Точно така е, како што имаш напишано. Што мислиш, зошто само во Кам и Киппер има Кока-Кола од 2 литри? Што мислиш, зошто Кока-Кола продаваат 2x1.75l споени во едно, по промо-цена и истите ги делат во некои маркети за поголем ќар? Глеј, нема да тврдам ако не знаев од сигурни извори. Така што... Да, точно е тоа. Немој да си правиш такви комплекси. Не е суштината во високата класа и обичната раја. Ниту, пак, дека некој треба да цркоса од нешто. Не, не е стереотип. Она што го кажуваш во делот за репутација и повисоки маржи, важи-така е!-за поголемите маркети. И тука можеме да ги споредуваме Тинекс со Веро со Рамстор и слично. Моментално имам колгејт произведена во Турција, купена за 49 денари од локална продавница. Истата ја имав купено за 259 денари од дрогерија, беше произведена во некоја ЕУ земја, не знам сега точно која. И не-не е цената таа што ми вика: ај оди сеа, прави се висока класа пошо купуваш скапи производи кои ќе ги најдеш по 20 пати пониска цена во маркетите кај што таквата класа не стапнува )))))) Ефектот после миење не е ист. Текстурата на пастата не е иста. Имам уште 100 примери: прашок за перење кој не ги прави така чисти/бели алиштата и не остава убав мирис кој трае подолго купен во Мк наспроти истиот прашок купен во Грција, рецимо. И за тетра-пак млеко, исто. И за ред други работи. (И нема да ти држи вода ако и на ова кажеш дека високата класа внимава подолго мирисот да трае, пастата каква текстура има и слично. Поентата е друга, да се сфати дека постои разлика во производите и тоа го покажува цената.) Исто, точно е дека би платил повеќе за да уживам во подобар квалитет, вкус, што и да е... Не е исто ако јадам ципирипи чоколадо или Lindt. Е, сега, второто е екстра скапо, не можам да си го дозволам. Јас зборувам за моментот дека чоколадото ципирипи го има во „евтин“ маркет произведен од истата фирма, но под друго име, со сменети состојки или, едноставно, понизок квалитет, за да биде продавано по така ниска цена. Не зборувам јас за тоа дека во еден маркет едно чоколадо е 30, а во друг 45, на бензинска 60. Тоа е веќе друго.
Океј, за тие од Турција можеби има разлика. Мене ме интересираше за потполно идентични производи, произведени на исто место, со исти состојки, но различни цени во нашите маркети. Дали тука има суштинска разлика во квалитетот, како шо се тврди тука на темава?
Нема разлика. Истата роба ја има по маркетите, ама разликата е во цените е затоа што некои маркети порачуваат поголеми количини. И затоа добиваат поевтини цени. Како што пишав претходно, квалитетните производи ги извезуваат. Тие што имаат пари не верувам дека ќе бојкотираат. За нив не е проблем да купат Барила тестенини. Посиромашните гледаат да поминат поевтино.
Не, ако е храна не. За друго има можност оти произведуваат за различни пазари ама за храна никако Везе нема, вториот трговец става поголема маржа ако се различни трговци т.е продавници. Иначе разликата може е овчко кравјо иста фирма различна цена оти различно млеко, а ист вид сирење овчко си е овчко нема тука прва класа втора класа првпат слушам така да има различна цена у иста продавница па и класа ? Ако е исто сирење различна цена во иста продавница мора да има некоја разлика у состав, моја препорака земај поефтино лажат нема класа. Исто ви е и за месо ако купуваш бут купуваш бут немаш прва класа бут втора класа бут, црн дроб си е црн дроб нема класи има само свински, телешки, од кокошки… Се е заулавено веќе народот го збркаа
Ништо не се прави со бојкотот производите што ти требаат ќе ги купиш во четврток или во сабота наместо во петок, значи маркетот пак ќе си го продаде производот. Читам за во Хрватска конкретно во Загреб успеал бојкотот затоа што имале на 40-50 км градче со голем маркет во Словенија со кои што немаат граница и луѓето масовно тој ден отишле таму да купуваат.
Тоа тешка работа. Претераа со цените. Еден сок литар е 115 денари. Мислам дека битолскиот го гледав на рафт дека е 115 денари Смоките на Витаминка 75 денари
Абе они ќе накачуваат кога има овци, кафе у Микел 300 ден. па мислим тоа на здраворазумна особа не можеш да му го продадеш, едноставно нема да ти го купи, едино овци само..гледам у она m house позади дајмонд имаше на рафт чоколади гледам цена 420 ден. за 80 гр. чоколадо му велам на тој ако успееш да ме убедиш да ми го продадеш чоколадово генијалец си
Епа сега ако не можеш да сфатиш, не сум ти јас крив. Прашај некој комерцијалист со искуство во работата и ќе ти го потврди ова. Јас имам комерцијалист во фамилија и затоа ти кажувам, ама ти и уште 2-3 други не верувате.
Ааа, добро, ако имаш комерцијалист во фамилија ќе поверувам. Сорс рекла казала. Значи не зборам за кока кола, колгејт, ариел, зборам за локално производство. Разликата во цена на ист продукт во различни продажни објекти се вика екстра профит, не екстра квалитет. Пример, немам време да одам во 3 различни продавници, нешто квалитативно различно го има само во Веро, па пазарам и битолско кисело и сирење, поскапо, ама сум завршила работа побрзо. Некој има повеќе време, помалку пари и ќе прошета 3 маркети и ќе заштеди пример 100 денари. Забавно четиво- податоци за 2023 https://lokalno.mk/maloprodazhnite-marketi-rasturija-vo-2023-godina-vkupnata-neto-dobivka-na-najgolemite-sedum-trgovski-lanci-e-zgolemena-za-neverojatni-4243/ Профит зголемен за повеќе од 40% ...машала.
Разговарав со една позната која работи во Тинекс. Жената си кажува дека намален им е прометот откако ги качија цените. Во Мк кога бев влегов во Зур. Тој маркет ми беше најблиску. Ги гледав и цените. Поевтини се од Тинекс. Треба да се отвори посебна тема за квалитетни производи по маркетите.
За странски фирми како Колгејт и слични компании да, важи, ама за нашиве фирми не верувам. Немаат капацитети за производи од различни класи што ќе ги прават за посебни маркети, повеќе верувам дека би имало, ај да ги наречам, фабрики што пакуваат производи за тие маркети, а произведувачот е којзнае кој. Оние што си го носат името на производителот и заштитниот trademark се секаде исти. Немам приметено на пример Салакис фетата од Президент дека е посебно пакувана за КАМ, Веро и останати маркети. Исто како и за останатите производители што продаваат свои производи во сите маркети низ Македонија.
Е ајде сега прашањето, одговорен е некој за квалитетот на производите? Можеби да, а можеби и не. Тек допрва ќе се свестуваме за тоа што всушност јадеме. И најбитното, ќе има ли потенцијален бојкот?
Според мене, најпаметно би било трајно да се бојкотира купување на производи кои се нереално скапи. Инаку вака, однапред ќе се прават залихи или после бојкотот, ќе се блокираат маркетите од гужва. Чист пример пред полициските часови за пандемијата, се креваше сѐ, од квасец и брашно, до тоалетна хартија.
Какво прашање од рака изваде покер направи. Никој, е одговорот на твоето прашање. Па можам да кажам и дека дискутабилно е што подразбираш ти под квалитетен производ. Во глобала во пракса за квалитетот на производот си одлучува производителот, а потрошувачот пак врз база на негов критериум отценува дали ги задоволува производот барањата за квалитет кои тој ги очекува и го купува производот. Значи крајниот производ може да биде многу манипулиран, во многу случаи да изгледа исто а да е со лош квалитет. Ако мислиш на тоа дека некој води грижа за квалитет нема никој, државата ја интересира само да е безбеден за да го консумираш.