Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојкот против високите цени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maaraa96, 21 јануари 2025.

  1. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    1.664
    Пол:
    Машки
    Веро е поскапо ама затоа нуди подобро shopping experience, конкретно во мојата населба.
    Поголемо е, попросторно, подобро осветлено и со поголем избор на производи и има работно време подолго од Кам.
    Камот е во подрум со вештачка светлина, дупло помал од Верото а дупло повеќе гужва и бесконечни редици. Некогаш ако ми се брза, пазарам во Веро.
    Така што, не секогаш предначи поевтината цена при изборот на маркет.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
    Јас Веро си пазарам в град кога сум бидејќи ми е в комшии, во близина имам и Кам каде одам поретко, многу ме нервира тесни места низ рафтовите и многу луѓе. Обично гледам да земам производи на акција, за да ми се собираат и поени на картичка, па на крај на година имам собрано за 700-800 денари попуст. :D
    Навистина е поскапо ама квалитет си е квалитет. Не сум ни нешто богата, ама исто така како човек што живее сам пазарам два пати неделно, максимум три.
    А што се претерува со цени навистина се претерува.
     
    На SummerGirl и Antebellum им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    Оф леле во Веро квалитетно, мајке ми.
    А тоа дека е попросторно, поосветлено, па тие се тие трикови што ги користат за да трошите повеќе, не е тоа случајно
     
    На christinnn, raww, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Државата реално треба да ги намали побарувањата од фирмите, со 6 милијарди буџет тешко дека некој ќе намалува цени...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    12.781
    Пол:
    Женски
    Ај што зголемуваат цени, намалуваат на квалитет и количина?
    Нема веќе 1кг, нема веќе 100 грама, не е веќе 1 литар, приметете на производи, скоро се што било пола кг, сега е 470, 480 грама, чоколадите од 100 грама, на 80 се намалени..
    Еве прееска купив портокали од Кам, во вреќа пакувани 3 кг, пола скапани внатре, исцедив сок од тие што не беа скапани, горчи.. Барем да добиеме квалитет и количина кога веќе плаќаме поскапо, ама ни тоа.
     
    На azelea и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.910
    Буџет појма немам како се полни...со кредити ваљда.
    Ама...повисоки цени-повеќе даноче:angel:.
    Сите среќни, освен магарето.
     
    На Realist1, SummerGirl и Antebellum им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Народот во секој случај ќе е во минус. Сега најавија покачување на плати и пензии, иако минималко и полека цените се качуваат по денар-два. Со добра распределба на покачувањата нема да се осети многу голем ценовен шок. Од завод за статистика прерачунале дека на 4 члено семејство му требаат 62 000 денари месечно, а две минимални плати се 50 000. Државата има многу ќар од сите покачувања, пораст на плати значи пораст на давачки кон државата, пораст на цигари, гориво и алкохол повеќе пари во буџет, задолжување во банки значи некој процент и за државата, со брзите кредити и со кладилници, коцкарници небројана пара за државата, башка се побарувањата за кое какви даноци кон државата...
     
    На azelea, Realist1, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Authentic

    Authentic Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    64
    Абе со таков мајндсет нема никогаш да ги намалат, остајте предвидувања не сме биле таков народ, мора да се почне од негде, јакине европски држави за минимално зголемување цени дигаат фама и протести али ние иаме бе, и 300% нека дигнат цени ни' се може, кој ќе се замара да искача :wasntme: затоа не дупат у здрав мозок. И уште ќе ги накачат само да знаете.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.135
    Пол:
    Женски
    Малку офф-топик ама секој петок ќе имаат протести? Јас за 2 недели ќе одам Србија и тоа на ден петок :x
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    12.704
    Пол:
    Машки
    Дали навистина е веродостојна(има докази) дека определени, идентични производи се разликуваат меѓу маркетите? :?:

    Единствено шо имам забележано е разлика со Кипер, каде нив им се увезени/со потекло од Турција.
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Ќе се најде некој ќе рече со секој купен производ на денот на бојкот добивате гратис паштета, и цела Македонија ќе се нацрта рано сабајле пред маркетот за да добие гратис паштета.

    Толку сме за греота...
     
    На Guns N` Roses, zemzela91, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.236
    Пол:
    Женски
    Сите маркети ги качија цените.
    Воопшто не е за седење. Дали бојкот со ден-два непазарање или протести, нешто мора да се направи.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Машки
    И така два дена по ред нема да се работи па ко ќе навали народот во сабота, маркетите може и дупло и тродупло ќе заработат во сабота отколку што ќе заработат само во понеделник.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    21.129
    А може бојкотот да биде и така што ќе зимаме, ама нема да платиме?
    Сериозна сум.
    Ние добиваме, они губат дупло. Ем без производи, ем без пари
     
    На Antebellum, SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.910
    Не знам сега како е, дали сте станале комунизам во меѓувреме, ама памтам уште одамна дека исти производи имале различни цени. Научен доказ ли сакаш?:?:

    Отидоа денес хрватите да си пазарат во Словенија, поефтино било.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.090
    Вистина е дека нај не квалитетната храна е во Кам. Многу пати сум земала млечни намази кои мирисале на средства за чистње, дали не се замараат при пренос што им стои до храната или у магацин им стојат наакани стварите едно врз друго.. но нешто има. Имаше до скоро акција на протеинско млеко, 50% попуст, рокот им завршуваше утредента.
    Ова не смее да биде легално. Треба месец до два унапред да се стави попуст на артикли со краен рок. Луѓето се тепаат за протеинско млеко со 1 грам протеин внатре и салмонела. Ама битно 25 денари е.

    И тинекс не се китки за мирисање. Скапан зелнчук им стои на сталажа со денови. Цена до плафон.

    Како што минува времето, наместо да одиме напред ние се враќаме назад.
    Ќе почниме да купуваме крави за свежо млеко и сирење, и да одгледуваме кокошки. По исплатливо би било тоа.
     
    На azelea и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Не е ни ова лошо, нема подобро од свеж зеленчук. Па и другото, само треба простор. А и физичката работа е добра, и така сите сме улежани со овие телефоните.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.090
    Точно. Со години купувам јајца од човек што си одгледува коковчиња. Тестото златна боја има. Исто и домашно сирење и козјо млеко.
     
    На SummerGirl, FriendOfDorothy и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    12.704
    Пол:
    Машки
    Можеби не се изразив добро.

    Дали идентични производи, со различни цени во пример Веро и Кам, се разликуваат во квалитетот како шо погоре беше посочено? Дали тие тврдења се веродостојни или напразно ломотење?
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  20. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    4.653
    Хумусот во Кам (на Ribella) и овој во маркетов за аристократи во мојава зграда е ист на вкус, а разликата во цената е скоро 30 ден. И јас често ги слушам тие наративи дека храната во Кам е за стока, а од Веро пазари готвачот на принцот Чарлс и Камила пошто сѐ е со врвен квалитет, поима немам дали е точно или тоа се муабети левел ,,не ги купувај портокалите, сида има у нив".:lol: Моите купуваат храна за стока од Кам и СтокАмак.

    Порано му се смеев на татко ми дека за 2/3 факинг денари разлика се влече до некаде, денес таа разлика на некои производи во различни маркети е 20/30 денари.
     
    Последна измена: 25 јануари 2025
    На sweet-cherry, CameliaMiller, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.