Никогаш не сум го гледала, ама доволно ми беше да ја гледам рекламата. Аман, до кога ќе не трујат со вакви дебилни и плитки емисии? Наместо некој филм да дадат... Веднаш менувам канал кога почнува оваа, а и сите останати емисии од ваков тип. Глупост до глупост.
Офф брука,само брука.Ништо асално.Ама барем да изгледаат реално овие.Мааа не.Сендвичи јадел,многу гледал телевизија.многу седел на компјутер Глупости. -.-
Хахаха ее ја одма сендвич си направив. Ми се јадеше бе хаха кога го видов како ги јаде. И за инает на мајка ми зошто таа беше против него а ја за него .
Не знам зошто ама ваквиве шоуа ми се една дебела измислица и местенка. Имам впечаток дека проблемите се измислени специјално за шоуто. Сите парови имаат совршен брак, многу се сакаат ама само една работа им пречи, а таа една работа им е тешка секојдневна опсесија што ми е чудно како покрај тоа имаат нормален брак. Бидејќи никој на крај не си оди без парична награда, во оваа криза да се заработи некоја пара од глумење проблеми во бракот и не е така лошо
Побрзо ќе научам да везам од досада, отколку да ги гледам овие глупости. Јес да 90% од емисииве се наместени, почнувајќи од Mtv па навака, ама мизерија ми е некој за пари да прави вакви претстави на тв, измишљотини само за гледаност. А сите се возрасни луѓе, во години. Иди чувај внуци, не прави будала од себе, ќе бркал швалерки на 80 години, сакала да се "проводи", или кога ќе ја слушнам нај " " реченицата евр "Што да правам таков сум си цел живот, неможам да се сменам". Пинковциве имаат веќе една емисија све за љубав, оваа нека им биде све за паре Криво ми е само што поради нивната емисија ми се одмиле песната што име во најавната шпица (или реклама) како би дошло...
Едно време ја гледав емисијава. Покатастрофа емисија од оваа немам гледано. Како само се глупираат брачните парови. Што се не прават само за пари.