Јас не ја сфаќам поентата на бојкот на еден ден кога на крајот на месеџот исто ќе испазарам. Ако ми треба прашок да исперам и месо за ручек, што ми менува дали во вторник или петок ќе ги купам? Пак морам да ги купам, ми требаат. А ако ми се скапи во еден маркет, веќе одамна ги купувам во друг. Кога на крајот на месецот исто промет има, дали мислите дека ќе му смени нешто на маркетот ако во петок има 2% од продажбата а по 150% во четврток и сабота? Можам да не купам смоки и сок, ама не можам да не купам јадење или средства за дома. А ако веќе ги купувам кај што се најефтини, кого бојкотирам, стокомак и зур кај што веќе ги купувам тие работи за 20-50ден поефтино? Се согласувам дека е скапо, се согласувам дека народот треба да се буни, ама дека на овој начин би било ефективно, воопшто не мислам така.
Се сеќавам пред неколку години беше во Јапонија шоферите на автобуси штрајкуваа за повисоки плати така што возеа без пари. Значи патниците не губат туку компанијата од што никој не плаќа. Аналогно на ова би било касиерите да не земаат пари. Ама вака и они ќе губат ама и ние. Ќе ни снема храна па наеднаш ќе изнакупиме све. И џабе. На заебанција реков поназад да земаме без да платиме ама друг разумен начин не ми текнува.
Јас не учествувам во бојкот против високите цени оти си наоѓам да си купам по прифатливи цени производи со прифатлив квалитет. И продавачите изнаоѓаат начини да профитираат и да бидат компетитивни на пазарот за да имаат пристоен живот.
Намален промет во одредени маркети е на некој начин бојкот. Памтам еден период се пазаруваше само во Веро, Тинекс и Тедико.
Имам приметено и во околина, а и на форумов неретко се коментира дека сме генерално пасивен народ, се воодушеваме на други држави каде народот често се бунтува, требало и ние така... И ете иницијатива сега. Почна од Хрватска, бојкотира и Србија, БиХ. Ама кога ќе треба нештото и да го направиме и ние самите, а не само на тастатура да го подржиме, не ни одговара. Епа не може така. И не е идејата што во четврток ќе се испазари сè. Не е идејата во прометот или загубите што ќе се нанесат. Идејата барем според мене е изразувањето незадоволството и општата заинтересираност, незаслепеност, свесност, граѓанска активност и одговорност. Моментот. И за 0.1% да падне продажба на 31ви, 10 петоци со ред да се бојкотира, тој 11 - тиот веќе ќе има хајп и поддршка и за -10% на продажба. Ама кој... ќути си, има и полошо.
А знаеш ли зошто е така? Затоа што скроз го направивте апатичен македонскиот народ со тоа што секој протест го обојувате политички, и на има само лична корист. Да не вртам стари мислења како агитиравте против протестите за името, за пописот, па за време на короната секој што ќе дигнеше глава да се запраша за некоја ситуација зошто е така беше етикетиран, осудуван и јавно линчуван. Е од тогаш се сменија времињата, се сменија и политичките партии, па се смени и наративот кај нив, се сврте паричката. Ама на народот му стана преку глава вееќе од вашата дволичност и ароганција, и секако дека нема да мрдне со мал прст кога веќе ги помина сите портокалови, шарени, обоени и безбојни револуции. Нека ги минат сега овие на север, кога ништо не научија од нас. Ние веќе ја прочитавме таа книга.
Петок не вреди кај нас. Пензионерите ќе си пазарат. Уште па ако им пуштат пензија (дека 1ви е сабота, па може ќе дадат во петок), одма после банка ќе отрчаат. Бојкотот ќе нема ефект ако не биде масовен.
Организатор? Бојкот како и се друго, бара организација. Што се бојкотира и зошто? Оти не е за еден ден што ќе се надокнади некој друг ден, туку е за постигнување некаква цел. Инаку спонтано, ко што рече Самер, луѓето бојкотираат скапи маркети и пазарат во поевтини. Ама ланчана реакција е, ако безобразно и неконтролирано поскапува еден, ќе поскапуваат сите.
Само блокирање на главни сообраќајници и собирање пред министерство. Ама овој народ нема капацитет за тоа. Име променија на државата, никој со прст не мрдна.
Сега листав Твитер и видов дека се крева галама за ова, но треба да се рашири и на други социјални мрежи за да видат различни генерации. Како што ја отворив темава, стојам позади тоа дека јас и луѓето од моја околина тој ден ќе бојкотираме ама треба да направиме да видат поголема маса на народ
Пораката е важна. Во Хрватска и Србија се размислува да се зголеми и на втор, па и трет ден. Ене ги Кам одма распродажба. Пензионерите први ќе бидат во петок. Ќе чекаат на врата пред Кам, како што се чека за нов Епл уред пред продавница на Епл.
Нема ништо корисно на распродажба во посочените Камови. Сите можете да им пренесете на блиските да не се лажат од постот на Кам. Си заслужуваат бојкот.
Бојкотите се најдостапна форма на бунт што сите може да си ја дозволиме, па дури и би ни била лично полезна. Зборам како некој што не може да оди на повеќето протести поради работното време што ми ги зафаќа сите функционални саати од денот и често се јадам за тоа. Ова е најмалку што може да направиме во што поголем број за да се спротивставиме на колективното осиромашување што нѐ засега сите.
Па тоа де. Маркетиншки трик прават. Најлековерни се пензионерите, па затоа така кажав. Ќе стават на распродажба тие производи кај што имаат 500% маржа, а и ретко ги купуваат потрошувачите и ќе залажат некој да им дојде и во петок.
Реално скоро се (со мали исклучоци) можи да се најди на пазар или во пекара, а да не е во некој маркет. Изводливо е. Уште на првата страна пишав, ако има - ќе учествувам. Ете има. Така да ќе учествувам(е). Цело семејство ми е заинтересирано, и то и за подолго изразија желба.
Не го очекував ова од Кам. И те како заслужуваат бојкот. На вакви најавени бојкоти народот треба да се сплоти уште повеќе и самоиницијативно да не купува ни ден претходно, ни ден после бојкотот.
Јас, трајно би бојкотирал и определени производи чии цени вртоглаво се зголемија! А Кам, не за бојкот, за последен круг во пеколот се.
Мора да сме сложни на оваа тема и сите заедно да бојкотираме. На хрватите секоја им чест, моловите им беа празни буквално. Е така и кај нас треба да биде и се надевам дека ке е успешен бојкотот. Нека осетат како е без нас потрошувачите, па нека се размислат за цените.