http://ting.com.mk/?lang=en Повели. Јави се и распрашај се, но генерално имаат позитивни рецензии од купувачи.
Ние дома имаме проточен болјер на плин, веќе 4-5 години. Фирмата е Лиал, можеш да отвориш и да прогуглаш, има видеа на фејсбук, затоа не копирам линк. Објаснето е како функционира самиот болјер. Болјерот е монтиран на зид и е поврзан со 40 литарска боца, и работи на батерии. Бидејќи потребна е енергија само за да исфрли искра. Со полнење на боцата може да издржи 1 месец и повеќе, зависи. Јас најдолго се туширам, и кога не сум долго време дома, издржува повеќе од 2 месеци, зависи кога-како. Најдоброто решение беше, и е, за нас. Имаш топла вода на момент кога сакаш. А е поврзан и со чешмата на лавабодото. Уин-уин. Не знам кој се плаши од експлозии, но експлозија може да има и од елекрично шпоре на кое готвите. Микробранова, секој електричен апарат буквално. Ако некој ова го става во cons кога одлучува. Инаку, не знам како би функционирал во фризерски салон. Тука мислам и мало проточно болјерче би завршило работа.
Па сепак притисокот и во салоните не треба да е мал како обичните мали болјерчиња, некогаш треба поголем притисок. Гледав и плински околу 7000 беа. А какви батерии, се менуваат нешто или?
На болјерот има за подесување на сеозна, притисок и јачина на пламен. Погледни некои видеа на самата фирма за нивните болјери. Не се сеќавам колку беше тогаш, но тука некаде, 7000+/- да беше, ние тогаш прашавме мајстор кој е најдобар каде да бараме, па сумата не беше најважна. Батериите се две, од тие со најголем дијаметар што се. Има можност и да се поврзе со адаптер во струја, нешто од тип на полнач, не треба многу струја, но батериите издржуваат повеќе од еден месец, зависи што марка се. Алкални и подолго траат. Затоа не направивме никаква промена. За притисок, ние сме на повисоко место, па притисокот варира спрема времето во денот. И го подесуваш, не претставува проблем. Не знам како истиот би се вклопил во фризерски салон, но зошто да не. Разпрашај се убаво, погледни што нуди пазарот и донеси одлука.
Се вика боЈлер не болЈер http://www.makedonski.info/search/бојлер @RainBow да го поправи насловот.. Овие не вредат ни 5 пари.. Не си ги фрлај џабе парите, подобро купи си мало боЈлерче за во кујна што ги монтираат.. Ние и во апартманите и дома имаме на Тинг Инокс, а овој кај што живеам сега е 20год стар и нема мрднато..и не планирам да го менувам додека не цркне
Од која марка на бојлер сте задоволни? До сега имав Кончар и супер беше, ама сакам да го сменам, па не знам дали да идам со истата марка или да испробам нова.
Се надевам во правата тема сум. Дојде ред да купуваме бојлер за у копатило па ако некој сака да сподели искуство и предлог каков да земеме
на маж ми му текна комбиниран да земел. За во кујна јас сум за проточен. Читам демек поекономични се, помалку струја трошеле
Ќе ве замолам за совет бидејќи навистина немам појма ни што да барам ни каде ни како да објаснам ни колку како се движат цени....Прв пат купувам а сакам да е убаво корисно и квалитетно. Предлози и искуства за бојлер кој ќе собира што е можно повеќе, да е поквалитетен и поубав и која марка да барам и каде? И брзо да ја топли водата... Благодарам однапред!