Кога веќе сме надвор од темата... А оти е лошо да си атеист, а позитивно да си верник? Па и обратно. Колку една држава и еден народ напредува не е до религиозноста, туку до способноста на лидерите, водачите што управуваат со таа држава, па и до самиот менталитет на народот. Денеска религијата се охрабрува, а ете за време на Социјалистичко уредување Југославија била потиснувана на пример. И кога подобро се живеело? Кога бил позадоволен народот? Кога повеќе се ценеле моралните вредости? Кога бил повисок наталитетот? И сето тоа после светска војна. Се разбира дека имало и некои дупки во тие политики ама сепак.И тоа не било поради потиснувањето на религијата, не било ни до толку заради општествениот систем, туку заради успешните политики и способен владетел.
Темата е предолга за дискутирање на форум. Но најкратко и најлесно ми е ставот да го искажам преку коментар за видеово. На видеово гледаме колку е овој обичај мајмунска работа за луѓе кои се занесуваат дека се верници, особено во последните години. Не го почитувам конкретно овој тип на "прославување" на празникот и сметам дека е крајно нехристијански. Од друга страна, дури и да се има желба од страната на свештените лица да не извадат на прав пат со правилно славење и почитување на празниците, премногу сме незрели како народ за такви драстични промени. Во глобала, сите религии се полово дискриминирачки. Сепак имајте на ум од кога се почетоците на религиите и какво било општеството во тоа време. Кога би почнувало христијанството денес, верувам дека би било сосема друга приказна. Има премногу криви дрини, што можеби и не треба да ги исправаме. Едноставно така е како што е, и нашите опции се да прифатиме или да се оградиме од тие правила. Колку е сменето општеството од тогаш до денес? Сепак, растеме и се развиваме постојано и тоа не се случува преку ноќ. Лично јас, сум верник, но не сум христијанка "by the book" .