Spoiler Ќе умре Мекалистер на крај, во кома ќе биде долго време и Кити мислам ќе ги исклучи апаратите по препорака на докторите
Тоа е крајот, ама јас уште немам стигнато до крај со гледање. А до каде сме кај нас со серијава зато не ја пратам кај нас??
Еј, не знам да ти кажам, ниту јас одамна немам гледано кај нас, нека каже некој што гледа. Прочитав ти дека гледаш на Универзал, таму даваат само за викенд мислам, така што на Сител побрзо би ти одело гледањето сигурно.На Сител од август оптприлика почнаа, веројатно се некаде трета сезона.
Серијава ми станува се поинтересна и поинтересна. Многу ми се допаѓа тоа што случките што ќе се случат во епизодата, во истата епизода се решаваат. Нема многу тупуње и чекање со епизоди.
Да, токму поради тоа треба да ја даваат порано на местото од овие индискине,јас не знам дали некој нив ги гледа. Вака барем и англискиот колку толку може да се усоврши.Навистина
Страшно добра и поучна серија. На сител неможам да ја гледам од причина што времето е неприкладно, инаку имам изгледано една сезона и планирам да ја симнам цела серија од интернет. Вреди да се изгледа до крај... Нема да жалам за „потрошеното“ време!
Не можам да издржам без серијава, без разлика на тоа колку обврски имам и сл, кога почнува Браќа и сестри, јас сум си пред тв. Уживам. Сите ги сакам, сите ликови, САМО Кити - Калиста Флокхарт, абе женава ми е толку.. толку..толку антипатична (ова беше кажано у нејзин стил, не знам дали сте приметиле додека зборува повторува зборови, демек да звучи пореално, абе ) Омилен ми е Кевин. Ептен ми е срце, интересен лик, интересни гримаси прави..а и најмногу се пронаоѓам во него.. И овој новиов РАЈАН.
да не знае некој случајно како се вика песната што ја даваат во серијата пример кога ќе дадат на сител дека во толку и толку ќе се емитува серијата епа песната .
Колку што јас забележав вчера и завчера серијава ќе ја даваат уште денс.од утре ќе има некоја друга српска.Баш ми е криво,ама ќе си ја догледам на нет.
Не е фер убав филм, а престанаа да го даваат, остај тоа туку на негово место даваат некоја спрска серија што нема врска... п.с еинствен филм во кој хомосексуалците ми се многу слатки... Кевин и маж му се срциња заедно
И јас истото се нервирам, зошто воопшто почнаа со емитување ако ги немаа сите сезони. Ама затоа од турски серии човек не може глава да дигне. А колку поучна серија, и релаксираше.. Тоа е тоа..