Брат и сестра во врска со сестра и брат

Discussion in 'Врски' started by Калина1234, Jul 29, 2015.

  1. Калина1234

    Калина1234 Нов член

    Joined:
    Jul 29, 2015
    Messages:
    2
    Likes Received:
    4
    Gender:
    Female
    Ме интересира што мислите за овааа тема, зашто ја имам ваква реална ситуација. Јас и дечко ми сме неколку години во врска а од неодамна и сестра му се фати со брат ми... и тоа виШе бидна сериозно, можда и ќе се земат не знам... Знам дека нема никакво крвно сродство ама сепак дали е морално? Дали некој знае на пример дали црквата го дозволува ова , не знам ако на пример се венчаме во црква да не има некакви проблеми или слично...Моите дома се бунат за ова дека не е убаво, а неговите ништо ни да реагираат само гледаат да си ја омажат ќерка им да не им остане дома....ме интересира што ќе ми кажете зашто стварно не знам што да мислам...
     
  2. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2015
    Messages:
    794
    Likes Received:
    9,191
    Нема никаква врска,значи вие немате иста крв и да се земете со дечкоти нема да имате иста крв,исто како и они двајца.Ке има проблеми ако вашето дете и нивното дете нели недај боже станат нешто,а вака нема никакви проблеми,зашто да не дозволува црквата?
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,935
    Likes Received:
    4,714
    Gender:
    Male
    В црква може да се венчате само со дозвола на Светиот Архијерејски Синод. Овде станува збор за четврто колено двородно сродство. За петто (пр. брат ти и ќерката на девер ти) и шесто (пр. синот на брат ти и ќерката на девер ти или братучед на маж ти и сестра ти) колено двородно сродство решава надлежниот владика. Понатаму нема пречки за стапување во брак.
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Какво сродство најдовте во ова?! Нема никакво крвно сродство помеѓу паровите. Не гледам што пречка би имало да стапи било кој од нив во брак.
     
  5. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Joined:
    Jun 24, 2014
    Messages:
    372
    Likes Received:
    664
    Gender:
    Female
    Чудна ситуација, не сум сретнала до сега ваков пример. Не гледам никаква попрека зошто не би можело и двата пара да се заедно. Црквата не дозволува многу нешта а самите свештеници ги прават истите, мада за ова негледам никаква препрека. Не се во крвно сродство, единствено децата ќе бидат први братучеди од многу поблиско и појако семејно ниво. На ова општо секој сфаќа и ќе каже различно, но теоретски не гледам посериозни работи заради кои ме би можеле да си продолжите да бидете среќни. :)
     
    WildMk, crazylady and kukla21 like this.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,935
    Likes Received:
    4,714
    Gender:
    Male
    Ако нема крвно сродство не значи дека нема морално сродство. И свекорот и снаата не се роднини, па дури и по законот за семејство не смеат да стапат во брак. И на пример две деца посвоени во исто семејство не се во крвно сродство, ама се во морално сродство и по државниот закон не можат да се земат. Ама некои овде се попаметни и од Црквата и од државата.

    Ајде пиши ми пример каде поп е женет со сестрата на својот зет!
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Какво морално сродство, жити се?! Тие две фамилии не се поврзани крвно, па да има некоја пречка. Се се, ама па поп да реши за ова?! И ќе се бара одобрение од синодот?! Сестра ми и братот на маж ми не се ништо по крвна линија. Тоа што јас и мм сме во брак, не ги прави нив роднински или крвно врзани.
    Во матично прашуваат дали се роднини младите кои сакаат да стапат во брак, што не е случај тука.
     
    WildMk, BabyStyle, kjukli and 4 others like this.
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,403
    Likes Received:
    177,906
    Gender:
    Female
    Од душовна гледна точна свесна сум дека не смеј да бидат заедно без одобрување (велам духовна, а не горе како што споменавте - морална, зошто немаат крвна врска, можат да се венчат во матично и реално нема ништо неморало на двајца што се сакаат и немаат никакво крвно сродство и причина да не бидат заедно да е само зошто пред нив братот негов и сестрата нејзина се венчале), ама биолошки е сосем нормално и прифатливо, иста крв - немаат, воедно ништо грешно, ништо неморално.
    Горе видов пример од тоа како свекор неможел да се земи со снаата, па тоа не е морлано реално. Зошто? Свекорот имал син, синот со женил и ете да речиме починал. Со кое лице свекорот ќе ја земи снаата? Ситуацијата тука е сосем поинаква. Маж + жена = брак, мажот има брат кој се вљубва во сестрата на жената. Ако имало крвна врска меѓу првиот брак ќе има и меѓу вториот, ако немало меѓу првиот значи нема препрека ни меѓу вториот. Нема ништо НЕМОРАЛО туку само нешто шо во очите на Црквата е неморално или недуховно, не знам како да се изразам, ама реално нема ништо грешно.
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,935
    Likes Received:
    4,714
    Gender:
    Male
    Овде беше прашано за ставот на Црквата. И тој став го презентирав. Ако не ви се допаѓа овој став, в година ќе има сеправославен собор, најверојатно тема на разговор ќе биде и сродствените пречки при склучување на брак, па можете слободно да пишете писмо до предсоборската комисија со ваши предлози и забелешки.
     
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,421
    Likes Received:
    9,679
    Gender:
    Female
    Nema nikakva vrska i krvno srodstvo neka se zemat :)
     
    BabyStyle, the drummer and kukla21 like this.
  11. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Joined:
    Jun 24, 2014
    Messages:
    372
    Likes Received:
    664
    Gender:
    Female
    Јас незнам пример конкретно за ова, но знам дека поп воопшто не ни треба да е женет, плус додатни се сите контраверзни работи кои делумно се знаат во јавноста поврзани со нив. Да не ја префрламе конкретната тема на друга страна.
     
    Last edited: Jul 29, 2015
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,394
    Gender:
    Female
    Јас знам вака дека обично Албанци се замаа пред некое време, сега не знам во овие модерни времиња што се случува. А за кај нас искрено е чудно и нелогично.
    При толку други девојки што имало потреба брат ти да се плетка со сестрата на твојот дечкото.
    Ти ако се венчаш со дечкото, тогаш неговата сестра и тебе треба да ти биде како сестра што значи чудно е в крај.
    И со право се бунат твоите....на децата твои, брат ти ќе им биде и вујко и тетин, а сестра му негова и тетка и вујна....
    Лично мене ми е глупаво, несфатливо и најубаво ќе биде брат ти и сестра му да се откажаш, зошто викаш ти и дечко ти сте подолго време во врска.

    п.с. Ситуацијава ме потсети на песнава
     
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,717
    Likes Received:
    5,278
    Па фала богу дека има поединци кои се попаметни од Црквата и Властите во државата. :) Би било страшно целокупното мнение да биде насочено кон реализација на нечии конструктивни, (да не речам апсурдни), правила и идеи налик наведенава.

    Околу темава, не мислам да го тупам, ама жива глупост е Црквата да дава дозвола за еден обичен чин, каде ни под разно не се крши ничиј морален принцип, ниту може да биде дефиниран како отстапка. Како што посочи и членката, партнерите не се во крвно сродство.

    Сепак, не го сфаќај ова лично. Јасно е дека ти не ги одредуваш правилата, само укажувам на недоследностите.
     
    Last edited: Jul 29, 2015
    piksooki, WildMk, Madam-A and 9 others like this.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Staff Member

    Joined:
    Nov 27, 2014
    Messages:
    7,191
    Likes Received:
    137,698
    Gender:
    Female
    не се у сродство а црквата шо вика мање битно ... не мора да се венчате у црква.
    У врска со болдирано ... ако више па твоите не гледаат само да си ја омажат керка им, еве ти раскини со дечко ти, па брат ти и сестра му нека си се срекни ;) Kao што вие двајца сте се избрале еден со друг така и тие и немате право ти и твојата фамилија да им стоите на патот.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,432
    Likes Received:
    17,812
    Gender:
    Female
    Малку помеша брзини :D
    На нејзините деца, нејзиниот брат ќе им биде само вујко а не и тетин, а сестрата од дечкото ќе им биде само вујна, доколку се земат, тетка ќе им биде ако не се земат.
    А нејзе сестрата на дечко и иден маж наместо золва, ќе и биде снаа за брат :lol:
    Во целата нејзина мака јас се изнасмеав.
    И јас сум против ваквата ситуација, иако нема роднинска врска, ете не е убаво. И сватот и сваќата не се крвни роднини, но се роднини по сватовство, така што кој пар прв се венча нема да се замара со проблеми, а другиот пар тогаш автоматски стануваат роднини по сватовство, немој сега нозе да искршите кој прв до црква, хаха се шалам. Причината за ситуацијава е повеќе од морален аспект. Ако навистина имале таква судбина па двата пара да се вистински вљубени, тогаш не можат против тоа. Но ако сестрата избрзала за да не остане немажена, и ако братот и раскине, тогаш па уште понепријатно ќе им биде на сите.
    Така што, ако се работи за вистински љубови и сродни души, нека остават како што е, не мора да се направат несреќни и да си ја жртвуваат љубовта во полза на братот/сестрата. И не е битно кој прв почнал, можеби требало сестрата да се вљуби за да и брат и ја најде неговата љубов.
    Уживајте и без нервози, така требало да биде, дај Боже да се сакате секогаш и црквата нема причина да не ви ја признае љубовта. Тие бракови од корист склучуваат па за вашите ќе прават проблем.
    Можете и во ист ден свадба да си правите :inlove:

    Туку, животот ви е како шпанска сапуница, ако ви текнува имаше една серија Скриени страсти, тројца браќа се заљубија во три сестри, баш беше романтично а тоа беше една од ретките шпански серии кои тогаш ги следев. И немаше да биде сапуница, ако не завршеше среќно за сите.
    Јас ви посакувам да си направите свадба како во серијата и да си се сакате, без да се оптеретувате кој што рекол. Љубовта веќе се случила, не и контрирајте.
    Поздрав и мало потсетување

     
    tessie, Ivy89, Doozy and 7 others like this.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,985
    Likes Received:
    143,600
    По закон, смеат.

    Член 20
    Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди. Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување.
    Член 21
    Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал. Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат брак.
     
    WildMk, tessie, kjukli and 2 others like this.
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,196
    Ич да не ви е гајле, гледај си ја твојата врска они нивната и сите среќни. Што сега ако вие први сте се запознале вашата љубов е повредна? Не сте роднини и крај на муабетот
     
    Lotus-14 likes this.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,394
    Gender:
    Female

    Абе не мешам брзини...Кога ќе го прашаш детето на Калина и нејзиниот дечко: Што имаш фамилија по татко ти? Тоа ќе рече: -Татко ми има сестра, што значи мене ми е тетка но таа е во брак со брат на мајка ми што значи автоматски и вујна ми станува :D
    Исто и кога ќе го прашаш: Што имаш фамилија по мајка ти? Тоа ќе рече: Мајка ми има брат што мене ми е вујко, но во брак е со сестра на татко ми (која ми е тетка) и автоматски станува и тетин...
    Не бе, комплицирано е :sweat:
    Е ова добро би дошло за загатка.....Што ти е братот на мајка ти, ако е во брак со сестра на татко ти? :drunk:
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,784
    Gender:
    Male
    И мене ми текна на „дупкава“ у „црковниот“ закон - што ако се венчаат и двата пара во црква, истовремено (во различни цркви, се разбира - ако биде во истата, пак нема да биде точно во исто време). :D
    Така претходно нема да бидат во никакво сродство.

    Шала на страна, @Калина1234, од морален (не црковен, да се разбереме) аспект, не гледам ништо лошо во ова - додуша, за вакви случаи обично имам слушано меѓу браќа и сестри близнаци. Во секој случај, ако на вас не ви пречи ова и ако ви опстојат врските (твојата и на брат ти) и навистина дојде до свадба, само напред! Немој во љубовта да ве спречуваат туѓите мислења - ете, и @Cka убаво ти цитираше дека и од законска страна нема никаков проблем.

    Поздрав!
     
    Abeja likes this.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Ако живееме за тоа што да кажеме на народот, муабетов држи вода.