Секое чудо за три дена. Нејсе, за друго дојдов зашто гледам дека никој не спомнува и не знам колку често им е практика? Ако пазарете некогаш од Кам, знаат да наплатат 30 ден. за торба (дури и ако вие си носите своја); од Жито Леб ако е гужва и плаќате со картичка (од 5 до 10 ден. куцат повеќе доколку имате повеќе производи).
Треба да почнам да читам и шо пиши на сметката место само да ја однесам кај моите за да скенираат. Немам забележано, а најчесто сум со свои торби. Жито Маркет не пазарам ама обично дур ми наплаќаат ми стига порака од банка за точната сума која ми е наплатена и така знам дека на други места точно до денар наплаќаат. И се ова е дур ми е редот и дур излегва сметката.
Во кам може да биде една цена на рафт, а да наплатат друга цена и да се вадат со тоа дека не им биле сменети цените. Се чудат како да не искрадат
Навистина? Ова ме натера да ја земам сметката од вчера од КАМ, но нема такво нешто наплатено, или можеби дека со ранец пазарев. Јас па и не секогаш обрнувам внимание на тоа дали се исти цените на рафт и на каса.
Зошто да спомнуваме кога ни се нема случено вакво нешто? Ниту во Кам, ниту во останатите маркети. Прв пат читам за ова од тебе.
На мене во Кам не ми наплатиле за торба. А секогаш носам торби. Ама ми се случило да е на рафт една цена, а на каса друга. Откако последниот пат се изгорев, уште пред да излезам од маркетот ги проверувам цените на сметката.
Истото ми се случи и мене баш затоа и пишав. Една цена беше на рафт, а после на сметка беше поскапо. Кога се побунив после ми рекоа не им биле сменети цените на рафт. Затоа треба одма проверека и реакција на лице место.
Еве зошто доаѓа до разлики во цените. Ако видите, реагирајте. Кажете им на вработените или пишете им на маркетите на нивните профили на социјалните мрежи со напомена дека ќе пријавите во ДПИ. Неажурирани цени – Работниците можеби не стигнале да ги ажурираат цените на рафтовите откако е направена промена во системот. Попусти или акции – Некои попусти важат само со членска картичка или во одредени часови, па цената на касата може да биде различна од таа на рафтот. Грешка во системот – Понекогаш може да има грешка во компјутерскиот систем кој ги регистрира цените, особено ако е направена промена во последен момент. Рачно поставени цени – Ако цените на рафтовите се менуваат рачно, постои можност работниците да ја заборавиле или доцнат со замената на старите етикети. Различни баркодови – Понекогаш производите изгледаат исто, но имаат различни баркодови (различни грамажи, пакувања или производители), што може да доведе до разлика во цената. Ако се најдете во ваква ситуација, најдобро е да ја пријавите разликата на касиерот или некој од вработените во маркетот. Според законите во многу земји, потрошувачите имаат право да ја добијат стоката по цената што е прикажана на рафтот.
А зошто да не спомнувам? Замисли се случува и кај останатите? Лошо е да прашам, па зошто е тогаш форумов? Се направи попаметна дека си немала такво искуство?
Не велам дека лажеш, ама... Еве зборев и со други на кои им се нема случено вакво нешто и се зачудија. Стварно од тебе прв пат прочотав вакво нешто. Познавам и касиерки во Кам. Имам и братучетка која работи во еден. Ми немаат ниту кажано за, ниту направено вакво нешто. Не може да ти наплатат за твоја торба, ти можеш да купиш торба од нивните (белата или црвената) и за таква да ти наплатат. Значи, се случило нешто. Или некој пред тебе купил од нивните торби, па по грешка ја наплатиле на тебе. Или некоја касиерка поткрадува. Како и да е, пиши им на Кам што се случило.
Може во секој Кам е различно. Јас памтам дека не дозволуваа пазарување со торби. Требаше производите да се ставаат во количка или корпа.
Од количка/корпа па на каса па во ранец/своја или купена торба. Не можи да ми продај со сила торба и да забрани да не користам моја торба, или претходна торба од друго пазарење или во ранец.
И секогаш треба да се чита натписот на цената дали е за тој производ и тој баркод некогаш знаат да се мешаат ливчињата со цени или производи да се измешаат.