. Веројатно затоа кај нас веројатно спласна ентузијазмот за бојкот.
Уште првиот бојкот шо беше на 31ви ова ми падна смешно и тажно во исто време. "Владата го поддржа бојкотот" - злато, не треба да поддржиш така на збор. Ако вистина поддржиш ќе смениш нешто оти како влада, како премиер, имаш можност да напрајш промена. Ама не, владата поддржала. Премиерот поддржал. Бруки живи. Место да преземат јасни чекори кои би помогнале на народот тие одбраа да се пасивни. Инаку јас поддржвам бојкот, и пак по барем 3-4 дена слеано.
Мене толку ме мрзи секој ден да идам до маркет, шо купувам по 2-3 штеки цигари и кога снемувам, тогаш пазарувам наеднаш се шо ми треба. А стварно ништо екстремно страшно нема да се деси сега на пример да се бојкотира 2 дена.. па 3. У друга држава тоа
Не е Македонче ни глупо, ми просто, ни не знам шо. Само му фали навика и подобра организација, а и очигледно информираност, ок ај. И да, потребно е повеќе од еден ден.
Како не, и во Хрватска се потепаа да поддржат. Инаку, брзопотезно е основана комора на трговци на мало и брзопотезно почнале да квичат дека со ограничени маржи ќе поцркале, ќе отпуштале и крај на светот ќе дошол. И се тоа по еден бојкот и најавени владини мерки за ограничени маржи на основни животни производи. И шта чемо сад? https://360stepeni.mk/komorata-na-t...ne-na-marzhata-baraat-itna-sredba-so-vladata/
Уште да бојкотираме, ама не само петочно. На неделно ниво. Нека не ни мачкаат очи. Нема да ги отепа таква мерка. А, заслужуваат и строга.
Четири големи ланци маркети се договарале за цените, утврдила Антимонополската комисија. “Контролираните субјекти, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи.” Наводно: Веро, Тинекс, Кам и Рептил.
Не гледам проблем во ова, чак и ги подржувам и мислам дека се во право. Целиот гнев го насочивме кон маркетите а тие работат со мала маржа која не ја покачувале, додека цело време имале проблем со добавувачите кои секој ден си ги покачувале цените и маржата им одела и до 70%. Не да не треба да се казнат маркетите за оваа политика туку треба и да се подржат, зошто направиле ете барем нешто, т.е.притисок врз добавувачите. Не знам само дали во одлуката на владата се ограничува и маржата на добавувачите?