1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак помеѓу двајца со голема разлика во години

Дискусија во 'Канта' започната од husaric, 25 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мене ме интересира каде и како се запознавте и колку време сте “во врска“?
     
    На Miss-dior, marama и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    И јас ја почитувам нејзината одлука и убедена сум дека џабе ние само си пишуваме кога таа дефинитивно има одлучено што ќе прави. Не знам зошто ја отворила темата. Во секој случај ќе повторам одлуката е нејзина. Нејзин е животот и таа има право да одлучи како ќе го живее.
     
    На TheIdealMe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.449
    Изгледа на женскава и било досадно, па решила да режира шпанска серија. По се ова што прочитав, извини ама ништо не ми изгледа реално.
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    не сакам да навалувам...ама јас сепак мислам дека е само млада и наивна...и дека ако почека уште малку периодов ќе и пројде и ќе си најде некој помлад и згоден дечко...гарант.Ама сепак како таа сака.
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Oва што е too much е.
    Мислиш ли дека тој на 60,70 год ќе те пушти?.Како не,ќе биде љубоморен и посесивен,ти млада и убава па и да те замисли со поубав,помлад и поспособен од него...хмммм не верувам баш.
    Премногу си мала за да си ја упропастиш иднината ;)
    Затоа убаво размисли.Не се работи за предрасуди,туку за реални работи.
    Така да батали се и уживај,ехеее младоста сега ти почнува ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    многу ти благодарам за советите :* навистина се на место. ти ветувам дека уште еднаш ќе размислам за све убаво но знам дека мојата одлука ќе биде истата :D уште еднаш благодарам :* и јас ти посакувам све најубаво ако немаш осетено вистинска љубов ти посакувам тоа да ти се случи :D дефинитивно е најубавото нешто што постои. верувај ми дека кога има вистинска љубов многу е тешко да се донесуваат одлуки со разум тогаш за све се прашува само срцето :inlove: :*
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Не знам зошто млада, права, здрава и убава девојка би го направила ова. Стварно не те осудувам, мене никаков релевантен фактор не ми е во животов ако се земете, само не ми е јасно зошто. Дека е љубовта на твојот живот, чисто се сомневам, барем јас не верувам во такви работи. Човек се одљубува и заљубува. Со што те шармираше чичево, пардон дедево ?!

    А друга работа, што јас кога сум се родила, дедо ми имал 50 години. Замисли, еве, додека се земете, брак, па едно друго, ако имате две деца со разлика 5+ години, истовремено на три ,,дечиња,, ќе им менуваш памперс - на вашите и него. Кога ќе си ги наредиш, најмало, помало и дедето, па, па, па.... :D Очигледно не си живеела со стар човек по дома, нели ?? Е, малку се, пеин ин ди ес. Посебно над 60 години. Ќе те видам во цутот на животот како ќе се справуваш со него.

    Пак ќе ти речам, твое си е. Побара мислење од нас и го доби. Немој да се лутиш, само се надевам дека нема да си го затуцаш животот. :)
     
    На ana-banana, eli25 и marama им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Тоа ти се вика преголема слобода од родителите. Место да те седнат, да ти направат еден паметен муабет за иднината те оставиле вака сама да си ја кроиш. А и не верувам дека ќе ти биде нешто сјајна за жал/ Кога ќе ти бидат најубавите години, ти ќе чуваш старец дома. Ама тоа е, ќе биде касно тогаш за мислење и за чукање на главата.
     
    На eutixismena, Miss-dior и glamour-lady им се допаѓа ова.
  9. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    девојко знам како е...имам ја до мене еден ...и мојата иднина ја замислувам само со него.Моите деца сакам да бидат од него и сакам да личат на него.кога гледам во иднината не се гледам со никој друг туку само со него :) и знам колку е убаво.Сум имала слаби моменти,сите ние имаме...не знам на пр кога си нервозна па ти доаѓа да го убиеш :tmi: или на пр се појавил некој колега на работа кој ептен ти наполнил око... :tmi: :D ама сепак на крај јас знам дека тој е единствениот човек на кој му се предавам така како што му се предавам.Никој не ме имал ниту пак ќе ме има на начинот на кој тој ме добива и добро знам за што зборуваш погоре.Може избегав од темава малце.Како и да е ти кажав..постапувај само само ако си сигурна во тоа.
     
    На husaric му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    A постар е 30 години од тебе?
     
  11. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    се запознавме во монако. тој е пријател на еден мој многу добар другар, излеговме на шетање цело друштво како секој викенд :D прво на кафенце па на вечера па на денцање хехех кога бевме во кафичот случајно таму седеше и мојата љубов :) другар ми отиде да се поздрави, а после некое време дојде Tој ни се придружи :rofl: така се запознавме :inlove: а во врска сме 3 месеци :clap:
     
  12. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Не. :)
    И мене некогаш ми полнел око на пр Здравко Чолиќ...човекот е бомба а има 50 години...ама сепак не секој се одржува така на 50 години.Али сепак тоа е само свиѓање нели,симпатии..а не страст. :)
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.490
    Пол:
    Женски
    И за три месеци ти одлучи дека сакаш да бидеш со него наредниве 20 години? Повеќе не верувам дека ќе живее.
    Абе дедо ми се ожени на 75 ама со врсничка , не со помлада 30 години.
     
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    и за 3 месеци одлучуваш да се омажиш со него? Да не брзаш малце? Па млада си уште животот е пред тебе
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    3 месеци. Очигледно ептен му се брза да ти го стави прстенот. Ама најискрено те советувам да почекаш. Вака објективно гледано се чини како голема грешка. Се знаете само три месеци, постар е 30 години, кои подоцна секако ќе се покажат како непремостлива разлика. Една огромна грешка правиш. јас да бев мајка ти ќе бев строго против ова, ќе се обидев на сите можни начини да те вразумам. Не е тука работата за љубовта само. Башка што сега си се уште во онаа прва фаза каде се ти се чини розево.
    Грешка, грешка, грешка.
     
    На zlatapetkova, DeepBlue и marama им се допаѓа ова.
  16. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    :$
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас би рекла само...yuck. :puke:

    Љубов? Значи,дедово има 50 години,и не е женет така? Не се оженил до сеа,па ајде на првата што ќе наиде понуди и брак,чисто да има понатаму кој да го носи на мочкање.
    Да те сакал толку многу,ќе ти речел дека не е за тебе,и треба да си среќна со некој помлад,а не да симиња ѕвезди,па и да те мота како ќе те остаи да се онадиш со друг. Мислам дај...

    Сака само негувателка и некоја што ќе му роди деца, а љубов чисто се сомневам дека е. ;)
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Tи си во занес, фаза на заљубеност.
    Така тие муабети дека сепак е љубов, човекот на твојот живот бла бла се без подлога. Ти не го ни познаваш доволно, ти не ги знаеш неговите позитивни и негативни страни.
    Јас дури сега не знам како си рекла ДА.
    И кажав и сега уште повеќе ќе се потенцирам дека јас не те подржувам во твојата одлука донесена толку брзо, без никакво размислување за твојата иднина.
    Кога размислуваш за иднината тоа е за еден долготраен период, а ти сеа размислуваш за убавините во моментов не за иднина. Грешиш, а тоа сама ќе го увидиш еден ден. Глеј тој ден да биде побрзо, додека не си ја направила животната грешка да влезеш со тој човек во бело во црква.

    Вака ќе биде за 10тина години. Но не е физичкиот изглед се. Уште полоши работи се кријат под тој изглед. А не верувам дека 21 годишна девојка е спремна за тоа.
    [​IMG]
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Јас тебе искрено не те сфаќам. Од една страна велиш дека сакаш да бидеш само со него и не се гледаш со друг во иднината а потоа си контрадикторна и велиш дека имаш моменти на слабост кога ќе видиш некој помлад, па се нервираш, ти доаѓа да го убиеш. Ова е само мое мислење но јас мислам дека ти не си сосема сигурна во своите чувства и доколку бидеш во брак со него најверојатно за неколку години пак ќе ти се наполнат очите со некој друг, помлад, позгоден и ќе ти здосади овој .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.