Каква разлика може да има во здравје радово од Кам наспроти од Веро? Или во истиот бренд минерална вода? Темава од Бојкот против високи цени се претвори во Ние богатите поскапо сирење купуваме, пошто истото поефтино не чини.
Не знам колку би успеало, ама само во петок да не се купува нема нешто многу да промени треба нешто што е прескапо долгорочно да не се купува. Ќе седи и седи на рафт и или ќе се намали до вистинската цена или ќе се врати на добавувачот. Значи траен бојкот не само еден ден за превисокоите и нереални цени.
Како шо кажав, досега само во Кипер, а сега ми текна и во Зегин за некои дезодоранси, имам забележано дека се со различно потекло, отколку истите производи ви другите маркети. Додека, идентични производи да се различна “класа на квалитет” во поевтини, односни поскапи маркети би се потврдило како? Тоа “сирењето е поубаво” мене ми звучи многу субјективно, бидејќи сепак би требало да се идентични производи. Исто така, одамна, тука на форумов, имав прочитано дека прашоците за перење во помали пакувања се поконцентрирани, отколку поголемите кои идат поевтини ако пресметаш колку доаѓа цената на 100гр прашак.
Јас ова имам чуено за странски брендови дека различно праќаат за ЕУ оти наводно повисоки стандарди барале наспроти земји надвор од ЕУ. Од типот застапеност на адитиви, точност на нутритивни вредности или хемиски состав ако е за хигиена. Дека правеле повеќе линии на производи според стандардите и законите што ги има земјата каде извезуваат. Ама колку е вистина, не знам.
И е поевтино од тоа во другите маркети. А е истиот вкус. А дека во Веро има квалитет, не би рекла Истата роба се носи по сите маркети. Поквалитетна само во странство.
Ми нема смисла една фабрика да произведува ист тип сирење на различен начин, пошто нели едното поквалитетно, да ги пакува у иста амбалажа и се тоа да се пакува у посебни камиони за посебни маркети. А иначе у Кипер е најкрш квалитет и не знам како се шират толку. 90% им се пакувани во Косово производите
Можно е да зачестат со протести. Јас се најдов во Бг на 13ти, страшно беше искрено. Гледај колку можеш да одбегнеш/одложиш, не е баш пријатно
Во Хрватска бојкотираат купување во петок, во Србија се обидуваат да го турнат Вучиќ од власт. Којзнае што ќе биде за 2 недели.
Втора класа на производи на сирење и минерална вода? Као, сега една тура сирење со дупки за Кам, и без дупки за Тинекс. @Realist1 да се јави на главна каса да се произнесе за дупките во сирењето
најбитното прашање го избегаваш а тоа е Произведено од: произведено за кам маркет Од мерак да им лепнеш пломба Со дупчиња ваљда мислиш на биено сирење или за обично ми зборуваш
100% втора класа. Не може драстично да биде поевтин производот во друг маркет. Малку нешто ќе променат во состојките, ќе стават повеќе сол во смоките (пример) или не знам таму какви сѐ процеси има при производството... Има разлика, да. Ми текна на Colgate. И Wash&gO, Head & Shoulders, Ariel, Persil... Колгејт, пример, има евтини варијанти низ рандом маркети. Произведени во Турција. Исто и со другите брендови. Во Кипер, шампоните што ги споменав се многу поевтини во однос на други маркети. Произведени се во Турција и-да, имаат послаб квалитет. Прашоците-исто! Имам приметено кај течни детергенти и прашоци, од лично искуство знам дека во ЕУ се далеку поквалитетни од она што го добиваме ние овде.
Произведено од и за е прајват лелбл, легитимно е. Збориме дека појма немам- сирење од фирма Х, истото сирење, истиот бренд, било поскапо во Веро пошто 1 ва класа. Или Кожувчанка
Турските производи може да не чинат само за високата класа. Еве, ние од обичната раја уште не сме цркосале од тие. Поскапо не значи секогаш подобро, поквалитетно и поубаво. Стереотип е. Него, што вика АИ-то: Маркетите имаат различни стратегии за поставување на цени. Некои работат со поголеми маржи за поголем профит, додека други се фокусираат на попусти и поголем обем на продажба. Продавници со посилна репутација или подобра презентација на производите можат да ги наплатуваат повисоко бидејќи купувачите се подготвени да платат повеќе за „подобро“ искуство. И властите и бизнисите нè веслаат. А, ние сами се обидуваме да потонеме.