1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак помеѓу двајца со голема разлика во години

Дискусија во 'Канта' започната од husaric, 25 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    За неколку години? Доволно е да и помине оваа фаза, да и се тргнат розевите очила и кога ќе види за кого се врзала ќе и се плаче. Ама касно ќе биде веќе, затоа главата ќе си ја чукнеш сега додека можеш.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    18.593
    Пол:
    Женски
    Виножитке извини ама човекот нема време за чекање :D
    Добро девојко јас знам и љубов и разлики големи 10-15 години,ама 30?како прво не е нормално,како второ е педофилија од негова страна,како трето,правиш огромна грешка,само добро ти веќе си одлучила,а после 10 години ако не и порано ќе сфатиш,само тогаш деца ќе ти плачат од една страна,од друга стар човек ќе чуваш,многу убава замисла за иднината,нема што.
    Колку и да се држи добро за своите години,тоа ќе потрае уште 5-10,сега мислиш дека нема ништо да ти фали,заљубена си и во облаци моментално,ама се ќе си осетиш на најболен начин(преку доживување),а не преку раскажување од други.
    Јас сум за тоа дека љубовта може да ги совлада сите препреки,ама ова веќе е претеризам.
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    А, бе, колку сака нека е стар, за период од три месеци, не се мажам со никој! :D Па луѓе со години не можеш да ги запознаеш, а не пак за три месеци. Тука е првиот проблем, годините втора работа. Ајде, секој со своето. Брее, на 21 година вака... Ајде, добро, може јас сум ненормална а светов е нормален. :x
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    А башка што на 70 години пелени ќе му менуваш.

    Една за детето, една за него. :rofl: :rofl: Хахахахах.
     
    На Miss-dior, marama, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    56
    ова е до МАНЈА666
    мојов не е 30 го постар грешка си сфатила.Мојов си е тамам :D Таман си е млад и згоден :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Нема време за чекање, ама не поради годините, туку да не му се премисли девојчето, а ја начекал млада, што ќе праи после? :)
    А ти Злата? Се обидуваш да ја утешиш, а од друга страна одма да си истакнеш дека твојот е млад и згоден. ;)
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И лигавчиња...едно за него и за бебето.

    И пак ќе кажам...yuck бе, да се лапам со 50годишен. Ма, Бред Пит да е, не го погледнувам бе... :x
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Девојкава најверојатно се зафркава, не верувам некој вака да размислува...ако е со здрав памет секако :)
     
    На lolyta777, gwen и rossonerka им се допаѓа ова.
  9. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    56
    не истакнувам ништо ..само Манја очигледно се избунила со мислењава па помислила дека мојов е 30 год постар,затоа реков дека не е.Што се напнавте толку.Сакам да ја утешам и дадов добар совет.Разликата во год не е толку страшна..ама сепак огромна разлика како во случајов 30 год може да прави проблеми ако се сфати врската толку сериозно како ан пр брак.И ги молам девојките да не почнуваат со заебанции и вреѓања.Имајте малку разбирање.
     
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Добро..се извинувам не го прочитав твојот претходен пост па мислев дека и твојот е во постари години . Како и да е пак си останувам на моето дека треба да си ги преиспиташ чувствата и дека не си баш сигурна во нив зошто и самата си кажа дека ти мрда окцето и за други .
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Јас се надевам дека се зафркава. Не би сакала ова стварно да се случува. Ама озбилно. Подобро да си седи дома и да си мисли вау колку сум паметна, како ги дриблам, отколку утре стварно да се мажи за старец.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    "Девојко", ај оди прочитај книга пополни си го времето квалитетно, не замарај со вакви научно фантастични глупости, па ова ни во шпанска серија го нема. Да прочитаат твоите какви глупости ти текнуваат ќе ти забранат користење на пц.
    Да беше сериозна и стварно да имаше проблем и да ти требал совет немаше да користиш смајлиња што се тркалаат од смеење.
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    56
    И ако ми мрда окцето значи дека не знам да сакам??Сакаш да кажеш дека тој не гледа по други девојки??Абе смирете се луѓе полека.Немам потреба драга да преиспитувам чувства..зашто сум апсолутно сигурна во нив.Не сум слепа фала богу и нормално ќе погледнам во некој друг,а тоа најмлаку значи дека не го сакам.Тоа е природа.А гарантирам дека сакам многу повеќе отколку некои девојки кои велат дека око не им погледнува во друг.
     
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Од толку размислување и пишување од моја страна и јас дојдов до тој заклучок. Очигледно нема друга работа. Сфарно не ја сфаќам поентата за понатамошна дискусија.
     
    На zlatapetkova му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Некој го спомна Бред Пит? Замислете он е 48 год. и ве бара за жена...А притоа ви вели-Кога веќе нема да можам сексуално да те задоволувам, слободна си да бидеш со други...Sorry али мене ова ми личи на идеален брак :D
    Шала настрана, малку се три месеци, поодете уште барем 2-3 год. размисли, па после одлучувај за брак...
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    А јас стварно знам случај, една 23 годишна што се забавља со 52 годишен човек. Лично ги знам и двајцата.
    А ова ми изгледа ко научна фантастика најмногу за делот дека родителите не и забранувале. |(
    Пф, мислам дека никој нормален родител не би и дозволил на ќерката да се мажи за некој си дедо.
    А можда зетот е постар од татко и? :^) :D
     
  17. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Нема дискусија. Девојко под итно ти треба психијатриска помош.Златни момци шетаат по градовите,око да ти види, ти по некој 50 годишен. Ништо не разбирам...........
     
  18. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Ок е девојко ако навистина го сакаш омажи се за него ако вашата љубов е толку искрена и чиста тогаш тоа не е проблем. Нема да бидеш ни прва ни последна велиш финансиски сте стабилни се сакате земете се па ако не иде не иде не е крај на светот постои развод и чао пријатно ако толку велиш дека си заљубена прочитав и погоре родителите требале да те стегнат ма ајде молим те јас ако сум решила неќто да направам ке ме спречи ли некој можам да седнам да го ислушам мое си е дали ке го прифатам мислењето или не вистина е родителите ти го дале животот но не можат ни да ти го одземат затоа прави како што мислиш притоа уште еднаш размисли! И уште нешто женет е тој предходно?
     
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    И не ми е јасно какви се тие мажи ( не постојат ама ајде ) Ќе имаш еден дома кој ќе се грижи за децата додека ти ќе спиеш со други..а овој од дома плус те финансира. Среќно семејство бе. Совршен брак..што друго можеш да посакаш. Чекај малце, ти стварно мислиш дека тој би го трпел тоа?.Па се гледа дека ти мачка очи..ахх девојко освести се додека ти е време .
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Иииии... трофејот оди каааај... ТРИБИАНИ.

    Имало и некој полуд од husaric. :^)


    3 месеци. Искрена и чиста љубов. Божее...И не е фората венчај се,па разведи се. Не е тоа играчка.
    Сепак ќе се декларира како разведена понатаму.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.