Брак помеѓу двајца со голема разлика во години

Дискусија во 'Канта' започната од husaric, 25 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Пред да ве воведам во темава би сакала да ве поздравам и да ви кажам благодарам што ќе ги поделите со мене вашите искуства и ставови во врска со горе наведената тема. Mе интересираат вашите мислења а воедно потребни ми се и вашите совети. Jас сум во врска со особа која е многу постара од мене пред извесно време ми предложи брак, го сакам премногу не можам да си го замислам животот без него и без двумење му кажав DA :rofl: јас имам 21 година а тој 50 знам дека рзликата е огромна :o и сум свесна дека ќе дојде ден кога тој нема да може да ме задоволува сексуално :$ . за ова имаме разговарано по негова иницијатива ми кажа "те сакам, ти си жената на мојот живот сакам да делам се со тебе, да формираме фамилија.. ќе ти пружам се што ти треба, не сакам од ништо да те лишам, после 15 год. нема да можеме да имаме односи како сега а ти ќе имаш потреба јас го разбирам тоа и ќе бидеш слободна ќе можеш да бидеш со кој сакаш но претходно кажи ми и те молам немој никогаш да ме понижеш пред нашите деца, ти можеш да одиш али тоа да биде тајно нашите деца никогаш да не дознаат за тоа." за мене е незамисливо да идам со некој друг кога он е човекот на мојот живот, мислам дека нема да ми е вжно тоа што во некоја далечна иднина нема да имаме односи. кога сум со него јас сум најреќна :rofl: не би можела да го понижам него или нашите деца во иднина. ме интересира што мислите вие дали е возможно да живееш во целибат до крајот на животот? како вијае раликта во години на бракот? однапред ви благодарам :*
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Зарем ти свесно прифаќаш да немаш никаков секс во 30тите години и понатаму?!Ова ми е незамисливо.

    Додуше твојата ситуација во целост ми е незамислива.Не знам какво задоволство наоѓаш во човек кој комотно може татко да ти биде, па дури и дедо на твои деца.Но, тоа си е твое сепак.Мене не ми оди ниту ти да немаш секс во иднина, а уште помалку да имаш секс со други додека тој те чека дома.

    Не знам девојко, многу си млада и воопшто не размислуваш рационално за својата иднина.
     
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас на неговата потреба за млада девојка гледам како една средновечна криза која се јавува скоро кај сите мажи, а на твојата потреба од постар маж како потреба од авторитет, моќ, знаење. Не можам да ја оправдам, нити замислам твојата ситуација. Во фамилијата, не толку блиска роднина, но сепак... го направи истото, само што она има 28 години, а нејзиниот избраник 52, сега чека дете уште 2-3 месеци ќе се породи, нејзините се обидоа да ја разубедат, но не им успеа. Знаеш ти од него го добиваш целото внимание и така и ќе остане до крај, но на некој начин се осудуваш сама себе и си ускратуваш од својата младост. Мое лично правило е дека младите треба да бидат со млади. Е сега нормално дека ти си знаеш најдобро, но мислам дека ова ти е некој период на заслепеност. И не ми се допаѓа идејата да имаш други сексуални партнери кога тој нема да може да има секс, тука уште од старт нешто не штима. Ако веќе сакаш да се мажиш биди доследна на тоа и избери некој кој барем од старт ти ги исполнува сите критериуми, а за после ако не бива тоа е веќе друго. Мене ми е ова исто како да земеш тесни кондури со надеж дека ќе се опуштат.
     
    На girl.23, Shana, husaric и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    абе мижи ке ти баам е работава јеботе за малце ке ти поверував ххх али денес се е можно ако чоекот е пун ко брод ондак јасно е од каде толкава ти љубов чуствуваш према него и секако имаш подршка од мене за тоа што го сакаш татко ти ^_^
     
  5. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Најнапред да ти се извинам што ке бидам искрена со тебе, но јас во никој случај не се сложувам со твојата ситуација.Не прашуваш за сексот, а веќе си му кажала ДА. Разбирам да сте 10 или 15 години разлика, но повеќе не знам. Што велат твоите за тоа?Па тој може татко да ти биде И на крај краева, ти си знаеш.Твој живот твоја работа. Твое е да одлучиш. Не сум никој фактор да ти дадам совет.
     
    На vikimace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jaс сум скептик за овој брак, премногу е 30 години разлика.
    Ти си во наааајубавите години, а тој е веќе стар човек, уште малку дедо ќе е. Во ред љубов е го сакаш бла бла, но јас сум од тие што веруваат дека не постои само една љубов во светот, може да најдеш свој врсник или неколку години постар кој освен што ќе ти ги задоволува твоите потреби како жена, со кој ќе стврите потомство и најбитното ќе го изгледате заедно потомството и ќе ги воспитувате децата. Тој е доста постар и кога би имале дете неговиот татко ќе е стар дедо на кој векот му изминал. Место да трча по детето тој ќе оди бастумот да го земе.
    Со врникот ќе излегувате, ќе се забавувате, ќе си го правите животот интересен.
    Да не мислиш за некоја година твојот сегашен избраник ќе сака да одите во кафани, недај боже дискотеки, ќе може да шетате со саати во парк за рака? Додека твоите пријателки ќе уживаат со децата и сопрузите ти ќе треба да чуваш деца, да негуваш стар човек и притоа да не си задоволена сексуално.
    Ти ќе си млада згодна девојка а покрај себе дедо пензионер.
    Извини вака што сум погруба на зборови, ама тоа ми е реалноста.
    Јас не ја почитувам оваа огромна разлика во години, пронајди си партнер кој ќе е татко на твоите деца, не дедо. Дури вие сте поголема разлика од јас и мојот татко :^)
     
    На teddygirl, marama, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Не можам да се начудам како може девојка која е помала до мене да сака некој што е постар и од татко ми ?!?!?

    Девојко ти си за на ГОЛИ ОТОК!!!
    Ма не си ти, тој перверзникот е.
    А бе ајде, љубов 20-50. |( |(
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Разбирам разлика до 16/17 години.
    Но навистина 30 години се стварно многу. Тој утре заутре ќе биде дедо, и што дедо роди внуче работава ?... Не... навистина што е премногу е премногу. Што кога едне ден тој веќе нема да може да има односи, што тогаш со тебе кога ќе си баш во онаа средна доба, м?...
    Твое е да одлучиш, бидејќи ти си таа што ќе се носи со тоа низ животот, а не некоја од нас.
    Последниот збор го имаш само ти
     
  9. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Машала, машала...... жена на неговиот живот :clap: 21 година, а бе ќерка да беше на неговиот живот :^)
     
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    А децата уште како мали ќе останат без татко...децата кога ќе имаат 10 години,ти ќе имаш 31,а он 60 :x
     
    На vikimace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Има јасен термин за состојба на твојот иден сопруг - лолита синдром. Како и да е, нормален не е.
     
  12. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Ама и чичево не можам да го разберам..
    Тој е најголем доказ дека со стареењето самосвеста расте, ахам |( .
    Какви се тие муабети бре, можеш да одиш со други кога јас ќе однеможам сексуално да те задоволувам, само ќе ми кажеш за тоа на мене, а пред децата да не ме понижуваш!?
    Абре јас жената ја земам да биде само МОЈА,а не да се пле*ка со други и притоа јас да знам и да го прифаќам тоа како ништо да не се случува.
    И нели,кога она ќе си дојде од дејт со друг, јас ќе си ја бакнам во чело, ќе си ја гушнам и ќе си заспиеме и двајцата среќни и весели :^) .
    Е значи се шета по земјата Боже мили, па од што и таа веќе не може да не трпи се тресе секој ден.
    Е ќе се тресе.
     
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    жими се болна работа е ова незнам што се занесува со некој кој што он кога знаел латиница она уше била у
    мудата
    на татко и :^)
     
  14. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    хммммммм можеби тоа ме загрижува најмногу ;(
     
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Од толку млади луѓе на планетава земја , ти одбра дедо ? :^)
    Убаво ти кажаа другите , да не се повторувам ама имам едно прашање , ако е премногу лично не мораш да ми одговориш .. љубопитност е .. Како се осеќаш кога имаш секс со него ? Не ти е гадно ?
    Мене би ми било искрено , му виси се од сегде .. не знам да опишам , битно ми се гади кога ќе замислам .
    Извини ако навлегов премногу . :tmi:
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    И го запознаваш со дедо ти, и си го препознава школскиот другар. :rofl:

    Дај бе стварно, језиво. И шо живот ќе е тоа, со него во брак а ќе се плескаш со други? Па и уште као божем ќе те оставал. Да, да, на 31 фебруар. Ако паднеш на ова, убиј се.

    Ајде 10 години разлика, ама 30? Никако. Мислим никој нема да ти забрани, т.е. ке ти забранат домашните, ама ако си решена да го направиш ок омажи се, ама со првото недигање на пенисот, ќе се свестиш што си направила. Оттука ќе започнат сите проблеми.

    И знаеш што? За мене си едно смотано ДЕВОЈЧЕ, кое лета со умот и нема мозок во главата за да размисли што грешка во животот прави. Уште без размислување прифатила. Алал да ми ти е, тешко родители со тебе.
    Се извинувам ама морав и не ме бришете, зошто ова е реално.
     
    На girl.23, Alanna, eutixismena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Па не само тоа, за 15 години,тоа ќе има 65 ако не се лажам,па човекот ќе биде стар,па ти наместо да уживаш во најубавите години, ти ќе гледаш старец,ќе му даваш апчиња и ред други работи.Па мисли и за децата. Не,денес ќе се мажам за него,па утре ако не ми одговара ќе се разведам лесна работа. Размисли девојко,упорно ти викам.И никако не ми е јасно,што ти велат родителите? Моиве да се ке ги стрефи инфаркт.
     
  18. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Вака сеа...не сакав ама морам да искоментирам....меѓу првите коментари видов еден убав коментар кој ми остави впечаток...вели...младите девојки одат со толку многу постари мажи заради неговото искуство,моќ итн...Толку мн постарите мажи одат со млади девојки заради таа некоја средовечна криза и заради нормално младото мевце.
    Е сега невелам дека не може да осеќаш љубов кон него...заради тоа што нели тоа е природно чувство а против природата не се оди.Но јас мислам дека ти си многу млада девојка...убава и паметна,малку наивна и само ти лета паметот.Многу е важно да го надминеш овој период кога паметот ти лета.Јас те советувам преиспитај се себеси убаво.Ако ти е убаво со него и се занесуваш ок биди со него некое време и ќе ти пројде периодот,ќе се издуваш малку и ќе ти помине.Потоа јас те уверувам дека ќе се заозбилиш и ќе посакаш да најдеш малку помлад човек од него кој ќе биде татко на твоето дете и со кој ќе имаш страст многу подолго време.Разбирам разлика во години 10,15 па и 20 до некаде ..ама 30 е веќе премногу.Тој комотно може да биде дедо на твои деца а не татко.
    Како и да е биди со него ако сакаш ти велам ќе ти пројде ..но јас на твое место не би се мажела со него.
     
    На husaric му/ѝ се допаѓа ова.
  19. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    родителите ја почитуваат мојата одлука, никогаш не ми била наметната нивна воља или некое нивно мислење. одсекогаш сум имала слобода да донесувам одлуки а со самото тоа и одговорноста од тие одлуки е само моја, успехот или неуспехот е мој. а дали грешам или не веројатно времето ќе ми покаже. ви благодарам за вашето мислење знам дека е така но овде игра улога еден мал детаљ љубовта. го сакам и не можам да си го замислам животот без него. инаку овој брак не е од интерес како сто беше напоменато во некој од коментарите. и тој и јас стоиме одлично финасиски, нема причина за лажење особено кога пишувам на форум и кога барам од вас да споделите со мене ваше мислење или ваше искуство.
     
  20. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    добро тогаш...јас се надевам дека сите феминки ќе ја испочитуваат твојата одлука...јас веќе ја почитувам.Со среќа девојко ..искрено се надевам ќе ти биде супер со него.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.