Онаа трудна паднала од 3000 метри нмв и преживеала заедно со бебето. Такви серии не гледам. Ненормален е. Си бара драма, проблеми....Зошто Џемре била удрена, а тој смее Симај да ја тепа, па и оној другар му Али ја кубеше за коса
Мене ме изнервира сега што така и рече ма Џемре ем ја сака ем и вели дека неможат никогаш да бидат заедно, па ако си маж се ке направиш за љубовта а не така кукавички, очигледно се сили само
Затоа што беше во затвор и оттогаш му се уништи животот. Нејзе и на Ѓунеј не може да им прости. Му го упропастија денот, затоа вечерта се најде пијан во возилото со Ѓунеј кога ја направија сообраќајката.
Ќе ме убедиш и јас да ја гледам. Знам дека едниот брат е добар, другиот лош. Двајцата во една девојка заљубени мислам.
Помеѓу најдобрите турски серии е, некои работи опишани во неа се многу реални. Татко ми ми има кажувано за оригиналот, Rich Man, Poor Man, омилена серија му била. Таму мислам богатиот брат бил во главна улога, овде тепачот го направиле протагонист.
Во серијава ме нервира (да речам) тоа што Кузеј го прикажуваат како позитивен лик, а е подло створење во суштина. Откако ја легна Зејнеп, му здосади и ја откачи, башка мислам дека неслучајно ја одбра, нели Џемре беше девојка на брат му, па ајде овој со другарка и за да и се одмазди. И зашто Зејнеп има големо его, образована во странство, деловно квалификувана, не може да се помири што уличаров ја отфрла, па полека се претвора во Симај. Он кога почна да ја води Зејнеп на кафиња, не и кажа дека се жени, а и уште мислеше дека Симај е бремена. Ужасно ликче. Не знам како жениве се толку глупи да трчаат по ваков, искрено. Друга сцена што ми остана во сеќавање е кога и беше роденден на Џемре, Хандан си збореше сама со себе дека нејзиниот роденден сите го заборавија и овој ја слушна, а потоа отиде да бира подарок за Џемре како ништо. Можеше и на мајка му да и земе нешто. А мајка ко мајка, таа пак прва му честиташе роденден. Врие од токсична машкост серијава. И реално е опишано колку за никаде можат да бидат обичните луѓе, ништо подобри од оние на (пат кон) врвот кога се грабаат за пари и моќ.
Кузеј е ретко,добар лик.Многу е поштен,искрен и несака некого да вреѓа,ако нема повод. А таа бившата на Музеј,е многу покварена и себична.
Само мене ми се лоши ликови сите освен Симај... неавистина незнам Џемре како излезе како главен лик.Буквално паснивен идиот кој ги помина сите и глумеше лажно пријателство на Зејнеп ...