Брак со бивши дечко или бивша девојка на братучетка, односно братучед. Е вакви примери знам неколку. Јас лично сум против и ова го сметам за неморално, ненормално, нефер однесување, но гледам дека на луѓето воопшто не им е тоа важно. Што мислите на оваа тема? Дали оправдувате вакви бракови? Дали би стапиле во брак со бивши на прва братучетка на пример?
Ауу, од толку многу на планетата земја па баш со бивши на братучетка. Ако е некоја далечна братучетка ајде, што не се блиски. Јас на пример имам втори, трети братучеди што не ги знам. Ама ако се знаат и блиски се, не е убаво ич. Јас знам еден пример први братучетки што беа блиски и едната додека беше во врска со дечкото и се упика, раскинаа тие и таа се омажи со нејзиниот дечко. Погрозно од ова нешто Јас не знам како живеат мирно, а растуриле нечиј живот и среќа? Зарем не знаат дека во животот за се постои карма?
Оооо има со бивши на сестра што се земале, не па на братучетка. А и не ми е сфатливо пример во врска си со некој дечко, и после раскинување се земаш со бившиот зет негов (бивши маж на сестра му со кој имаат деца). Е и вакви има.
Да се упикаат и да растурат брак или врска изневерувајќи секако дека е одвратно и не ни за дискутирање. Но, ако веќе е завршена приказната нивна и при сплет на околности развијат чувства еден спрема друг овие другиве, притоа скроз да си имаат расчистено со екс партнерот, не гледам што е толку погрешно и трагично. Само дечко или девојка бил/а нели не биле земени ниту во брак па и да биле, под претпоставка дека стварно е крај и толку од таа врска или тој брак. Не дека баш од толку луѓе морало со нив но сепак за љубов и чувства станува збор. Така што не ги обвинувам ниту им судам.
Зависи колку е кул братучетката за тој чекор, дали го прифаќа тоа, зависи колку долга и сериозна врска имале, чудно е и малце грозно знаеш дека братучетка ти спиела со вереникот имале љубовна врска. Па како ќе ве гледа после вас, тој како ќе гледа на неа, нема да се дружите? Ќе ја канеш на свадба?
Јас знам браќа ,комшии ми се ,прво едниот одел со неа,потоа помалите и потоа се земаа . Сите се од истото место комшии со девојката,сега се девер и снаа. Но,јас знам да кажам тоа што е нормално за други за нас не е и обратно
@No Makeup ова па ич не го сфаќам. Што ќе зборат тие браќа, каква е во кревет? Пошто очигледно нема братска љубов меѓу нив. Така е..малку повеќе..одвратно? На темава, воопшто нема смисла за некои работи. Човек со малку свест во глава ќе си се чукне и застане.
Темава ја отворив, чисто оти низ форумот се дискутира како сме нешто морални како народ мислиш богови, што нема врска со реалноста, обратно е. Еве јас во тинејџерски години се дружев со една сосетка која денес си е во брак со бившиот на првата братучетка. И муабетите порано беа „Тања, ама тој купил прстен за неа, знаеш ли тоа што значи, пред веридба раскинале“, и после некое време, ооппп, девојкава во врска со него и за брзо стапија во брак. Братучетката беше страшно лута, страшно, не ја ни поканиле на свадба, а ни таа не би дошла. Од подалечни роднини, имам едни чичковци кои се први братучеди и прво едниот беше во врска со наша девојка од дијаспората, а потоа другиот си стапи во брак со неа и потоа му се фалел на другиов како тоа паметно играл и си ќарил жена со пари. Одвратно. Знам трети братучеди кои свесно и намерно, знаејќи дека се роднини си се венчаа, имаат и деца. Помизерно не може да биде. Друг пример, дечко и девојка во врска со години, раскинуваат со страшни драми, си вадат валкан веш оти си ги познаваат и фамилиите и по години, внукот на дечкото се жени со сестрата на девојката. Јас не знам тие фамилии како се гледаат во очи, имаат ли срам? Вакви примери не верувам да има некаде во странство, евентуално вакви пропалитети ако има во Србија или Бугарија, на друго место не верувам дека вака прават. Во средно имав две школски што седеа заедно во клупа, потоа едната од нив со години живеше со школски другар од класот, во вонбрачна заедница, а откако раскинаа, таа со која делеше клупа си се омажи за тој дечко. Морници ме лазат од вакви примери.
@Tanjamm еве јас имам таква случка. Седеше во прва клупа со мене, години и години дружење и ми расипа потенцијална врска. Го легна детето за една вечер (претходно ме викна на кафе да ме распрашува), па мизеријава од другарка ме викаше на кафе после година дена од настанот. Додуша и тука е членка ајде, неактивна со години. А ме читаше во периодов кога се радував. Сакам да кажам, ваквите и се' да ти земат пак ќе се мизерии. Па уште и ми рече ако легнав еднаш, што има врска тебе те збореше на мене.
Не бре, таман работа да го оправдувам. Колку што е она, толку е и он виновен. Ваљда панталоните сама не му ги соблекла.
80% од народов е спремен да го стори тоа, а добар дел и го сториле. Мизерии. Вакви има со лопата да ги ринеш, така што констатацијата за мирен, чесен, добар народ треба да се преиначи во мизерен, расипан и страшно развратен народ. @eliesaab затоа дистанца е златна работа, абе едно здраво со сите и крај, во потесен круг пушти 5 души и готово, мирна глава. Инаку, чисто од љубопитство тоа ти се случило на млади години или сега откако си разведена? Ако е во млади години, ајде можеш да препишеш на младост, лудост, ама ако е сега во позрели години, бетер.
@Tanjamm си ја научив после убаво лекцијата, па почнав ништо да не споделувам. Многу порано, инаку не сум разведена (не знам од кај тоа, ниту пак сум била во брак). А како што оди времето ќе видиме.
Она е змијата, она ги легнала, им се упикала. Ко машкиве да се принудени да напраат нешо или можда се ментално заостанати?? Наративов против жени, ко и увек.
Нема врска со темата но има рден случај па да го спомнам Прво типката се гледа со женет возрасен маж а после се маже со синот И сеа е снаа на женетиот И не ја сакале сеа снаата е како да ја сакаат
Твојата констатација за народ треба да се преиначи во- живеам во малограѓанштина, опкружена со мизерен народ и се по ред. Оти нема тема кајшто нема да го исплукаш сиот народ, што ме вклучува и мене, и сите мои блиски, и сите културни и цивилизирани луѓе на форумов и во државата и пошироко. И @RainBow аман веќе, едуцирај или банирај. Па и тема требало за вакви глупости Братучедка до кое колено? Ти одговори госпојца Рајт погоре, ете толку е просто.
Хахаха не ми се верува дека и за ова отвори тема човече. Зборам за потребата да се исплука народов. Мислев онака отворила од досада колку да се продискутира општо ама ете ја пак покажа што била работата. За едукација, отишол возот, нема поправен веќе посебно не за некој кој упорно иде со глава у ѕид намерно. А банче мало морген тоа. Да се знае кој е главен тука и авторитет.