Не е. Сам на себе лошо си прави. Мисли дека е најпаметен од сите и дека ќе ги манипулира како сака, се по негово да биде. Лечи комплекси зашто е домазет и го нарекуваа машка Пепелашка, а со она воспитание од татко му, тоа не му требаше. Многу е интересна серијава
Зејнеп намерно го кошка Кузеј да направи нешто што не треба за да заглави, а се тоа суптилно, божем случајно се досетила да спомне некои работи или имала добри намери. Исто кажа дека е можно Венус да го удрила Бариш за да ја тргне од Бурак, а не дека и беше за Џемре. Поинтелигентна е од Ѓунеј, во секој случај
Така е кога не потекнуваш од богата и привилегирана фамилија, а сакаш да се пробиеш меѓу нив. Треба да останеш верно куче, во спротивно те бришат. Серијата има уште 10 турски епизоди.
Зошто Бариш вчера лежеше на тревата кога Бану дојде да му зборува дека Ѓунеј е убиец, дека него ќе го убие? Некој да ми објасни како се случи таа сцена? Уф, значи во понеделник да знам, да пуштам во 18.40. Серијава побрзо ќе заврши поради празничните епизоди.
Браќата има уште 2 турски епизоди, ништо чудно другата недела да заврши. Серијата е според мене доста поучна сега откако се вклопија сите парчиња во мозаикот. И немаше непотребни циркузијади, освен два-три момента ала шпанска сапуница, се потрудиле да остане инспирирана од вистинскиот живот. Главна порака е да внимаваш со какви луѓе фаќаш работа, како и да водиш сметка за сопствените постапки, оти се си има цена.
Ѓунеј (на инспекторот за Бариш): Човекот е сериски убиец, го уби Ферхат, го уби Сумер, сакаше да го убие Бурак, сега мене ќе ме убие. Имам психички пореметувања откако ме рани.
А Зејнеп па ја лаже кројачката дека Џемре била ослабена и да и ја стесне венчаницата, за да не може да ја облече Зејнеп и Ѓунеј се многу слични во карактер. Баш ме интересира дали полицијата ќе го најде Бариш до крајот, или се спаси.
Уствари, можеби нема да биде истиот ден, ама сеедно, Спојлер ќе се венчаат во последната епизода. Бариш изгледа нема да се појави, ц.