Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена и сама

Дискусија во 'Бременост' започната од cataleya17, 22 ноември 2021.

  1. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    @cataleya17 да си го родиш бебушот.
    Воопшто да не те загрижува фактот што немаш маж покрај себе,без мажи и те како се живее,посебно без такви неодговорни.
    Имаш фамилија позади себе која те подржува и ќе те подржува.Бебушот ќе има се,пред се мајка која кога ќе го донесеш на свет и те како ќе бидеш многу похрабра за сите животни одлуки и многу работи ќе ти станат појасни.
    Не заслужува воопшто после се да му дадеш шанса.

    Имам слична приказна во најблиска фамилија ,дечкото сега веќе е 4 г.,среќен,исполнет и ништо не му фали.Дури дедото и забрани на ќерката(се разбира и она исто сакаше) да го пише неговото име како татково.Гордо чекори низ животот сама и навистина се гледа дека е среќна сама отколку додека беше во врска со него,со човек кој нема доверба во тебе.Ако ја нема сега,нема никогаш да ја има.

    Со среќа,имаш голема подршка.
     
    На Cold.E, sj *O*, Mikha4 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Од аспект на мајка би ти кажала да го задржиш, нема поголема љубов од сопственото дете, тие ти даваат сила се да издржиш и пребродиш.. A од аспект на таа што сум била на 22 години, да сум била во таква ситуација на тие години мислам дека би абортирала.. Сепак одлуката е твоја, размисли за сите предности и недостатоци кои ги имаш од опциите, па ќе донесеш одлука. Што и да одлучиш најважно е што имаш поддршка од твоите, а поддршка имаш и тука од нас. :inlove::inlove:
     
    На sj *O*, Осе, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Чим е планирано и го сакаш бебето задржи го, батали го вереникот што ти рекол, тој не ни заслужува да биде утре татко на тоа дете, а ти ќе добиеш нова смисла на животот со бебушот.
    Тоа дете расте во тебе и само ти си таа што треба да одлучи што сака.
    Ти посакувам среќа и со лесно до крај на бременоста. Верувам дека ќе бидеш многу среќна со бебето.
    Секако не е лесно, ама таа неизмерна љубов што ќе ја добиваш од бебето ќе ти дава сила и храброст.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, ivance.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ти треба сама да одлучиш што ќе правиш.
    Ти ќе живееш со последиците од одлуката, не ние.

    * втор пат го давам советов во 10 минути
     
    На Stressed Out, JoyJoy, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Душо. :hug: Верувај дека не си сама. Минав низ истото пред неколку месеци, само што моето не беше планирано. Господинот расне секој ден веќе 3 месеци, ми се смешка, го сакам повеќе од се` на свет. Да не беа моите да ме поддржат, искрено, до сега ќе бев во некој ендек, е до толку бев скршена. Да не ја раздолжувам тука, слободно пиши ми во приватна порака, ќе поразговараме за се`. :l:
     
    На MissBreezy, Autumn Love, Anaksunamoon и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Штом си го сакаш мој совет е да си го родиш, Ако направиш грешна одлука и го абортираш а го земаме во предвид фактот што сакаш да го родиш подоцна можеш да се каеш и да донесе таквата одлука страшни последици по твоето ментално здравје. Штом си вработена и имаш подршка од твоите роди си го и биди среќна на малото ангелче што ќе си го добиеш.
    Таткото на детето ќе има обврска и алиментација да му дава, за потребните процедури во таква постапка и се што е поврзано со правен аспект ти стојам на располагање и можеш да ми се обратиш во секое време.
     
    На sj *O* и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.350
    Пол:
    Женски
    @cataleya17 да си го родиш.
    Имаш поддршка од родителите а ти си го сакаш бебето.
    Копукот батали го.
    Уживај во бременоста сега:inlove:
     
    На EuHenIa, sj *O*, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. cataleya17

    cataleya17 Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу за сите одговори, на повеќето и плачев додека ви ги читав, мислев дека само мене ми се случува ова, но не сум била единствена. Уште незнам како се користи странава и пробувам да ја сфатам, но само сакав да слушнам мислења од други жени и девојки што е исправно,затоа што јас повеќе незнам.
     
    На Klarijana, sj *O*, tina2018 и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Крени глава и само гази напред со беба заедно, ќе видиш што е среќа:sun: :l:
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Sakura и 3 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.352
    Пол:
    Женски
    @cataleya17 штом ти го сакаш бебенцето , воопшто не се двоумиш . Особено кога ја имаш поддршката и љубовта на твоите родители , а и си вработена .
    Што се однесува до вереникот .. ти најдобро знаеш дали заслужува тој втора шанса .

    Се најдобро ви посакувам , од срце .
     
    На sj *O*, Knizhevnik11, ivance.. и 2 други им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Јас да бев на твое место, кога имав 22, ќе го абортирав макар и да умрев на абортусот. Ни под разно немаше во тоа време да родам бебе од некој кој не го сака (пошто кажал да го абортираш значи не го сака) и кој толку лесно би се откажал од потенцијалното семејство со мене. Би сакала после него да почнам од ново, а си се знам каква сум и не би успеала со бебе. Ама тоа сум јас, а ти си знаеш за тебе. Ако си спремна животот да ти го отпреврти тоа мало човече кое го носиш, зашто откако ќе го родиш ни одењето во тоалет веќе нема да ти е исто, тогаш роди го. Го сакаш, имаш поддршка од твоите, работиш…ок, роди го.
    Само не раѓај го како уцена према таткото и со надеж да се смириш. Роди го и почни од нула, само ти и бебето.
     
    На Lady D ❤️, cresa-jagoda, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Chickadeer

    Chickadeer Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски

    Јас нема да ти кажам што е правилно што не но ќе ти го споделам мојот случај. Имам 32 години и веќе имам две деца. Останав бремена со трето коешто за несреќа беше вонматерично и немаше срцева реакција до 11 недела. Требаше да бирам меѓу да се пуштам природно кога тогаш или да абортирам со таблета. Го одбрав второто и ме задржаа во болница три дена чисто за да ме следат колку ќе крварам. Само да напоменам дека не живеам во Македонија. Целиот процес беше многу брз и физички безболен,но не можам да ти ја опишам душевната болка и колку после 15 месеци уште не можам да си дојдам на себе поради траума шо не можам да ти ја опишам вака во коментар. Инаку мене бебето не ми беше планирано,макар шо ми беше посакувано,но никогаш не беше дискутабилно тоа дали ќе го раѓам или не. Веројатно,Горниот имал други планови за нас.

    Разговарај со таткото на бебето и со лесно во одлуката.
    Ти си силна и не го заборавај тоа никогаш. Те гушкам.
     
    На Sakura, CrazyGirl15 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    Мајка на бебе вонматерично :hug:, стварно боли. Еве ме и мене со такво искуство од пред 4 години. Прва бременост.
    Кај мене пукна јајцеводот ноќта по полноќ. Ме разбуди болка чудна горлива, мислев слепото црево е.
    По некој ден открив.
    Во болница по операција не можев да се запрам од плачење. А пред операција во разговор со докторот, едвај чекав да го исчистат, да бидам во ред.
    Кај мене најверојатно растеше до одреден месец, ми рекоа неполни 2 месеци било, измерено беше 10 цм. Што му се случило при пукањето, сигурно се умртвило, ама како изгледало, не прашав, сега се прашувам ама доцна е..
    Си имам сега 20месечно дете.
    :hug:
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    Да сум била јас во твојава ситуација на 22 год 99% ќе го абортирав.
    НО тебе ти било планирано и посакувано бебе, не гледам зошто би го абортирала ако имаш поддршка од семејството.
    На тие години ако имаш поддршка од дома, не ти треба таков копук како него.
    Никогаш да не му дадеш ни да го види а не па днк да прави. И никако запишување како татко..
    Не е негово и готово. Не е крај на светот, ќе си најдеш друг што ќе ве сака и двајцата неизмерно.

    Да кажеше дека не го сакаш, тогаш ова од погоре не би го пишала.

    Сепак, ти си знаеш најдобро.
     
    На Lady D ❤️, cresa-jagoda, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    Роди го, абортус според мене е решение само кога си бремена а немаш пари да го чуваш, кога имаш под 20 години, вака чим го сакаш, имаш пари да го чуваш, ќе си земаш и помош од државата како самохрана мајка 10 000 секој месец плус породилно додека е мало бебето, ќе ти помагаат твојте, после
    ќе си оди во градинка, па школо, брзо се ќе помине, додека да трепнеш веќе на факултет се запишал/а.
     
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Му го среди животот ти на малото, супер. Се поминува брзо од далеку.

    Каква е таа помош од државата секој месец по 10.000? И до колку год на детето ја даваат (иако мислам дека не даваат)?
     
    На Sofi.ja, cresa-jagoda, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    Па самохрана мајка ако е, ќе и даваат, и следува за детето..
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Ама кажи ми нешто повеќе за тоа. Еве јас живеам во Мк и не сум чула.
    До колку години на детето ја даваат?
     
    На sj *O* и violetblue им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Даваат на самохрани родители, ама мислам дека не треба да е во работен однос родителот, а вака не знам дали следува бидејќи девојката си има работа.
     
    На cresa-jagoda, sj *O* и Emy867 им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Затоа и прашав.
    Оти не сум слушнала за ваква поволност секој да го следува, вработен/невработен.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.