1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Браќата (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од gentle.girl, 19 ноември 2020.

  1. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Ова е последна епизода?
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Шо ти праат комплекси од тинејџерските години. Ја нарекол некој дебил грда и му се закатанчи за цел живот. Во замок живееше, не сакаше таму за по овој да оди. Будала Џемре.
     
  4. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Ќе ми фали серијата;(
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Канал 5 барем да ангажираа повеќе гласови, ова во Браќата беше најпромашена синхронизација од сите серии што ги имам гледано. Кузеј на канал 5 звучеше како наратор, додека на турски тој и Џемре зборуваат ко недораснати. Ѓунеј и Ебру на македонски делуваа грубо, арогантно, а во оригинал тонот им е слаткоречиво-манипулативен. Бариш има секси глас, малце дрзок, на македонски го направија некако мек, пофин.
    Не дека беше скроз лошо, се труделе, но впечатоците од серијава ми се различни по гледањето сцени на нет. Подраматична и позабавна е на турски. Е сеа, коа почнав да набројувам, истата што ја синхронизираше Ебру ми беше таман како Ѓултен, ама ниту еден актер не е за секоја улога.
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Најдобро да ѓи даваат оригинал како што се со,текст превод, барем и турски ќе научиме
     
    На Аргентина * и tace73 им се допаѓа ова.
  7. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Или па радиодифузија да ги натера телеоператориве и телевизииве да направат софвтер, да можеш да си бираш аудио јазик и титлови. Така бабите ќе можат да си ги слушаат со синхронизација, а ние на турски со превод :)
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа секако дека е најдобро, ама нема да се случи. Мислам дека националните телевизии се законски обврзани да им понудат ангажман на македонскиве актери и поевтино е само нив да ги исплатат за позајмување глас, отколку да снимат програма во своја продукција.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се навлеков на серијава и сега ми е малку мачно дека заврши ;( :?:
    Ми текна што ќе правам кога ќе имам време, ќе ги гледам на интернет првите епизоди кои не ми се изгледани :sun:
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас не ја сакав Џемре се до последната епизода, кога увидов дека не го започнала таа сето што се случи, туку Кузеј. Ја сметав за маалска кокета која намерно заведувала двајца браќа, но девојката само била несигурна во себе, Кузеј ја повредил и сакала да му врати. Од играчки, плачки. Браќата имаа лоши гени, поточно лошо воспитание, и лошо и за неа што остана со еден од нив, Кузеј по неколку години веројатно ќе се претвори во татко му.

    Мислам дека Кузеј и Симај беа најкомпатибилен пар. Еднакво беа проблематични и се сплеткуваа со секакви луѓе, така и налетаа еден на друг. Он поранешен робијаш, таа проститутка во обид. Симај требаше да заврши во затвор или да умре во подрумот, а не да замине во Швајцарија со дебела отштета. Сега се сетив дека ја удри и Зејнеп по глава со камен. Симај е ко оние деца што кога просат, ако човек не им даде пари, го плукаат и се однесуваат агресивно. И физички така личеше :) Ко ќе ми текне дека на почеток ја оправдував.... до крај успеа да ме изнервира. На сите им работеше зад грб, сите ги предаде и за секое лошо што ќе го направеше се вадеше со тоа дека ја понижиле, а никако да сфати дека самата себе се понижуваше, другите само ја третираа соодветно.

    Ѓунеј изгледа од мн учење и читање книги се мрднал :rofl:, или некоја епидемија на лудило изби во замокот Синанер. Тој мислеше дека е многу паметен, а испадна обичен глупак како брат му (со таа разлика што Кузеј имаше нешто подобра душа). Ѓунеј кон никого и ништо немаше почит, ни самиот себе не се сакаше, не му беше гајле ни дали ќе умре, ни дали ќе оди во затвор, само гледаше некого да на**е.

    Сами се двоумеше дали да се смири со Хандан, но кога се свести што произлегло од нивниот брак, колку Ѓунеј го мрази Кузеј, одлучи да остане со Ајнур. Хандан ја криви пошто таа беше блиска со Ѓунеј. А Сами е всушност најмногу виновен, но жената полошо го помина животот од него, оти жена.

    Ликот на Зејнеп мислам покажа колку е клучна грижата на родителите, беше блиска со татко и и тој постојано се интересираше за неа како и поминале деновите, и даваше добри совети, па мислам дека Зејнеп поради него задржа образ и не направи поголеми глупости кои имаше прилики да ги стори и да се посрамоти како останатите.

    Не можам да се откачам....откажам од темава :(
     
    На Okica и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    477
    Само едно нешто не ми е јасно ? Каков психопат треба да биде човек за да има толкава омраза кон сопствениот брат , да посака да го убие? Нешто не беше во ред со него , божем образован ама не било се до учењето.Антипатичен ми беше цело време :puke:. Кога подобро ќе размислам во оваа серија и немав баш некој омилен лик :?:
     
    На Аргентина * и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Tој самиот се рани, пукаше во себе и заврши на болница, нема брат му да го жали. Ама прејаки беа тие последни епизоди. Се навикнав на серијата и на некои од ликовите и сега ми недостигаат. Ѓунеј беше подло ѓубре, но тој и Бариш направија да биде преинтересно на крај.
     
    На Okica и cresa-jagoda им се допаѓа ова.