Реално е изводливо и еднаш неделно да пазариш да земиш само основни работи од продавница. Да не се прајме на 3 и пол. Причина зошто маркет е популарно за пазарење е зошто е лесно достапно. Ок, и за разлика од мали локални продавници поефтино. Ама логично и очекувано е да е така. Секој пат кога сум влегла во поголем маркет место во поќе мали било ради мрза. А, реалноста е дека сем брашно (сериозно седнав да думам сем во продавница дали имам на друго место видено брашно и немам) и тестенини (а кори паковани видов на пазар) - се друго се наоѓа на друго место. Било то јајца, месо, зеленчук и овошје, и она шо ни е основа особено на поќето: компир, ориз, грав. Се ова има на пазар. Леб има во пекара. Месо има во месарница. Јајца има на пазар. Дури и чепкалки за уши видов на пазар, е тоалетна не видов. Поентата ми е, дома ко сме седнале да збораме темата од ко излезе ова за бојкот, некако ни дојде како борба против сопствената „мрза“ (поќе е немање време ама јебига) да одиме да пазариме вака него на едно место. Скроз е лесно. Не се бара присуство, напротив се бара да не се оди тој ден во продавница. Се бара да не надохнадиш пред или после бојкотот со работи „за секој случај“ туку тие работи да ги земиш во друго, локално, место. Ми излезе Хрватска дека оди следно на 7 дневен бојкот. Прво бев скептична дека некој ќе збора поќе за ова. Сега знам дека ќе има луѓе кои ионака не би излегле тогаш да пазарат ама од чист инает ќе излезат сега. Ама сакам да вервам дека непартиски бар еднаш ќе успејме вака да се организираме. Од солидарност во најмала рака, не дека сите немаме корист од ова.
А што би не коштало ако еден ден Нема да влеземе во маркет? Ние со маШ се договоривме тој ден и да Не пушиме Баш да видам ќе издржиме ли Бојкотирам! И маркет и кафана
Да, масовноста е важна како и да бојкотираш, ама и ова е добар почеток. Натака може само да се шири. Ни Рим не бил изграден за еден ден.
Јас најчесто пазарам во Тинекс поради поени, за Рамстор имам впечаток дека е поскап, а за Кам и Стокомак можам да потврдам дека се поевтини. Пример незнам тоалетна,бришач хартија, некој ствари што тие се дистрибутери се поевтини.
Мене ме плаши моментот дека ова ќе им се удри од глава на работниците во маркети, и онака се пријавени на минималец, голем дел од нив и на пола работно време, да не почнат да ги бркаат нив од работа, повеќето од нив и на определено се, кој на месец, кој на три месеци..
Таму ама озбилно станува ризично. Прашање е дали ќе можеш да стигнеш кајшто треба и колку брзо ќе се разреши или ќе ескалира хаосот.
Имаа објава дека во одредени маркети ќе им важи некаква акција со ептен големо намалување. Барам еве, избришале. Нема ништо. Си направија може брз маркетинг, ама затоа јас денес не влегов да пазарам кај нив.
Еве една анализа од одлична новинарка левичарка и феминистка https://prizma.mk/hranata-i-osnovni...73LvcPsn_hGSUyHdlQ_aem_Wnq4M20CJOKQGOtJSvcOTw
Дечкиии проверете прво извор на информации, тоа беше ФЕЈК профил на Кам, како што прават некои профили Лажни наградни игри
Не беше на фејк профил. Беше објавено на официјалните верификувани профили на Кам. Објавата беше тргната откако неколкумина им коментиравме дека нема ништо корисно и дека цените и онака им се превисоки.
Проверена беше од мене. На официјалната стоеше постот. Сега да си изгубат клиентела, и да бидат пример за како НЕ треба да се прави. Само вака, па ќе се научат како треба. Ко малку да им е прометот. Алчни.