Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена и сама

Дискусија во 'Бременост' започната од cataleya17, 22 ноември 2021.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    Мислам не требаше да има ни имот на свое име и да не е вработена.
    Инаку работоспособна мајка зошто би земала толкава помош?
     
    На tina2018, sj *O*, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Абе оти да не зема... Наместо да се врати кај своите (како што е во 99% од случаите овде), ќе си изнајми стан за неа и малото.
    Ама таква помош во земјава и по 100год дали ќе постои.
     
    На tina2018, sj *O*, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Тие досега смирени се, вие уште совети давате.
    Ко да не знаете како е на 22 години.
     
    На edna_malecka, le.soleil, tina2018 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.350
    Пол:
    Женски
    Ама оти бе отиииии :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На edna_malecka, jarec6, TeddyGrey и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    И со тие 10.000 има и да трга за цени денови.
    Реални да бидеме тој што има бебе,дете знае дека си носат богами малце поголем финансиски товар . Јас со две бебиња месечно само во аптека давам 15.000 ден. Каде се останатите трошоци?
    На 22 не можам да се замислам да сум била мајка,тие години не ги сметам за девојка која треба да носи животна одлука,бебе невино е во прашање.
    Од друга страна сум мајка,од кога ги добив нив сфатив која промена ја доживеав во животов.
    Но твојата одлука си е сепак твоја
    Не е лесно да гледаш дете особено сама. Но не е ни малце лесно да се откажеш од тоа невино бебе
     
    На tina2018, sj *O*, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    Затоа што живееме во Македонија, социјална земја која што нема добар социјален систем.
    Зошто она да работи и да зема, а од друга страна има жени кои не работат па пак не можат да остварат право поради некој глуп член во законот?
    Во земја каде што за едните е мајка, а за другите маќеа, не гледам зошто би работела и земала..
    Пак ќе речам, потребни се парите и добро би и дошле ама од друга страна гледаме луѓе кои умираат по улица..
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    Следува и на вработен, околу 10 илјади денари е месечно и се зема до 18 години на детето.
     
    На tina2018 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Јас реков сите без исклучок да земаат, на основ самохрана мајка, а не на основ вработена/невработена.

    Па и да не се 10.000, нека се и помалку, ама нека има некоја помош. Како и да е, нема, а нема и да има за брзо.

    @нина122 де да видам закон нешто, некаде каде што е запишано ова? И како само ти знаеш дека постои, никоја друга не знае...
     
    На oblace1 и tambelina им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    Побарај закон ако најдеш, јас имам блиска личност во близина која зема, нема имот на нејзино име, ама вработена е.. Следува на деца чие родителско право го врши еден родител..
     
  10. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    https://www.mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-detski-dodatok.nspx

    @Emy867 Станува збор за детски додаток, меѓутоа не е баш така 10.000 ден за секој. Си има услови што треба да се исполнат, а еден од нив е висината на примањата.
     
    Последна измена: 24 ноември 2021
    На Snowflake97 и Emy867 им се допаѓа ова.
  11. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски
    Знаеш кој услови треба да ги исполнува за да има право на социјална помош? Не даваат на самохрани мајки,ова не е Германија и не ги “палете” девојките што се во ваква ситуација дека финансиски ќе имаат помош.
    Едно од условите е да е социјален случај, тоа подразбира да нема никаков имот на нејзино име, месечните примања од неа и родителите да не надѓинуваат одредена сум и уште многу други. Ова е социјална помош што се дава на луѓе од таа категорија, а не на самохрани мајки. Секој би родил без двоумење ако беше така. И не тврдете нешто што не сте сигурни дали е така. Второ, малку не е во ред во 12та недела да велите дека би абортирале на нејзино место. Ептен поддршка и дадовте на девојкава.
     
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.586
    Пол:
    Женски
    Ептен невкусен и непотребен коментар. Има секакви луѓе и без разлика на годините, има луѓе шо на 22 години се созреани, стабилни многу повеќе него луѓе на 32 години. Има и такви шо на 32 години се понашаат ко да имаат 18. Ако има 22 години не мора да значи дека е глупа или наивна па да се врати во токсична средина.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    И ти ако не знаеш, не збори, таа помош ја даваат на мајки, т.е на деца чиј родител е починат, или од некој ххх причини детето во документи има само еден родител, не знаеле луѓето, убаво знаеме, и ако не и дава државата, ќе си поднесе тужба, ќе мора да го признае детето и алиментација да плаќа таткото. Баш ти се знаеш, а и девојката на 22 години палати има на нејзино име сигурно, па нема да и дадат затоа што имала имот, и ова не спаѓа под социјална помош, туку под детска заштита.
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Во ред или не, сите си пишаа што би направиле на нејзино место. Јас да сум не би се мислела до 12та недела, а можеби таа си чекала зашто потсвесно знаела дека нема да абортира. Инаку, не се абортира до 12та недела? Не гледам што е спорно. Знам и за покасно што абортираат ама тоа е веќе друго.
     
    На Lady D ❤️ и deskarada им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Или пак днк тест и тужба ако не сака да дава пари за детето.
    Направил дете, а мајкава треба да се мисли дали давале додаток или не.
    Еве го тоа што го зборите.
    Да не надминуваат приходите нејзини и на нејзините родители повеќе од 21 080.
    Таа ако е вработена на минимална плата и еден родител да е на минимална, ништо од додатокот.
    Колку има да знаете мажи што се јавуваат на огласи и бараат да работат непријавени.
    Кога работев во претходна фирма, прво јас ги разгледував апликациите.
    Еден ми се јавува и ми вика Е што е проблемот, вие нема да плаќате придонеси за мене, и вас ви одговара.
    Мхм, и ти нема да плаќаш алиментација.
    Жени и деца, снаоѓајте се :)

    Screenshot_20211124-173745-1.jpg
     
    На crimson, tina2018, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Жити државата глупа, со глупи закони измислени само да те зезнат. Пу!
     
    На glosipgirl, tina2018, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  17. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски
    Леле дај прочитај се какви тужби какви приказни! Не и давај нереални совети кои што 99,9% не може да ги оствари! Ниту џа детдка заштита и слично, многу убави збучи да би било вистинито
     
    На tambelina и Emy867 им се допаѓа ова.
  18. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски

    Не, не знам дали и кога се абортира. Според коментарите ид лленките сфатив дека е веќе доцна и подлежи на ризик, па поради малку не држи советот “јас би абортирала”
     
    На sj *O* и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.350
    Пол:
    Женски
    А шо демек ако не е осигуран копукот, демек нема алиментација да треба да плаќа а?
    Демек чиста паричка за него, црно на бело се води ко невработен и за детето ништо м?
    Озбилно прашувам не знам како е.
    Знам дека алимемтација е третина од платата ама ако нема трансфер на трансакциска .... Како оди тоа?
    Се изнервирав :@
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Чекајте уште една смешка да ви покажам :rofl:

    Screenshot_20211124-175158-1-1-1.jpg

    Нина, да не промаши ти една нула со додатоков? :D
     
    На tina2018, sj *O*, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.