Вака. Порано, пред некои 10 години сум била член, ама не сум се појавила којзнае колку време па ја заборавив лозинката. А и во меѓувреме најдов работа, брак и искрено немав ни многу време. Но, вчера ми се случи нешто што ме јаде од внатре, а некако срам ми е да го раскажам на другарка, па вака да си олеснам и можеби ќе се решам што да правам. Совети Ве молам само онакви какви што себеси би се посоветувале, знаете колку се тешки некои работи, не е се така лесно кога си во брак па да оставиш се и да заминеш, така да Ве молам имајте го во обзир тоа. Како средношколка имав направено лажен профил, ко сите во тоа време, да ги манијачиме симпатиите или бившите нивни, како и да било се сетив на него и си викам да можам да влезам да видам што глупости имам пишувано како дете. И се помачив малце, ама успеав да се најавам. Се изнасмеав на сите муабети, се сетив на тоа време, дома слободен ден, со чајче се забавував со глупостите што сме ги пишувале. Во брак сум трета година. Пред тоа 3 години живеевме заедно, а заедно со нив во врска бевме 6 години. Значи, скоро 10 години сме заедно. Како кај секој и кај нас има караници, но никогаш ништо не се случило надвор од контрола и нормала. Добар тим сме, има доверба, забава, трпение, разбирање, еднаквост. Нема забрани, љубомори и напади и кратко кажано брак каков што треба да биде. Не совршен, него ок, нема од што да се пожалам. Големи проблеми сме немале. Јас си имам живот надвор од бракот, пријатели, работа, исто и тој, свекрви глупости со тоа немам проблеми се тоа се градски пристојни луѓе, а и не живееме заедно, ама немам поплака. Нормала. Пред некој месец решивме дека е време за дете и овие месеци се обидуваме. На лажниов профил сум направила толку убедливо да изгледа дека е вистинит, слики ваљда од некоја јавна личност од Чиле од којзнае каде, без шминка, па изгледа ко нормална некоја тукашна жена, тотално небитно, ама сум се потрудила, лудо дете )) И му пишувам на мажот ми демек да го заебавам малце, значи ни на крај памет не ми дојде да проверувам нешто зошто да ме убиеш во него бев сигурна дека нема шанса да ме изневерил или изневери, некако и смешно ми паѓаше кога ќе си помислев, не ми одеше тој со тоа. И пишав хеј како си. И ми врати добро, дали се познаваме? И тука филмови јас почнав да како мали мислам дека се имаме дружено, по презимето ми текна (презимето ни е ептен специфично) дека имав пријател со тоа презиме, мислам и моите и твоите се дружеле, ама ептен одамна бла бла, демек го заебавам. И ми пишува не знам можеби јас не се сеќавам. И толку, ладнокрвно како што и очекував и баталив, си читав пораки пак. И нотификација за порака од него. - Ама ако сакаш можеш да ме потсетиш и смајли со јазиче. Малце се збунив, ама ајде продолжив. Ќе ви го препишам цел разговор, тие битните работи, јас, т.е Милена лажниот профил и тој, тука со иницијали Д.П. Милена; Па не знам, мали сме биле не можеш да се сетиш, променети сме. Д.П: Па затоа потсети ме, можеш да ми пратиш слика кога си била мала (и пак тоа со јазиче) Милена: Немам баш слики, не ни седам често на фб, треба да барам, како и да е може и грешка сум. Д.П: Многу ми пишале од лажни профили, ама навистина приказнава ти е уникатна овој пат признавам. Милена: Молам? Немам потреба од лаги, само онака се вратив во детството и кога го прочитав презимето како во магла се сетив дека мислам дека сум се дружела со некој со тоа презиме. Д.П: Можеш да докажеш дека не е лажен профил, пример можеш да направиш селфи (упорен тој со тоа јазичето ебено) И викам ајде бе говедо сега и јас ќе си играм. И пошто имав многу слики, ама пријатели што би ги гледале, а тој нели не ми е и пратив една од нив. Д.П: Мислам ова ептен е јасно дека не е од сега, мислев на моментално селфи. Клик, сликај и испрати. Милена: Добро де не е моментална ама е од прееска, сега сакаш верувај сакаш не. Д.П: Добро, ајде да речеме дека ти верувам. И дека сме се дружеле како мали. И? И јас тука сега директ викам и ќе одиме на кафе да вратиме спомени да се посмееме. (А иначе сам е на профилна, ама има слики со мене низ профил.) Д.П: Опа директно. Само што јас не сум човек за по кафиња. (од кафич нема излезено) Милена: Па добро едно кафе ништо не менува, после ти пак биди си човек што не оди по кафиња. Тука нели смајлиља, јазичиња... Д.П: Јас повеќе преферирам кафе во кола. Милена: Какво е тоа кафе? Д.П: Во пластична чаша. ставаш пари во кафемат, тече во чашата и си го зимаш и влагаш во кола. Милена: Хахаха нема да ти се лути девојчето што ќе пиеш кафе во кола со мене? Д.П: Остави сега девојчето, со мене или со девојчето пишуваш... А и јас само враќам и поставувам прашања.Засега... (ЗАСЕГА) Тука се изгуби од фб, ваљда возеше накај дома зошто по 20 мин влезе дома. И јас се стаписав, ставам моб под гз и влегува, како си, идам јас да се туширам. По 3 мин: Д.П: 07? Милена: Ми бараш број? Многу лесна ситуација вака, јас сакам повеќе да се трудат околу мене. Д.П: А одма на кафе нели ме викна... (јазиче) Милена: Види, прво беше за презимето што се сетив, после муабетите ептен симпатично ми делуваш и затоа те викнав на кафе. Онака муабетче само, па којзнае (и јас тука со јазикот) Иначе не пишав се, има многу други муабети, нешто да скратам иако и ова е предолго. Д.П: Затоа најдобро е така, кафе, раат муабет во кола, така најдобро ќе знаеш дали сум симпатичен или не (скапаното јазиче) И излезе од веце, легна на кревет, јас на маса седнав и исклучив глас, и му пишувам па можеби си во право. Никаков звук не излезе од моб негов, никаква реакција, смирен, опуштен и пишува. Д.П: Сабота, 7, од каде да те земам. И јас викам што правиш, играм вика игра и врти моб, играта на екран, без страв да не пише оваа моментално да излезе, ептен кул, опуштено... Милена: Ајде утре ќе се договориме зошто правам сега нарачки за Авон. Добра ноќ, па се надевам се гледаме. И син и тоа. Денес е другиот ден. На работа сум, со тој профил отворен, грдо ми е ептен, шокирачки, како да живеам со странец. Сеуште не се уклучил на фб од вчера, па како ненормална чекам да светне зелено да видам дали ќе пише, што ќе пише и што ќе биде понатаму. Никогаш не сум била драма квин за да го договорам и јас да се појавам таму, така да тоа отпаѓа, а не знам дали ова е доволен разлог за сериозни работи да превземам. И тоа е мојата долга приказна, за некого досадна, за некого банална, за мене страшна, болна, шокирачка. Извинете, морав некако да кажам на некој, на нешто...
Насловов на темава, да си рече човек којзнае што шокантно ќе прочита. Ова јас ни во средно не сум го правела, не па возрасна жена во брак. Што совет бараш? Деактивирај го лажниот профил и терај.
Женска јавен профил е, секакви животи и луѓе не има, ми требаше некаде да кажам, нешто ми беше потребно, мислам дека не е на тато форумот за терај и деактивирај. Мене ми е шокантно, ако тебе не ти е терај слободно, милиони теми имаш што би те заинтересирале. И толку во врска со тоа.
@Elly Stann шокирај го и оди до крај. Ама претходно ,,разголи го,, до крај. Иначе, утре ќе негира, ќе се вади и ќе те прати будала , што е тешко подносливо. Вака едно ќе се разјасни - да си седи мирен ако му е дојдено до брак. Ако не му е - со време да си имаш во обзир. Ова е живот, не е заебанција.
Кога веќе сомнежот постои... треба да одиш до крај. Во спротивно ќе почнеш да се сомневаш во се што прави... Или пробува да дознае дали некој го зеза или ептен е заинтересиран за нешто надвор од бракот. Јас да сум во ваква ситуација би му закажала средба и ќе го чекам да видам дал ќе дојде, а ако дојде ќе му влезам во кола и тоа ќе биде крај за бракот... Штом тој доаѓа дома и така ладно си пишува а глуми дека игра игрици....
@Elly Stann Мислам дека знаеш каде оди разговорот. Ако си спремна терај до крај. Уште еден доказ дека не можеш да веруваш на никој.
Шпекулации и глуп дифолт на деца, ако си во брак, возрасна жена си во години. На 67 решивме деца да имаме. Секако. Како би го разголела? А јасно е по ова дека му е заебанција очигледно.
Аууу мажот ти ми личи на испраксиран во игриве, жал ми е. Договори средба и појави се со кафе у чаша... Понатаму зависи како ќе се договорите. Јас лично би размислувала за развод искрено, ова не е мал проблем ко шо пиша некој предходно. Да ми лежи некој до мене и у очи да ме лаже, без око да му трепне не е мала ствар.
Да тотално си во право, но не можам да се замислам да се појавам јас... Нека не ти биде жал, очигледно е и јасно тоа, само и разводот не е така едноставна работа...
Не е едноставно знам душо, но мора заби да покажеш со време ако премолчуваш, потешко за тебе ќе е. Прва опција кај мене е отворен брак ако сака.... Ако може да мрда на страна, можам и јас. Ако не му одговара и јас да се ебавам на страна, нека се прибере. Пак ќе речам, ова не би му го премолчила.
Не сакам да те разочарувам. Гледам дека си присебна, ама еве направи штик-проба:После некој месец закачи му се со друго име, да видиш дали ќе подлегне на провокации. ..па види дали ќе прифати. На ,,разголување,, мислев да одиш до крај и да се сретнеш со него. Нека му биде јсно дека не си глупава
Најдобро е тоа, да се појавам јас и да, да понудам таков брак. Мислам дека тука малце ќе заболи, ако и тоа не си го умислувам. Ако не за мене, за егото, жена му се дупи на страна... Само што пак ќе речам не би се појавила, ова излезе толку брзо, после толку време доверба и никаков сомнеж, збунета сум ептен.
@Elly Stann Женска, ти паднало на памет да не некогаш си му спомнала за лажниот профил и да знае дека си ти?
Како што кажа и сама, имаш живот живот надвор од бракот, пријатели, работа. Мене ми е тоа доволен мотив да оставам ваков гад. Маж ти со самото тоа што е мртов ладен веќе покажува знаци на социопат, барем јас така ги декларирам тие што свесно, ладнокрвно го прават тоа. Во ред е флерт, краток муабет (додека да се сети што всушност прави), но договарање средба од еден муабет? Освен ако знае за твојот лажен профил - било како дознал, па да те зеза. Дали некогаш си му го чепкала телефонот, или кога сте заедно да го отвара пред тебе и било што друго?
Јас на твое место би му пишувал уште, за да видам до кај ќе тера. Сега за сега со овие муабети немаш нешто за да можеш да збориш со него по темава. Терај до крај и известувај не тука за муабетите.
А како не му паднало на памет, затоа ја лаже не бе игра играм.... Овие испраксираните , опасни се, а и најдобри сопрузи изгледаат вака однадвор ако ги посматраш. Од искуство.
Терај до крај. Па ни срам ни перде. 10 години од животот не е ич малце, а и не му личи баш да враќа (дали лажни или не) на било која.
Не сега одма, причекај да се продлабочи ,,врската,, Неговото его со она ,,жена му се дупи на страна,, нема да се сруши зашто сепак ти се зае*аната страна. Тестирај го. Биди си мирна дома, не покажувај нервоза, ама еве за почеток побарај му го мобилниот за да видиш нешто... Дали ќе ти го даде ?
Iskreno, jas mislam deka mazite vo mk si izneveruvaat i toa po mnogu. Ako ti mislis deka ako se razvedes i najdis nekoj koj ne izneveruva, gadno si se zeznala. Ako mazot vidi prilika - ja prifaka. So taa izmislenata ke si pomini edna ili nekolku veceri i kraj. Na drugo mesto pisev deka mazite se poinaku kroeni vo vrska/brak seedno. Imas 10 godini pominato so nego i reshi da go proveris, znaci odamna te kopkalo dali e mozebi samo odlicen glumec pred tebe. Intuicijata ne zgresila. I sega imas izbor - razvod ili ednostavno deaktiviranjjwe na profilot bez toj da znae. Ako se razvedis - ke ti kazam sto da ocekuvas. Prvo, ti si kriva za razvodot. Vtoro - mozebi ke se vratis kaj tvoite i ke pocnat postojani prefrlanja zaradi razvodot (mozese da trpis deka te izneveruva i slicni muabeti). Treto - mislis deka ke bidis pozelna kaj mazite za druga normalna vrska? Potesko. Sovet - neka tera, brisi profil i ne odi potamu, oti zdabe e - toj pobedva, ti gubis vo razvod. Bez ogled na pricinite (razvedena sum - i znaev deka me izneverva, ama ne se razvediv zaradi toa). Brisi toj profilot i za da se ispanici - samo napomanyi mu ova bese lazen profil, zbogum jaka faco.