Бранители (The Defenders) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Stephen Amell, 19 август 2017.

  1. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    10.968
    Пол:
    Женски
    The Defenders, која е креирана од Даглас Петри и Марко Рамирез, ќе ги собере добро познатите 4-ца супер херои Мет Мурдок, Џесика Џонс, Лук Кејџ и Дени Ренд на едно место заедно да се борат против непријателите.

    Чарли Кокс, Кристин Ритер, Фин Џонс и Мајк Коултер ќе ги репризираат улогите од нивните соло ТВ серии, а покрај нив во The Defenders ќе ги видиме и Елоди Јанг, Сигурни Вивер, Дебора Ен Вол, Кери Ен Мос и Џесика Хенвик.

    Дејствието ќе биде сместено неколку месеци по настаните од 2-та сезона на Daredevil.

    20525205_10156451863817892_7777086020131322463_n.jpg

     
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    113.513
    Дали треба да ги имам гледано поединечните серии за да ја гледам оваа?
    Зошто ја имам изгледано Iron Fist, и ради неа никако не ми иди да ги гледам други, а од друга страна имам другар, со кој имаме сличен вкус на кој многу му се допадна Defenders.
     
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    10.968
    Пол:
    Женски
    Па да, од сите серии има ликови, од кои нема да ти биде јасно која улога ја имат. Ја немам гледано Лук Кејџ, и имав нејасни работи уште во првата епизода поврзани со него.

    Серијата ми е онака, можеби оти сеуште не се споиле сите и се тим.
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Само што сакав да пишам за серијава и гледам имало и тема. :D
    Јас ја изгледав уште вчера, не можев да издржам.
    Мислењата ми се некако поделени. Ми се свиѓаше интеракцијата меѓу хероиве, Џесика ми беше врвот посебно со нејзините испади, и ми се свиѓаше односот со Мет.
    Кај Iron Fist забележав дека имаше доста подобрување во однос на борењето, на моменти ме иритираше, зашто стварно се понашаше како детенце, па затоа и смешно ми дојде Лук цело време кога му се обраќаше со kid.:D
    E сега што ми беше главниот проблем.. тоа било негативецот. Односно во случајот мислам дека намерата им била тоа да биде оваа Александра, АМА неуспешно. Прво, како што ја најавуваа Сигурни Вивер дека ќе биде некој ultramegavilain, јас тоа и го очекував. Очекував некој од типот на Фиск како кај ДД, па дури и Мараја од ЛК ми беше позастрашувачка него ли оваа. И не ми се допадна како ја убија, плус многу рано некако. Толку hype направија за ништо. Друго, проблемиот ми е општо со The Hand. Значи они се стварно ама стварно досадни негативци. Се виде и во ИФ, и втора сезона на ДД, да не беше Панишер ќе беше тотална утка. Океј сфативме, мистична древна организација, сакаат бесмртност бла бла. Толкаво билдање правеа, за на крај 8ма епизода да заврши катастрофално. Сите умреа од колабирање на една зграда|( И Дердевил сите го сметаат сега за мртов.. очекував дека на крај сите ќе се спасат, мислам Дефендерс се вика серијава.
    Мислам дека уште некој се спасил сигурно, Мадам Гао ќе испадне дека е жива сигурно, и пак
    ќе нема спас од The Hand. Би требало ова да биде како еден завршеток нивни, и да си продолжат серииве со други негативци. Само се надевам дека и Електра ќе испадне жива, зашто нели заедно беа со Мет, најаки ми се боречките сцени меѓу нив.
    И ми се свиѓаше што ги имаше и другиве ликови од сите серии,ама што не замараа премногу со нив, туку фокусот беше насочен само кон 4цава.
    И што имаше како build-up на почеток, зашто многу коментари прочитав како демек првите две епизоди биле досадни.. па не можеш да очекуваш дека уште во првите 10 минути ќе се запознаат и ќе го спасуваат светот.
    И друг проблем може ќе звучи смешно ама ми беше осветлувањето:D На некои сцени, посебно боречките се трудев да видам кој со кој се тепа, зашто беше премногу затемнето. Знам дека имаат серииве dark vibe, ама тука и имаше некои тресења на камера, и некое снимање од чудни, испревртени агли, што навистина ми беше тешко да видам.
    А во однос на боречката кореографија немам замерка, супер беше.:D
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Да дефинитивно. Сите имаат по една сезона, освен Дердевил што има две. Има доста работи што претходно биле објаснети и на почеток catch up со сите ликови, така да јас ти препорачувам да не ја гледаш ако ги немаш сите изгледано. И Iron Fist е најдосадна и најлоша, ако ги споредиме сите 4 серии, другите се стварно интересни.:D
     
    На Stephen Amell и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    10.968
    Пол:
    Женски
    И јас конечно да ја изгледам серијата. :)
    Мет ми е многу срцка со Електра. :inlove: Со онаа плавата Карен Пејџ ич немаа хемија, можеби оти ме нервира како лик, па на моменти сакам да ја извадам од екран и да ја задавам. Кога се сруши зградата врз него и Електра ми потекоа солзи. :| Каде умира Мет бе, ништо без него. :lol:

    Дени-душата моја, :inlove: има многу подобрување, незнам зошто толку хејт имаат удрено кон него, ама дефинитивно е најсилен од сите, малце глупичок ама срцка. :D

    Џесика-актерката е топ. Има смисла за хумор. На моменти умирав од смеење. И со Мет баш добро се согласуваа. :D

    Лук-срцка човек. (fingers)

    Колин-најак момент кога му ја отсече главата на Бакуто. :rofl:

    Дефинитивно најдобри две сцени:
    -Да се знае кој е најдобар ]:)


    -Дени против Мадам Гао 8)
    IMG_20170822_223308.png IMG_20170822_223334.png IMG_20170822_223400.png IMG_20170826_020212.png
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.235
    Допаѓања:
    9.631
    Пол:
    Женски
    МОРА да ја изгледаш Jessica Jones! Не ради The Defenders туку сама по себе серијата е добра, според мене најмногу се истакна од тие што ги изгледав (сите освен Iron Fist). Крајот може да не ти се допадне зашто е едноставно и лесно решен целиот заплет.
     
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    113.513
    @Papillon.Papi исто и другар со кој имам многу сличен вкус за серии ми рече барем Jessica Jones да го гледам и во план сум, само не во блиска иднина, едноставно кога ќе отворам делот за таа серија, ме одбива, па сега почнав нешто друго, со повеќе сезони, после тоа аниме или цртан, па можеби ќе ја почнам серијата.
     
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    113.513
    Џесика или Лук да гледам прво? Кое ќе ми прави смисла.
    Daredevil го догледав пред два дена, првата сезона ми беше напорна за гледање, ама втората ми се допадна едино ради Френк, ептен при срце ми е. И Електра ми е одлична.
    Iron Fist го имам одамна гледано и ми значи за НАЈнајнајлоша серија која ја имам гледано цел мој живот.
    Не е дел од овие ама The Punisher ми е совршенство.
    Па сега ми останаа уште Jessica Jones & Luke Cage да ги изгледам па да почнам со The defenders. Која е попаметно да ја почнам прва? За Џесика ми е поќе ќеф, многу убави работи имам слушано за неа, а за Лук само знам дека постои и не знам ништо поќе.
     
    На Stephen Amell и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.749
    Пол:
    Машки
    Гледај ја прво Џесика - таа искочи прва, а и Лук за прв пат се појавува у неа. :)
     
    На Papillon.Papi, Tiki-lolipop и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    113.513
    Да допишам,
    од сите најмногу ми се допадна Џесика. Хуморот, акцијата, она баш цел пакет. Да не беше поврзана приказната другите би ги прекинала многу одамна и само неа ќе ја гледав. Ми се допадна начинот на кој работи, таа самата како карактер и нејзиниот противник. Дејвид Тенант ми значи за еден од омилените актери и признавам дека голем % од серијата ми се допаѓа само зошто тој е таму, ама и без него би била добра, ми се допаѓа замислата, ми се допаѓа неговиот лик и општо целосно како е изведена.
    Лук и не ми беше нешто посебно.
    Е сега Бранителите, само што ги догледав па и да пишам шо мислам. Првите две епизоди буквално заспивав и ми беа пренатрупани, не сфаќам зошто мораше на сите да им се дај толку многу screen time -- тука мислам на сите кои не се главните. Од трета епизодата натака стана малку поинтересно. Најмногу жал ми беше за Електра, ми стоеше за омилен лик додека го гледав Daredevil. Ама, сцените со борење навистина му се незаменливи, и паѓањето на зградата и се тоа. Сакам насилство во серии и кога одбирам серија во која очекувам насилство, очекувам да е вакво и тоа ми се допадна многу. Приказната ... и не баш.
    Додуша и не е приказна која се кажува наеднаш, па тоа што е поделена во повеќе серии е добро, ама само ако сите серии беа добри. Јас немам желба да продолжам со многу од нив, ама ќе продолжам ради една која ја сакам, па да не бидам како изгубен Германец, што би се рекло.
    Со CW само со една до две заеднички епизоди ако немам гледано од другата серија не знам шо се случва, а не па сите дејствија да се толку многу, целосно да не речам, поврзани. Убаво е во голема слика, ужасно е за binge watching, а пак мислев дека Нетфликс стој зад binge watching, па колку и да е уба идејата не гледам како Нетфлик поддржва толку поврзана приказна.
    Е сега само да не плукам, да пофалам малку, Дени да го пофалам. Пишав и погоре и многу пати претходно, the Iron Fist ми стој за најлоша серија која ја имам гледано воопшто во животот, и е очигледно дека Дени не знаеше да ја води. Сега баш се снајде и со глума, и со тепање кое не личи како карате за првооделенци. Сам да води серија - не знај, ама навистина знај да се снајди со личности околу себе. Не е за leading character. И сакав да пофалам и пак искритикував.
    Како и да е, севкупно, не беше лоша, ама не беше ни добра.
    Кога ги внесував на tvtime епизодите, и кога гледав поединечно колку рејтинг имаат, некако не ми држеше вода, се чувсутвам како нешто да пропуштам.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.