Секоја граматика има свои специфичности и е тешка. Повеќето странци што дошле во допир со македонскиот велат дека е комплициран јазик. Мене ми се испостави лесен турскиот. Имам изгледано само неколку серии онлајн со титл и тоа не постојано, туку во голем размак и почнав да разбирам многу, а што останува секој ден да гледав серии на турски. Се дружев порано во школо со Турчинка редовно, криво ми е што не ја терав да ми зборува, ама дека повеќето Македонци бевме и така испадна. За брзо да го научам убаво, треба да замарам некој да ми го зборува....зашто преку разговор најдобро се совладува јазик.
Ми текна за насловот. Демек двајцата браќа тргнале во спротивна насока. Едниот има перспективи пред себе, се стреми кон поубав живот, полесен (сончево му е ко за југ) Другиот оди по потешкиот пат со многу препреки (север)
За сега девојката нај океј ми е од ситее мене.. не направи толку лошо колку што сите се против нејзе а и најубава ми е
Леле мене Симај ми е најодвратна од сите. Се надевам дека до сега го имате променето своето мислење за нејзе
Не гледам веќе. Не ни гледав уствари ама дур ја чекав јаболкото. После со полагања скроз ги заостанав сите со гледање и останаа така. Не сум у тек со оваа ич.
Ау неподнослива е, а не ја ни гледам серијава ама додека го чекам јаболкото доволно е. Знае некој што ќе се случува понатаму со Симај? Сигурно ќе прави сплетки.
Досадна серија. Не ми е јасно само како Бану се смеша со овие селски деца, испуштени од раце, нестабилни. Тие не се деца што се трудат, туку се преценуваат себе, све сакаат набрзина да им дојде. Таа Симај е стварно психопатка, ама за овие таква треба. Кузеј ми е одбивен лик.
Симај се претвори во одвратен човек после сите настани.Овој Кузеј кога имаше потреба ја бараше потоа ја фрлаше,детето,сега во брак тој по друѓи жени ,седи постојано сама и дома ,родителите и свртеа грб и така..а Џемре ми е лицемерна ,со двајцата браќа посакува и Зејнеп требаше пријателка да и е а таа тивко си отвара пат,купува подароци и слично.
Мене за Симај ми беше многу жал.. Кузеј ја ожени заради бремена што остана.. ама кога ќе го изгуби бебето е ја остави и ќе ја се уништи Симај. Инаку мноогу одамна ми е гледана серијата не се сеќавам на детали, како низ магла ми е. Ви препорачувам да си ја гедате онлајн со превод Видов како е синхро, она нема врска со оригиналот.. Гласот на Кузеј .. оф мајко мила.
Јас ретко ја гледам серијава, ама од она што видов мислам дека без Симај би било предосадно, таа ја внесува сета драма. Кузеј и Али се сељаци со тапија Ни Ѓунеј не чини, ама барем има амбиции, сака да се пробие, себе се гледа во подобро опкружување. И тоа е нешто. Онаа мајка им глупача, иритира. Џемре и Зејнеп, па може да се каже дека ме смеат, едната сакаше да биде глумица и заштитно лице на брендови , другата била многу баран дизајнер во Италија, затоа се врати во сиромашното маало Може грешка имам сфатено, ама таков впечаток ми оставија.
Сепак двајцата биле виновни за сообраќајката, Кузеј му го одвлече вниманието на Ѓунеј од патот. Го претставуваат како се жртвувал за брат му, а во суштина е драма квин, доброволно отишол во затвор само за да се оддалечи од Џемре, Ѓунеј и татко си. Кузеј и Џемре постојано го обвинуваат Ѓунеј за се, а самите не се ништо подобри.
Чекај.. ..ова некни не беше друга сообраќајка? Сепак Кузеј возеше и кога го лупнаа човекот на Ѓунеј му рече-сега дојде ред да ми вратиш, овојпат ти ќе лежиш..