1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брак помеѓу двајца со голема разлика во години

Дискусија во 'Канта' започната од husaric, 25 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    ќе може да ни раскажеш за тој случај повеќе те молам, знаеш колку години имало разлика помеѓу партнерите? се што можеш да ми кажеш за тој случај би ми значело многу. ти благодарам
     
  2. vikimace

    vikimace Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ahahaaaa duso pa koi deca .... koj ke gi pravi :D starecot ???
     
  3. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Секојдневно гледаме и на телевизија и читаме во книги за партнери со голема разлика...Во Индија,Во Саудиска Арабија,на Блискиот Исток е ова најчеста појава...девојките ги мажат за многу постари мажи како во твојов случај некогаш дури и поголеми разлики.Така да примери не ти требаат,нив доволно ги има во општеството.твое е да одлучиш што ќе правиш.
     
    На husaric му/ѝ се допаѓа ова.
  4. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    потполно се согласувам :) а од друга страна секој пример е приказна за себе со уникатни личности кои само тие го креариат нивниот живот онака како што го креират. никој не може да ми каже што може да се случи во иднана и навистина е глупо од моја страна да се поистоветувам со слични примери како мојот. на место ти се коментарите ти благодарам :*
     
  5. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    така тврди Британката Мери Голд, која е специјализирана за проучување на односите меѓу мажите и жените. Таа смета дека идеалната разлика меѓу половите е онаа која е повеќе од десет години и тоа во корист на мажите.

    Изненадени? Мери смета дека причината за ваквиот став е тоа дека постарите мажи се посамоуверени и постабилни, за разлика од помладите мажи кои се склони кон флертување, па дури и неверство.

    Па, токму поради тоа, Мери смета дека идеалната разлика меѓу постариот маж и помладата жена треба да биде од 10 до 15 години.

    Освен тоа, постарите мажи биле многу подобри во заведувањето, во бракот и врската вложуваат повеќе од своите помлади колеги и немаат проблем во одвојувањето време за сериозни муабети и што е најважно, знаат да ја контролираат својата сексуалност.

    Некои од познатите селебрити парови кои ја потврдуваат нејзината теза се Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, кој од неа е постар дури 25 години и Хајди Клум и Сил, кој од неа е постар 11 години.
    http://fakulteti.mk/news/11-10-09/pogol ... _brak.aspx
     
    На husaric му/ѝ се допаѓа ова.
  6. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    потполно се согласувам со Mери Gолд конечно имеслење кое има основа и кое ја опишува потполно мојата љубов :inlove: и зошто тој ме привлече,зошто го сакам со толкав интензитет. сега би требало се да ви е јасно ако прочитате добро а и притоа го употребите малку и мозокт за да сфатите што читате.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сега ќе црпиме искуства од Холивуд и Блискиот Исток? |(
    Зашто тоа е репер за нормално, секој со минимум 1 развод позади себе, разлики од 30 и кусур години помеѓу партнери, таа што има цицалче за дечко се споредува со Деми и Ештон, оваа што има дедо покрај себе со Кетрин Зета Џонс... бре бре. :^)

    Луѓе дај, ве молам.

    Кого лажете - нам или самите себе?

    Можно е да има таков случај, еден меѓу илјадници и длабоко верувам дека и таа девојка одвај издржала со толку стар партнер и зажалила.
    Не оправдувам разлика ниту од 15 години, камоли 30.

    А конкретно за случајов, мислам дека сте A Match Made in Heaven.

    Tи 21 годишна, тотално незрела и заслепена, поводлива, нестабилна и лесно потпаѓаш под влијание, воедно разгалена, ниту размислуваш и расудуваш трезвено, ниту пак имаш некоја насока и поддршка од дома,
    Тој 50 годишен, во втор пубертет, 100% вози некое јако, бесно количе, се спрема да си ги оправи сите заби со порцелански или започнал да ја фарба косата, и само му фали некое младо, слатко привезоче да си докаже дека е јебо и на 50 години.

    А дека после 15 години ќе ти дозволи да се е*аваш со други, додека тој мирно игра шах пред зграда со остатокот од пензионерите, мало сутра.

    AKO издржите 15 години....
     
    На enca.69, thinkerbell и eli25 им се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Според мене до 8 години разлика е до некаде толерантно но повеќе :^) не би рекла.Едноставно да речеме ако девојката е 20 години а момчето 15 години постаро таа врска не би можела да функционира од причина што имаат различни интереси и погледи на светот.Тој видел скоро се во животот (повеќето на оваа возраст се разведени) и има искуство,други сфаќања,додека таа е уште млада,незрела и народски кажано мисли дека "се што лета се јаде".Колку и да има љубов ваков тип на врска не би можел да успее поради различните размислувања и желби.
    Е сега ако збориме за голема разлика во годините но во етапа од животот каде што размислувањата се слични (на пример таа да има 35 а тој 45 години) тогаш би можело да успее,сепак и двајцата се зрели и знаат веќе што сакаат од животот.
    Онаа поголема разлика од 30 па и повеќе години не ја оправдувам а ниту пак можам да ја разберам.
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Husaric, па не знам што повеќе да ти кажам ете гледаш и самата повеќе од 30-годишна разлика има меѓу нив а да ти кажам во спалната не сум им била па да ти кажам како функционирале, ниту во дневната, само знам дека издржаа заедно - а како тоа никој не знае, нели? ;)
    Шо се вика - на слики и во друштво можеш секако да им делуваш на луѓето, но никој не гледа што се случува дома зад затворени врати и дали е таа среќа навистина среќа или нешто друго.
    А ти ако си сериозна и решена, шо знам дали сакаш совет. Секој тука ќе ти даде свое мислење - а тоа не мора да значи дека треба да не послушаш ако ти речеме дека на нас ова не ни се чини дека е вистинскиот избор ;)

    Јас си реков мене оваквите врски ми се несвојствени за мене лично и неприродни. Наречете ги како сакате.
    Исто како што ми е апсолутно несвојствено и неприродно кога ќе чујам некоја 19 или 18-годишна како се мрднала од среќа затоа што некој ја побарал за рака и таа го рекла судбинското ДА. А сепак таквите не се осудувани. Напротив им се посакува уште и еден тон среќа иако кутрото сега од пелени излегла што се вика и нема апсолутно поим што значи да си дел од сериозна институција наречена брак.
    Ама 30годишна разлика у врската е big of a deal.
    Се прашувам што е помалку својствено, природно или пак нормално? Или секој си ја гледа ситуацијата низ сопствената призма? Ќе да е второво :)
     
    На husaric му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Извини вака ама јас мислам дека он не бара жена, он си бара негувателка која ќе го чува кога ќе остари и која нема да го краде.
    Јасно е дека мислиш дека ова ќе ти надомести за домашните проблеми ама многу се лажеш. 30 години разлика не е заебанција, прва работа кои теми за муабет ги имате заедно? Ти ќе ми раскажуваш за првото пијанство и најновите песни од Ријана, а он за тоа како поминал на контрола за простата и дека решил апчињата за притисок да ги смени????
    Дополнително за сексот. Ај кај он не може ништо да подигне во таа област, мало сутра дека ќе те остави да си ги задоволиш потребите на друго место. Ако тебе ти се присака на сабајле, што ќе прави ќе му стави душек на земја на дотичниот партнер за да интервенира???
    И дури и да се земете и да си имате happily ever after колку е само не фер према децата, ако ги добиете. Па да гледаме реално колкава е веројатноста татко им да им дојде на матура, а да не збориме за нешто повеќе.

    Не знам што ти гледаш во него и зошто си со него, ама размисли убаво кој жртвува повеќе во ваквата врска?
     
  11. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    Ако си решила да бидеш со него, само напред! никој никому неможе да се меша во приватниот живот. Ниту ние на тебе, ниту некој на нас. совети доби колку што сакаш. дека не изгледа нормално, точно е. посериозните нешта допрва следуваат- реално е дека он нема да може да ги изгледа децата, ти сама со нив ке останеш кога ке бидат тинејџери. ама штом си материјално стабилна, пробај, ако потрае, ќе знаеш дека си имала некој до тебе во животот што си го сакала и почитувала. само од сега биди спремна на последиците- како и во сексот, така и за тоа дека многу порано може да останеш без него. биди свесна за некои работи. многу си млада и има голема веројатност да не размислуваш рационално, ти треба само поддршка од некој постар, повеќе како родител да го чувствуваш, ама секако ние девојките најчесто земаме мажи слични на нашиот татко. докажано е тоа. така... останува на тебе, и известувај не што ке се случува :) :*
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Секс помегу старец и девојка

    Girl : oh yeah yeah ... finished
    Old man : oh who are you ?!??!

    Girl :was it good for you ?
    Old man: I cant remember ...


    А тоа во Блискиот исток и Индија тамо мислам дека не е по желба на девојката , туку по желба на фамилиите ... оваа сиромашна и убава , другиов 90 години и богат .... Љубовта просто ги пронајдува своите миленичиња ....

    А да не спомнувам каде девојката има желба со постар само оти ке биде богата откако човекот ке си отиде од ова општество , такви ги има многу

    Некои е жално да ги гледаш , а други да ги жалиш што се такви .... (има разлика сеа :!: )


    А Сега ти девојко со 21 год против машко со 50 год , пред да почнеш сериозно
    запрашај се неколку работи ..

    Каде се замислувате двајцата после 20 год?
    Какви ке бидат вашите деца со гени на 25годишна девојка и 55годишен мажјак
    До кога ке имате страсен секс ,пред да пукне некој пршлен од грбот ...
    И дали си спремна да го чуваш , пазиш , менуваш пелени и сакаш кога неговата сила ке го напушти а ти ке бидеш сеуште млада девојка

    И јас мислам дека ти веке го знаеш одговорот уште пред а пишеш тука .....


    Тато тато ајде однеси ме на школо со кола ,

    Dad: Are you idiot , i cant see ... i cant drive ... i just pee a little in my paints ...
     
  13. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    vo pravo si. vi blagodaram za sovetite i kritikite, sekogas e ubavo da slusne necie mislenje plus :* milo mi e sto go spodeliv ova so vas :) i normalno deka kje ostaneme i ponatamu vo kontakt :P :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.