Бојкот против високите цени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maaraa96, 21 јануари 2025.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    23.447
    Дај пратете скрин што објавиле
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.416
    Пол:
    Женски
    Би сакала да успее овај бојкот. Ама искрено не верувам во нашиов народ... дај боже да ме демантираат.
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.499
    На работниците не им удираше од глава кога сите си куцаат со картичка на која им дава попуст?
    Пред мене у Кам вработена куцна артикли со картичка за вработени. Од 700 ден на 300 и симна сметката. Кога за нив може добро е, а по наш грб удри? Допрва ќе им удира од глава, зашто тие се единствените кои комуницираат со народот кој пазарува. Тешко е шеф на смена да им пренесе на службите дека народот се жали?
     
    На Sofronko, azelea, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    25.960
    Пол:
    Машки
    Јас секако ќе го поддржам бојкотот во петок, но реално не гледам некоја голема поента од еднодневно бојкотирање, треба барем неколку денови, и без да се прават залихи претходно ко да е крај на светот.
     
    На CameliaMiller, Cosmic Girl, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Машки
    Надежно, доколку бојкотот биди успешен в петок, јас сум за продолжено бојкотирање на определени маркети и производи, нешто слично како во Хрватска.

    Шо се однесува до пазарње од пазари, тоа е меч со две оштрици. Добар дел од тезгаџиите се препродавачи, а не бавчанџии. Овие вторите се ендемски вид, кои неретко се истиснати од првите, фигуративно, но и буквално. Најчесто се наоѓаат на рабовите од пазарите и ги има се помалку, за жал.
     
    Последна измена: 28 јануари 2025
    На la.malparida, butterfly6223, Likicka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.637
    Допаѓања:
    14.084
    Aјде ќе бојкотирам и јас, но на граѓаните им требаат повисоки плати, а кај трговците ако не купиш во петок, ќе купиш во сабота. Мали се платите и стагнираат. Ако ти покачат плата за 3.000 денари, а се е поскапено и услугите се отидени до плафон, исто како да не ти покачиле. А што остана за покачувања од 1.000, 1.500 денари, за тие пари има само едни фармерки месечно, ништо повеќе.

    @нина122 си пишала дека во маркетите работат за минималец и пријавени на пола работно време. Тука по темите за плати пишуваат дека во маркети земале над 35.000, 40.000 денари, што секако ме чуди, а и по огласи какви суми ставаат, мислиш маркет ти е премија. Што е вистината од тоа? Јас од тие што ги знам, во трговија работат за минималец, или нешто над минималец. Лани другарка ми се пофали дека земала К-15, претходно враќала.
     
    На Amelia и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Јас да имав ќе ти пратев ама ја тргнале објавата "акција додека има залиха во одредени маркети во Ѓорче Петров Тетово и Гевгелија"чинам така беше некако.
     
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    23.447
    Да, Славиците што купуваат алпско и пивка САМО од Веро ќе бојкотираат оти им е скапо.
    Да ви беше скапо, Веро и Рамстор одамна ќе пропаднеа, туку ние од пусти мерак да се покажеме дека имаме кога немаме.
     
    На la.malparida, Bratot, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Машки
    Леле пак со Пивка, ме изнасмеа. :rofl:
     
  10. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Машки
    Парадоксално е што оние кои ставаат највисоки маржи на производите и услугите, банки, кафичи, ресторани, бутици, техничка роба...ќе бидат изземени од овој бојкот.
     
    На la.malparida, Tanjamm, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.955
    Допаѓања:
    130.396
    Пол:
    Женски
    И пазарите треба да се бојкотираат. Некои на тезгите продаваат поскапо и од маркетите.
     
    На Likicka, eliesaab, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.499
    Ние не сме толку напредни како нашиве соседи. Кај нас сеуште има млади кои се испопикани во партии.
    Додека пишувам моментално, сигурно им е веќе наредено на партиските потрчковци задолжително пазарење на 31ви и во прилог да стават фискална сметка како доказ.
     
    На Keiner, butterfly6223, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Кафулињата се нешто помеѓу црква и болница, затоа нема да се бојкотираат. На темата, да беше до моето купување, конзумеризмот одамна ќе беше мртов, а еден ден бојкотирање после сите оние сикрет санти, зимувања и останати фанфари (каде секој за секого и во секоја прилика се изнакупува што може и не може), звучи како мала шега.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.393
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250128_141905_Facebook.jpg
     
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Женски
    Сум имала различни видови на "високи" плати, никогаш не сум имала доволно за да пазарам тука:D
     
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    3.238
    Јас го поддржувам ова и силно се надевам дека ќе има ефект. Не може ова вака... Соленките се 60 денари. Смоки 40-50 средно пакување. Немаме ние такви сила, како народ, немаме такви плати... Мислам, океј, има многу кои земаат високи плати и не ни приметуваат т.е. не им значи тоа со покачувањето, ама сепак...

    Да, би бојкотирал и брендови. И, повторно: силно се надевам дека сето тоа ќе резултира со успех.

    А, за рестораните и слично: тие „суровините“ ги купуваат од маркети, така? Некои можда и на големо (пијалоците секако на големо, зборувам за храна) па, што знам, веројатно е нормално да имаат и они покачени цени во мени? Појма немам, одамна немам одено во кафана/ресторан и слично, не знам како стојат нештата со цените таму.

    Сега, што е планот? Цигари, пример, можам да си купам во петок од трафика? Така разбрав, дека е во ред да пазаруваме од локални продавнички и слично (нешто што веќе не постои во ЕУ, нема мали продавнички (маалски), како кај нас). Леб? Не ми е баш јасно како треба да постапам. А спремен сум да научам и да прифатам, со полн елан!
     
    На Cosmic Girl, SummerGirl, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.255
    Допаѓања:
    189.561
    Кој ве лаже дека нема маалски продавници во ЕУ? :D

    Сега, купи си тутун да виткаш, купи си леб од пекара, сирење и маслинки од пазар, и тоа е.
    Хрватите на пример беа конструктивни со споделување рецепти за ручек без многу купечки суровини.

    А да прашам, ако знае некој- има пример разлика во цена меѓу месо и месни производи од месарница наспроти маркет? Имаше на времето некои месни индустрии имаа и нивни продавници, ама не памтам како беше. Јас на пример месо од месарница купувам, и во цена и квалитет се каде каде подобри. И леб од пекара нормално.
     
    На CameliaMiller, Cosmic Girl, mickey18 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    3.238
    Имам живеено во главен град на земја од ЕУ и немаше маалски продавници. Ај дај линк од некоја, баш ме интересира како тоа изгледа во другите земји.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.255
    Допаѓања:
    189.561
    Нема линк, каков линк:?:....маалска продавница...ко било која во Мк.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.858
    Допаѓања:
    3.238
    Во која држава? Бугарија?