1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брегалничката епархија забрани жени да скокаат по светиот крст

Дискусија во 'Религија' започната од Psychen, 19 јануари 2015.

  1. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    http://www.mkd.mk/makedonija/bregalnichkata-eparhija-zabrani-zheni-da-skokaat-po-svetiot-krst

    Неможев да се воздржам по оваа реченица: Во Светата црква се знае кој е глава на семејството, кој го „носи крстот“ и каква улога има жената“, изјави за ТВ Сител Никола Георгиев, свештеник во Брегалничката епархија.

    Дали ова значи дека нашата религија ја поттикнува и ја подржува нееднаквоста меѓу полловите, така јавно и експлицитно? ... -_- Каква сака нека е традицијата ова дефинитивно не е во ред.

    Незнам дали има тема за ова, дали воопшто требаше да направам, ако не е во ред слободно нека ја преместат или избришете ја. Поентата ми беше да слушнам ваши мислења за еден поактуелен настан што не афектира нас жените.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    @Psychen а може ние прво да слушнеме твое мислење за вака актуелен и потресен настан? Тој што ја отвара темата е должен да образложи, да даде свој став, а со тоа и насока на дискусијата.

    Еве, директно те прашувам: се сметаш лично за обесправена и навредена од изјавата? Два реда муабет од еден свештеник е еквивалент на "подржување нееднаквост на половите" од страна на, како што ти велиш, религијата? Што реално ќе направиш во одбрана на твоите права и достоинство?

    Или само по форуми "скокаме"?

    Лично мене, "фамозната изјава" не ме тангира по ниедна основа.

    И молам, ставот "ако не си со нас, значи си против нас" заобиколи го. Не е никаков аргумент за дискусија.
     
    На Hipster и galapce им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа да има на сите нивоа и полиња еднаквост меѓу маж и жена, до таа граница на нормалата ... кога се работи баш за религија конкретно и не сме обесправени воопшто , имаме право да се молиме и да одиме во црква колку сакаме ... е сега колку што знам од памтивек по крстот скокаат само мажи , не треба да се навредуваме и да мислиме дека со тоа сме обесправени и помалку важни во нашата религија и нашата вера. Каков хаос би бил кога би скокале и жените во вода , кога се знае од 2 ри век наваму скокаат само мажи , тоа не е за лутење воопшто , имаме право да бидеме во публика за време на фрлањето на крстот , имаме право да си наполниме осветена вода , да го бакниме крстот и слично , така да седете си на своите места и не барајте некои нови моди ,туку почитувајте ги правилата кои опстојувале од памтивек досега !!
     
  4. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Што се однесува до мене овој чин треба тотално да се забрани и за мажи и за жени. Не сме ние народ со таков степен на култура и цивилизација еден таков чин да го одбележиме достоинствено и како што доликува, туку за еден телевизор, блендер или ваучер доаѓа до масовна тепачка.

    Пола бараби и сељачишта тетовирани коишто не виделе како изгледа црква во нивниот живот скокаат за крст, па дури го прскаат владиката со вода ( како на пример денес). Ние тука не славиме традиција, туку дивљаштво за еден телевизор, а народот за една ракија е во состојба да убие. Таа малодушност и алчност да земеме нешто бесплатно всушност е и наша најголема клетва.
     
    На WORRIED.BT, friendy, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.555
    Жената во христијанската религија не смее да влегува во олтарот. Ниедна жена, никогаш не смее да влезе таму. Жена не може да биде свештеник.

    И покрај се ова, ти се фати за фрлањето во водата на Водици?! Актуелните настани треба да ве потсетат на основите, на причините, не само на настанот. Ако за тебе фрлањето по крстот е нешто што ја поттикнува нееднаквоста на мажите и жените во црквата, кој е твојот став по однос на олтарот?! Зошто тоа не те засегнало? Зошто владика не може да е жена?

    Верниците треба да знаат до каде можат, смеат и што е за коментар. Ова со фрлањето на Водици во водата во базен полн со мажи од страна на жена во костум за бањање мене ми е невкусно. Уште поневкусно кога жена се бори за еднаквост во религијата за баналност, фрлањето по крстот, наместо да ги види пошироките елементи каде жената не е еднаква со мажот.

    И да, овие дивјаци денеска не заслужија да се фрлаат во светите води (Оние кои го прскаа отецот). И затоа требаше да има веронаука во училиштата, не заради глупациве, туку за да научат да ги почитуваат сите религии. Баш би сакала да сум добар христијанин и да најдам простор во душава да им простам на имбецилите во Уставен, ама ете не можам. И затоа имаме неуки во религиите млади денес.
     
    На friendy, Teodora*, Marossa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Вo светaтa црквa се знaелo кoј кaквa улoгa имaл.. Јaс кaкo штo знaм oвa е пaгaнски oбичaј... А спoред oбичaјoт мaжи скoкaaт, истo кo нa пример штo зa сурвa мaшки oдaт пo куќите. Немa штo тoј дa мешa мaшки-женски улoги вo црквaтa, oвa не е ни христијaнски oбичaј..
     
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Otvorete na Wikipedia za Vodici I procitajte tamu ubavo si pisuva deka zenski Vodici e na 20. Na 20ti treba zenite da skokaat po krst. Toa sto kaj nas ne se organizira e dr rabota. Ocigedno ni popot ne go znae praznicite I adetite kako sto treba. Mnogu mi ste interesni koga glumite emancipirani zeni,a taka lesno manipuliraat so vaseto dostoinstvo I pravo na glas koga ke dojdat izbori.
     
    На okcenzi, LaraSolare, Kacjushka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.555
    Еве ти не глумиш, ти си еманципирана. Те молам кажи ми кога некогаш и некаде се организирало женско фрлање по крстот.
    И исто така кажи ми ја поврзаноста со политичките избори, жените и црквата, манипулацијата, а и како тоа, ти, знаеш повеќе религија од свештено лице со завршен теолошки факултет.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ако знаел попот како се празниците и адетите, немало да треска зелени од типот местото на жената е дома во кујната, а мажот е глава во куќата, туку ќе ја смирел тензијата ќе кажел дека на 20ти е женски Водици и ако има заинтересирани женски нека повелат нека скокаат по крстот. Еве и на wikipedia да си прочитате, еве ви линк оти очигледно не сте способни ни таму да отворите. http://mk.wikipedia.org/wiki/Водици
    Според мене не е проблем и на првиот ден да скокаат женски ако сакаат, оти нели се стремиме кон полова еднаквост, АМА после настанот минатата година кога МАЖ ФИЗИЧКИ нападна ЖЕНСКО што го фати крстот и ѝ го зеде, укажува на тоа какви животињи и селјаци, само не вистински верници скокаат по крстот.
    @Cka А за тоа како се манипулира со гласовите и колку во такви моменти се нееманципирани нека ти објаснат сите жени што се жалат и плукаат по власта, се до еден месец пред избори.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.555
    Фала ти, само те молам за уште едно објаснување - попрскување е исто во фрлање по крстот? Младоженци рекол Шапкарев? Да умрев немаше да знам. Попот зелени треска, Википедија попаметна. И фала за твојата огромна способност да дадеш линк, за нас, неспособните. Може и ние сме глупи како попот. Не отворил Википедија да се образова, глуп, на факултет отишол. Можда на Фон завршил.

    Инаку, многу добро знам за избори, учев тоа, ама што имаат врска изборите во фрлањето на крстот и жените, прашав. Ти ги спомна заедно, еве објасни ја поврзаноста. Многу ми значи твоето детално објаснување за силната врска помеѓу Богојавлиение и, еве парламентарините избори. Дали Бог се јави е поздрав на гласање?
     
    На Marossa и Daleron им се допаѓа ова.
  11. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Не ги прочитав сите мислења ама да се изјаснам за тоа што го барате од мене.
    Прво, сум против многу многу нешта. И ако мислам дека е ова е еден од тие настани каде повторно доаѓа до израз како религијата ја деградира жената во однос на мажот, ЕДЕН, може не толку значаен ама прочитав сега и решив да споделам со вас и да видам како вие размислувате. Тоа што сум решила да го искоментирам баш овој настан не значи дека немам став или ги игнорирам другите настани кои се случуваат или пак мисам дека тоа е во ред ова не. Има други теми на кои може да се зборува за тие други обичаи кои се дел од нашаата традиција, на оваа тема еве за овој. Нема никаква потреба да напаѓате.
    Пак ќе кажам, доколку мислите дека темата е неважна или пак нема потреба од дискусија, пак во ред е.
    Ме интересираше ова и прашав, тоа е се.
    Како тоа ми зборувате дека не можам да ги видам пошироките елементи од религијата каде жената е обесправена само поради тоа што сум решила за зборувам за еден мал обичај што се случува секоја година кај нас?? Јас можам да зборувам за многу работи, денес сакав за ова.
    Второ, што се однесува до ритуалот, да пагански е и не го сакам, но свештениците од христијанската вера го почитуваат.
    И да ве прашам вас, што ве загрижува тоа што жена не може да биде владика или свештеник мислите дека ќе успеете да го промените тоа кога во еден обичен адет како што е фрлањето крст во вода, не се дозволува жена да учествува?. И тука е мојата поента. Според мене прво се почнува од малите работи и потоа се прави патот до оние кои навистина се вкоренети и длабоко засегаат. Исто така треба многуууу време да помине.
    Искрено, не ја сакам воопшто религијата најмногу од таа причина - што ја деградира жената. НО, живеам во христијанско општество, моите родители се силни верници, моите пријатели се. Така што, ова што се случува денес околу мене да ме афектира. Не тоа дали јас утре ќе сакам да се фрлам во вода или не, и дали ми се допаѓа таа практика, е најмаку важно во споредба на она што го го праќа како порака - Каде стоат жените во однос на мажите. И ме револтира тоа што сите жени се чувствуваат навредено кога не можат да имаат право да бидат свештеник или владка(почитувана и моќна позиција), а кога станува збор за останати работи пример како оваа тогаш воопшто и не е важно што тоа е така, бидејќи зошто некоја би сакала да се фрла во ладна вода на минус степени а? ...
    Тоа е исто како кога ќе слушнам вие жените што се борете за феминизам зошто не се борете или не сакате да ги промените работите за они кои работат во рудници или некои други слични позиции. Можеби јас не сакам да работам во рудник. но ќе се борам за да имаме право. ТОА Е ЕДНАКВОСТ. Не е еднаквост да се бориш и да го креваш гласот само тогаш кога на некој му годи.
     
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Смешно е да се бара еднаквост во најнееднаквата средина како религијата?
    Жените да бидат архиереји. папи како и влегувањето во олтар.
    Религијата е слободна волја - веруваш или не веруваш во книга од пред многу години во кои работите се одамна застарени и сметани за традиција. Жената во православната религија е поттчинета, а утопија е да се верува дека тоа некогаш ќе се промени бидејќи е невозможно, освен ако имате временска машина и да се вратите назад кога ја составувале Библијата.

    Значи религијата е место каде нема можност за менување на улогите, на жената и е важно да има еднакви права во општествениот живот, се` друго е прашање на избор. Можете да бидете будисти, православни, муслимани, но морате да ги имате правата како жени на било кое општествено поле. Трагедија е кога религиозниот закон е сметан за општествен закон што не е случај со православните и католичките држави.
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    1. Судска пресуда донесена од граќански суд не се коментира. Исто така н не се противи на одлуката на еден владика, во границите на неговата епархија. Надвор од границите на таа епархија, одлуката не важи.
    2. Лично мене оваа одлука на вл. Иларион која важи само за територијата на Брегалничката епархија (Штип, Свети Николе, Кочани, Делчево, Виница и Пробиштип), не ми се допаѓа. Зошто? Затоа што вадењето на крстот од осветените води не е ни догматски, ни канонски чин, туку е само црковно-народен обичај кој е влезен во чинот на Големиот Водосвет, кој се извршува на Водопост (Нејатка) и на Богојавление - Нејатка. Во тропарите кои ги пееме и во молитвите кои ги принесуваат свештениците на големиот водосвет, нигде не се спомнува ни фрлање по крстот, ни машки ни женски пол. Ова е исто со тоа што се случува во Струмичката епархија, во која надлежниот епископ, вл. Наум, сака на секој начин да го отфрли црковно-народното празнување на Бадник. Но, оваа одлука во границите на Брегалничката епархија, мора да ја почитуваат оние кои се сметаат за верници.
    Гласот Господов над водите повикува: Пријдете, примете сите дух на премудрост, дух на разум, дух на страв Божји - јавениот Христос.

    Денес се осветува природата на водата и Јордан се разделува и со своите води ги враќа струите (го менува текот), гледајќи како Владиката се крштева.

    Како Човек си пришол на реката Христе Цару и робовско крштение си благоизволил да примиш Благи, од претечевата рака, поради гревовите наши, Човекољубче.

    Кон гласот на оној кој повикува во пустината: „Подгответе го патот Господов“, си пришол Господи, примајќи робовски облик, крштение просејќи, а грев немајќи, те виде водата и се исплаши. Трепереше Претечата и воскликна: „Како да се просветли Светилникот на светот? Како рака да положи робот на Владиката? Освети ме и мене и водата Спасителу, Кој го земаш гревот на светот“.
    3. Дека оваа одлука не важи секаде, доказ е и тоа што во осветените води на Преспанското Езеро, каде што крстот го спушти владиката Петар (кого го сметаат за најголемиот непријател на феминизмот како движење, а не на жените) имаше и една жена.
    4. Водици е Господов празник, а Господовите празници најчесто траат неколку дена, па така и Богојавлението-Крштението Христово трае 8 дена, до 27.(14.) јануари. Првиот ден е главниот празник, а потоа следува празникот посветен на оној кој ја имал главната улога во крштението, а тоа е светиот Јован. Во народот (о патријархални убедувања :) ) се појавила традиција да првиот ден од празникот се нарекува машки Водици, а вториот ден (Собор на свети Јован) - женски Водици. Сепак, тоа не значи (ни според народната традиција) дека првиот ден треба да празнуваат само мажите, а вториот ден само жените.
    5. Во Русија постои традиција да не се фаќа крстот, туку верниците се капат во замрзнати фазени со крстовидна форма. Во Ерусалимската Патријаршија крстот се врзува со конец и свештеникот три пати го спушта и сам го вади од водите. Во Белград има трка по крстот...
    6. Сепак најважно е да појдеме в црква, да ја ислушаме светата богослужба и потоа да си нацрпиме од осветената вода, која на овој ден се осветува и која е втора по значење светиња во Црквата. Прва е светата Причест. Со осветената вода од овој ден, само на првиот ден Водици пожат да се попрскаат домовите на христијаните и да се измијат. Веќе од денеска таа вода се пија само кога постиме строг пост на гладно срце (оние кои држат тримир, пред да почнат да јадат прво се напиваат богојавленска вода) и кога сме болни. Од денеска со оваа вода не прскаме и не се миеме. Истата може да се чува повеќе години. Оние кои не смеат да се причестуваат (поради епитимија) можат по постот кој би го држеле за причест и по исповедта да земат богојавленска вода.
     
    На friendy, НаталиЛили, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Малку надвор од темата, ама може ли кај нас некој настан да се одржи како што треба? |(
     
  16. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Скокањето по крстот нема никаква врска со Христијанството!
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    ВелгошЧка работа. Ни прв, ни последен пат да го направат жива вода попот...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Македонците воопшто не се религиозни како народ. Ние сме повеќе комунистички тип верници, т.е. посетуваме црква 5 пати во година, ги славиме само најбитните празници, а тоа е највеќе поради традицијата да се јаде, пие, забавува што е сосема спротивно на учењето. Црквите зјаат празни, во многу цркви со месеци немаат ни крштевка на дете, младите воопшто не знаат ништо за својата религија освен за пиење, јадење и забавување со турбо-фолк музика.

    Ние сме народ емоционално и духовно празни, роботи на капитализмот, деца на Сатаната. Затоа и доживуваме секаков колапс како нација и држава. Никогаш и нема да бидеме подобри, туку ќе одиме само надолу. Западот дефинитивно погреши што ни дозволи да имаме држава, затоа што потфрливме колективно.

    Робови сме на својата потсвест, потчинети сме на своите мали амбиции, живееме во паралелен свет дека други ни ја кројат судбината наместо да признаеме дека колективно потфрливме. Не ги оправдуваме нашите постари генерации

    Културно сме потчинети, а штом си потчинет културно е полошо од илјада физички ропства. Тука нема слобода.

    Ниту илјада фрлени крстови, илјада нови цркви коишто се отвораат само попови да ги посетуваат (затоа што и онака ќе зјаат празни) нема да не спасат од сопствената мизерија, затоа што сме мизерни самите по себе.

    Тоа е тоа, во државата најголем проблем е тоа што женски не скокале по крстот, а не тоа што нивни деца утре нема ни да скокаат по крст воопшто и ќе бидат културни и физички робови. Не сме ни заслужиле подобро.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Интересна дискусија се разврзала.

    1. Имаше и жени коишто се натпреваруваа за крстот.

    2. Искрено повеќе ми се допаѓа и пологичен ми е обичајот попрскување и капење во осветената вода отколку каков и да е натпревар. Мислам, во поглед на тоа како јас ја сфаќам верата. Поважно треба да е тоа што си можел да се допреш до таа осветена вода, отколку да го фатиш крстот. А инаку како некоја традиција го почитувам.

    3. Мислам дека посетеноста на црквата многу зависи од населеното место и неговата густина на населеност, како и степенот на православно население. Можеби никогаш не сме биле верници коишто знаеле буквално се` она што треба и како треба.

    Но, според она што јас сум го забележала, не би било фер да ги поистоветам денешниве со верниците од она друго минато време, затоа што мислам дека оттогаш досега не постои период во којшто нашиве луѓе повеќе знаеле и се интересирале за обичаите и како е правилно од сега. Кога и да сум отишла на служба, црквите биле полни. Не зборувам за празнични денови, напротив, за поголемите празници почесто сум била со семејството отколку ли во црква, признавам. А можеби и јас сум имала таква среќа да одам во најпосетените цркви, од кај пак да знам јас.
     
    Последна измена: 22 јануари 2015
    На jacqueline.s и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    секој има свое право жената ако сака да скока по крст ке скока бог е еднаков пред сите тој не ги дели лугето а кои се пак мажите да одлучат дали да скокме или не ова е чиста дискриминација ништо повеке...страмота