Баш сега пишав во една друга тема, 360 денари јајца табла… ние јадеме месечно сигурно по 3-4 значи ова е лудило без крај
Пак треба бојкот, ама онаков што личи на бојкот. Не да се пикаат по 100 души во маркет ко да нема утре. Инаку, ова лудило ќе нема крај.
Сега пред Нова Година нагло цело време ќе зголемуваат цени, наместо да помогнат на луѓето они одмагаат
Треба народот да ги бојкотира поскапите брендови и да ги заменува со поевтини варијанти. Не дека поскапото е поздраво.
Точно, ама оди убеди ги. Испод ниво им е да земат морски плодови од Вичи, само Ланарас признаваат. Или морало копани на Перутнина оти на АнаКом или Слога им мирисале (иако имаше скандал и со производи на Перутнина). Исто и за козметиката, морало маскара на Макс Фактор или Лореал иако и таа на Есенс е добра (само трикот е да се остави малку да се потсуши за да не се пресликува после нанесувањето).
Чоколади кои до пред некоја година чинеа помалку од 40 денари, сега се приближно 100. Најмногу со српските марки е тоа случај. Колку пати имаше скандали за пронајдени штетни материи во брендови како Милка, Сникерс, Киндер? (добро би било да отвориме тема каде секој што ќе сретне ваква вест за некој продукт, да може да ја сподели и да бидеме информирани, jас од пред кризата не купувам производ ако сум дознала - ни евтин, ни скап, мислам ептееен ретко ако е вкусно чоколадо во прашање, еднаш годишно, а не треба ни толку). А и сите кондиторски производи пливаат во палмино масло, барем за помалку пари да се труеме.
Ај ве молам отворете тема и нека се сподели ова. https://www.index.hr/vijesti/clanak/nestlé-povlaci-hranu-za-bebe-u-25-zemalja/2747400.aspx?index_ref=naslovnica_vijesti_najnovije_d Не знам дали ги има производите во Македонија, ама ако ги има, не се сомневам дека некој ќе продолжи да ги продава.