1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Браќата (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од gentle.girl, 19 ноември 2020.

  1. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    Дали некоја ја гледа серијава? Дали може на интернет да гледам наредни епизоди и на која страна?


    [​IMG]
    Приказна за двајца браќа кои се борат да преживеат во своите светови. Имаат различни амбиции, различни патишта. Единственото нешто што им е заедничко е Џемре, девојката во која се вљубени обајцата. Кузеј е многу енергичен, бунтовен, темпераментен, бестрашен, правдољубив и нетрпелив... Кога повеќе нема што да се каже, тој зборува со тупаници. Поради тоа, постојано е во некоја неволја уште од детството. Спротивно на него, Ѓунеј е смирена, трпелива, разумна и вредна личност. Настаните кои ќе го уништат животот на двајцата браќа почнуваат кога Џемре ќе се всели во соседството. Една ноќ се случува драматичен инцидент, којшто ги разделува двајцата браќа... инцидент за кој не се зборува... Сега семејството има една голема тајна со која мора вечно да живее... еден огромен и тежок товар врз плеќите на Ѓунеј... одмазда и опстанок на Кузеј... Тајна која ги разделува двајцата браќа, но исто така е и причина за нивно обединување... Приказна која има многу прашања кои чекаат одговор...
    https://kanal5.com.mk/brakjata/a445771
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Серијава се вика Kuzey Guney (Sever Jug - тоа се имињата на браќава според страните на светот), побарај ја на гугл на српски, сигурно ја има преведена.

    Јас ги фаќам само последните 10-15 мин на канал 5, океј е серијата, но не ми е нешто посебно добра за да ја следам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ајселче слуѓинка и во Браќата?
    Или халуцинирам :D
     
    На Lolli, Summerbaby, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    И јас истото си го реков вчера 8-|
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.242
    А што е со "тајната"?
    Сообраќајката ја направи едниот а лежеше затвор другиот?
     
  6. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Да.
    За да не му пропаднат соништата на брат му Ѓунеј, тој ја превзема вината. Со тоа сам си се уништи Кузеј. Не го примија во војска, не запиша факултет, не му даваат возачка ради казната затвор итн.

    Само мене многу ми е сомнително тоа што мајката се го брани и оправдува Ѓунеј, а Кузеј го напаѓа и кога не е крив. Овде има нешто..
     
    На tinka-mace и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.242
    А со малава Кузеј имал врска претходно?
    Или онака...детска љубов било
     
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Филмот е многу интересен и реален. Задржува внимание.
    Со ,,малата,, немал ништо порано, освен една сцена каде што за малку ќе се бакнат но Кузеј е многу заљубен во нејзе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Ја гледал некој да раскаже во спојлер што ќе се случува понатаму и како ќе заврши?
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.244
    Пол:
    Женски
    Гунеј ќе заврши во затвор, претходно ќе се ожени за плавата, богаташката,
    ќе забега на велико по пари и моќ, Кузеј ќе биде со Чемре..

    Серијата е стара, има 7 години сигурно како е снимана, ама мене оваа цвена никако не ми излегува од глава. Киванч се надмина себе си во глумата.

     
    На tace73, ane.bella, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило ^_^
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.244
    Пол:
    Женски
    Серијата беше бааги гледана. Ја не знам до каде е кај нас, а и одамна ја гледав дирекно кога одеше во Турција да се сеќавам на секој дел, ама со синхронизација гарант ја имаат уништено, и имаат кратено сцени.
     
    На cresa-jagoda и tinka-mace им се допаѓа ова.
  13. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    2011 е снимана. :)

    Туку, ме интересира, дали стварно Кузеј у Ѓунеј се вистински браќа? Не знам од кај ми дојде ова. :D кој ја има гледано нека каже
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.244
    Пол:
    Женски
    Да. Инаку за улогата на Ѓунеј, глумецот Buğra Gülsoy ја напушти серијата Која е вината на Фатмаѓул, и неговиот лик Вурал го убија на крајот на првата сезона.

    Глумицата Oyku Karayel-Bonomo која ја глуми Чемре, не беше баш убаво прифатена кај публиката како партнерка на Kivanc, особено зашто ова му беше прва улога после Забранета љубов, каде што глумеше со Beren Saat, и сите го идентификуваа како Белул..

    Во 40 тата епизода,( оригинал значи кај нас за година дена) Ферхат ( човек кој бил во затвор со Кузеј, а на кого Кузеј му го отсекол .. и сега му се свети) ќе го убие Али. Тоа беше направено за глумецот Riza Kocaoglu да глуми во Karaday..
     
    Последна измена: 24 ноември 2020
    На Lifelive му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Вчера фатив нешто....Овој Кузеј попладне носи на кафе една, до вечер се жени со друга што ја затруднел, ноќта на третата и се доверува по телефон, хаос....

    Ко за серија снимана од 2011 до 2013, не знам како толку популарна, а олку време и требало да стигне до тука.

    Туку нејсе.
    Зошто браќата се викаат Север и Југ (освен што е Северот плав, Југот црн, што сакал авторот да каже преку нивните имиња?)
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.244
    Пол:
    Женски
    Би се зачудила колку добри серии имаат што кај нас не се воопшто откупени. Така да немој да мислиш дека сериите кај нас одма доаѓаат. Кузеј и Гунеј се викаат зашто така се крстени, тие имиња се чести во Турција , а инаку мислам и дека се однесува дека карактерно се различни како Север и југ..
     
    На elimkd, ane.bella, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Знам за некои....И за оваа имав слушано од порано, ама сега кога ја прикажуваат, не ми задржува внимание некако.

    А за тоа север-југ, можеби има некоја фраза во турскиот јазик, како овде кога ќе речат вода и масло, не знам....
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.244
    Пол:
    Женски
    Мене ниедна не би ми задржала внимание да ја гледам со синхронизација.. Фала богу зборувам турски па превод не ми треба, а и има преведени на српски, на бугарски, на руски, на англиски онлајн колку ти душа сака.
     
    На cresa-jagoda и Аргентина * им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Канал 5 во најавата за наредна епизода ја раскажуваат целата.

    Турскиот јазик според мене е многу лесен, за брзо може да се совлада.

    Татко ми ми се жалеше оти на турски не ги пуштаат, сакал да научи :rofl:
     
    На 1234567890111234, elimkd, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.244
    Пол:
    Женски
    Па не е баш лесен. Има тешка граматика. Ама кај нас ги сечат епизодите. една оригинална трае 2 часа без реклами, оди еднаш неделно во ТР . Кај нас кај ги сечат на делови, кај кратат сцени. Ужасија.
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda и Аргентина * им се допаѓа ова.