Имам нискомонтажно бојлерче во кујна Тинг инокс 10л, го монтирав пред некој ден, но кога бојлерчето работи, чешмата ми капе, кога ќе ја загрее водата и ќе се исклучи престанува со капење. Го имал некој овај проблем? Предлог како да се реши?
Мајка ми има таков проблем. Викнавме мајстор, вика така било, кога ќе се загрее водата прекинува, нема решение. Па сега не знам...
За се има решение. Само треба да се да се прочита, да се побара профи водоинсталатер, и да се вложат повеќе пари. Од она јас што го прочитав, треба да се инсталира експанзионен сад. Тој кошта негде 1000 ден. Еве како изгледа една професионална монтажа на бојлерче. Ова ретко кој би го изведил кај нас, и ако има сигурно би била скапа монтажа. Би можело и сами да ја изведиме монтажата, но треба да се свати точно како работи целиот систем. Со користењето на експанзиониот сад, ќе се регулира притисокот соодветно што би го зголемил животниот век на чешмата која е под притисок и затоа капе, а и животниот век на казанот од бојлерот. Ќе истражам како се инсталира правилно и ќе пишам тука.
Мислам дека ми се зезна бојлерот од цефките за вода ми капе вода, се јавив на мајстор вика скапано може да е внатре, не се прави тоа. Ми се чини нов ќе треба. Предлог за голем бојлер во тоалет? На што да се обрне внимание кога се купува бојлер? Овој го имавме па преку 15 или 20 години сигурно.
Здраво на сите. Колку литри треба да биде бојлерот за 4 члено семејство - што се тушира во просек преку ден?
Ако монтираш соларно, тогаш земи си 150 или 200 литри. Ако монтираш стандард бојлер на струја тогаш земи си 100Л