Јас почнав да ги бојкотирам и во другите денови од неделата. Дај боже да се зголрми и на 5 дена бојкот. И на пазарите треба бојкот да се прави.
Сегде треба бојкот да се праи па да видат убаво. Него, Македонче ќе бојкотира ли кафичи, ресторани, локали или? Ќе се издржи ли, тоа се мислам На Хрвативе алал да им, е така се бојкотира.
Мн ретко во денешно време некој пазари секој ден,така да се што си купил- си купил и тоа е. Се дешава да заборавам нешто па ќе тркнам до локална продавница. Навистина не гледам што би сменало ако еден ден не се пазари. За тоа треба државата да се погрижи и да намали цени. Да најде начин за сите да е полесно, ние џабе ќе си играме играчки. Не би го подржала бојкотов.
Неее Да не мислиш сите за недела дена пазарат? Не бе, баш на секое се трча до продавница. Иначе како нема да смени? Не знам што не сфаќате бе луѓе? Е затоа нишо не успева кај нас..
@Mrs. right @nextredstyle е па еве јас на пример пазарсм за недела дена. Како купувач на одреден ланец на маркет од мене нема да изгубат ништо. Дали ќе го купам тоа во петок или друг ден,не им менува. Парите ми ги собрале. И не сум само јас,еден куп ги има. Што ќе смени? Еве ако не разбирам објаснете ми па да ве сфатам. Не очекувајте од мене да верувам дека државава ќе ја натераме да спушти цени од не пазарење еден ден. А маркетите па ич. Како што реков ако не земат пари во петок ќе земат во сабота. Едит: Секако јас не би пазарела во петок затоа што веќе испазарив. За тоа ви зборувам.
Вака кога ќе прочитам, дека џабе би бил бојкотот, дека сите ќе се изнапазареле во четврток или сабота и сл песимизми, сфаќам зошто сме кај шо сме. Наместо да се предлагаат нови, потенцијално подобри идеи, доколку некој смета дека веќе предложените не се добри, ние само негативното од работите го извлекуваме.
Јас не сум за петок ради пензионерите. Ни, за вторник, сабота и недела. Ако се нафатат, нека биде во понеделник, среда и четврток. Колку повеќе луѓе бојкотираат, толку подобро. Или бар 2 дена. Ама, од некаде мора да почнеме.
Абе, ако не се побуни народ како нешто би се сменило, еве ти кажи? Добро е вака? Дали е океј? Знаете што? Ете од ова си патиме сите. Ти пример имаш, можеш све да си дозволиш, не те засега, и ич ама ич за другите не ти е гајле, па што сакаат нека прават, нека не крадат, пљачкосуваат, нека си играат ко што рече играчки. Им се може! Нема да не биде, знам секако.
Ќе дојди и тој ден кога ќе се стави крај на капиталистите. Не може одредени фамилии како Камчеви или тие од Стокомак да одлучуваат за потребите на цел народ, сигурно заборавиле дека и тие се од народот и дека целиот тој капитал им е стекнат пак од потта на народот. Не може 3-4 фамилии да одлучуваат колку ќе е цената на лебот, млекото или маслото. Полека малце, народната маса е посилна. Треба масовен бојкот на се и на маркети и ресторани и молови. Ама со оглед како е расположението на овај народ, да го турнеш па да запали, тешко дека ќе е изводливо ова. И уште еден погазителен факт е дека баш овие 3-4 фамилии ако видат дека не им оди бизнисот во ова со маркетите, целиот капитал ќе го прераспоредат и ќе го насочат во други бизниси како енергетика, петролеум, итн. Не пропаѓаат овие. Едино решение само народно одземање на целиот капитал и распределба на државен капитал. Оти овие 3-4 семејства се иживуваат со 2 милиони народ. Бојкотирам. Државата е народот, народот е државата.
И кафичите и рестораните се бајаги поскапени. И тие не се имуни на бојкотов. На секоја продавница треба бојкот во петок.
Не знаев дека “имаш” ако можеш да си дозволиш да пазариш за недела дена. Не битно. Во оваа држава од дамна се докажало дека џабе се буни народот. И да секако дека се секирам за сите,и дека не ми е сеедно што се случува ама неможам да сменам ништо. Не сум сама имам доволно за кој да се секирам. Нека се кренат на нозе и помладите што најбитна ствар им е да седнат во кафуле.
Тоа е, сите експерти, веќе знаат шо како ќе биде, ти кажуваат унапред да не се мачиш да бојкотираш. Па не знам што би сменило, ќе пазарат другите денови... Епа и ја не знам, ама ете ќе бојкотирам, ќе пробам, па ќе видиме. Да изгубам немам што, можам само да добијам.
По мое мислам дека мн повеќе ќе смени да се блокираат улици,масовно да се излегува па тогаш владата да мора законски да притисне да има нормални цени отколку да не се купува еден ден во неделата.